• Latest

Небензја: Скрипал не е закана, нема британски список

April 6, 2018
Конференцијата за обнова на Украина, 26 јуни 2026

Украина и во војна се обнова: На конференцијата во Гдањск се очекуваат договори од над 10 милијарди евра, Русија продолжува со напади врз цивилни цели

June 25, 2026
Вилен Темерјанов и знамињата на Кримските Татари и Украина

Вилен Темерјанов: Знаме на достоинството, глас што рускиот окупатор не успеа да го замолчи

June 25, 2026

Извештај на ДЗР: Се бележи раст на приходите, но и сериозни слабости во управувањето на АД МЕПСО

June 25, 2026

Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

June 25, 2026

Нашминкан отчет за раскантан систем: Што навистина кријат бројките на министерката Јаневска?

June 25, 2026

Случајот Јанушев: Државната комисија за спречување на корупцијата го проширува предметот за генералниот секретар на Владата

June 25, 2026

Изгубените 10 години од Брегзит, генерациската цена и бавното враќање

June 24, 2026

Отчетот на министерката за образование меѓу бројките без суштина и реалноста

June 24, 2026
Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски (фото извор: МДТ)

Денеска се промовира проектот „Везилка“: Центар за вештачка интелигенција вреден 6 милиони евра

June 24, 2026
Кривиј Риг, Украин, 23 јуни 2026 (фото извор: ДСНС Украина)

Продолжува рускиот терор врз украинските градови: Нападот врз Кривиј Риг однесе три животи, повеќе од 20 лица се повредени

June 23, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Небензја: Скрипал не е закана, нема британски список

April 6, 2018 10:13
in ВЕСТИ, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Поранешниот полковник на руската военоразузнавачка агенција Сергеј Скрипал не претставувал закана за Русија, рече рускиот амбасадор во ОН Василиј Небензја на синоќешната отворена седница на Советот за безбедност на ОН на која се дискутираше за труењето на Скрипал и неговата ќерка Јулија.

– Верзијата за инцидентот што ја шири Британија наведува дека Русија никогаш не му простила за предавство и одлучила да го елиминира. Во меѓувреме, совршено е јасно дека човекот не можел да претставува закана за Русија, рече Небензја.

Тој исто така нагласи дека Лондон против Москва води пропагандна војна без никакви правила.

Небензја додаде дека Скрипал  живеел во Британија од 2008 година и праша зошто Русија толку би чекала да изврши напад врз него, до пред изборите во Русија и одржувањето на Светското фудбалско првенство.

Небензја коментираше дека сосема се неморални сите споредувања на фудбалското првенство во Русија со Олимпијадата во Берлин 1936 на која, како што рече, за разлика од СССР, учествувале спортисти од Велика Британија.

– Главниот аргумент на британската страна – руското потекло на нервниот агенс се распадна на парчиња благодарение на изјавата на претставникот на британскиот воен истражувачки центар, рече Небензја.

Тој додаде дека има цела низа неразјаснети прашања, меѓу другото и тоа како е можно, ако е користен толку силен нервен агенс, Скрипал и неговата ќерка да останале во нормална состојба уште неколку часа додека полицаецот кој им помогнал веднаш ја загубил свеста.

Според него, единствено објаснување е дека веднаш им е даден противотров. Тој потсети и дека местото на нападот било неколку километари од центарот на Портон Даун каде се вршат истражувања на хемиско оружје.

Небензја исто така ги отфрли тврдењата на британскиот министер за надворешни работи Борис Џонсон дека постои список на прашања кој Британија и го доставила на Русија, додавајќи дека ситуацијата е сосема поинаква.

– Нема никаков список, ниту го имало. И се обраќам на британската страна, ако сакаат нека ги постават тие прашања, само немојте како прашања да наведувате обвинувања и барања да признаеме вина, а кои се кажани во духот на ултиматум, подвлече Небензја.

[divide]

Извор: МИА

Tags: Велика БританијаРусијаСкрипал
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ