Најновата анкета на американскиот институт НДИ, покажува дека Зоран Заев е лидерот со најголема подршка меѓу граѓаните, а коалицијата МОЖЕМЕ, на СДСМ и БЕСА, се победници на парламентарните избори.
На прашањето за наклонетост кон лидерите за Зоран Заев, 40% од испитаниците дале позитивно мислење, а исто мислење на Христијан Мицкоски давале само 28%. Меѓу албанските партии, за Зијадин Села давале позитивно мислење 17%, а Али Ахмети и Билал Касами имаат иста подршка, со по 15% позитивно мислење на истото прашање.
На прашањето за наклонетост кон политичките партии, за СДСМ 39% имаат позитивно мислење, а за ВМРО-ДПМНЕ само 29%. Кај албанските партии, БЕСА има поголем процент на подршка од граѓаните и тоа 17%, за ДУИ такво мислење имаат 15%, а за Алијансата на Албанците и Алтернатива, 11%.
На директното прашање, доколку изборите се одржуваат денеска, за која партија би гласале, просечната подршка за СДСМ и БЕСА е 24.8%, а за ВМРО-ДПМНЕ 21.2%. Само на ова прашање ДУИ има предност од другите албански партии со просечна подршка од 7.2% наспрем 5.7% кои се изјасниле за коалицијата Алијанса за Албанците и Алтернатива.
Анкетата е реализирана од Националниот демократски институт, Тим Институт и STARR OPINION RESEARCH во период од 12 до 21 Јуни, со 1213 испитаници. Маргина на грешка: +2,81%, Ниво на доверба 95%.
А. З.