• Latest
Добро утро со Орданоски

Не чиј е, туку кој е Ковачевски?

December 28, 2021
Руте: НАТО работи на одржување на стабилноста на Западен Балкан

Руте: Лудата агресија на Путин не успева, поддршката за Украина дава резултати

October 24, 2025
Фото: Скриншот

Макрон: Мора да продолжиме да ја зајакнуваме нашата воена поддршка за Украина

October 24, 2025
Општина Аеродром (фото извор: ФБ профил на Н. С.)

Министерството за здравство со препораки и мерки за состојбата со сметот во Скопје: Да се избегнува физички незаштитен контакт со отпадот

October 24, 2025

(ВИДЕО)🎙САМО НЕШТО ДА ПРАШАМ за расистичката изјава на советникот Темелков за Ромите во Неготино

October 24, 2025
Фото: украинска авбасадорка Лариса Дир / Х

Амбасадорката Дир: Нападите врз Херсон го одзедоа животот на 3 луѓе, уште 22 се повредени – меѓу нив и деца

October 24, 2025
People seeking aid in Gaza
Photo source: screenshot AP

Врховниот суд на ОН го осуди Израел за ограничувањата на помошта за Газа за време на војната

October 24, 2025
Фотомонтажа: D. Mi[ev/CIVIL Media. Фото од wikimedia commons

Лукоил – новите санкции на Трамп и неодговорените прашања на ЦИВИЛ

October 24, 2025

ЕК: Фејсбук, Инстраграм и ТикТок го прекршиле Законот за дигитални услуги на ЕУ

October 24, 2025

Анализа на содржина: Пропагандно амплифицирање на Орбановите пораки во „Канал 5“

October 24, 2025
Фото: Meanwhile in Ukraine

Роберт „Маѓар“ Бровди: Пред 69 години Унгарија смело рече „не“ на црвената диктатура…денес Орбан живее со искривена интерпретација на тие настани

October 24, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ

Не чиј е, туку кој е Ковачевски?

Ако во политиката говорот на телото нешто значи, би рекол дека на Ковачевски му е поважна целта, од начинот на кој ќе ја оствари, вклучувајќи ги и луѓето што ќе му го попречат патот. Имам чувство дека тоа ќе важи и за оние од неговата партија кои можеби планираат, откако ќе им помине „пост-трауматскиот стрес“ од заминувањето на Заев, да му го губат времето со внатрепартиски игранки

December 28, 2021 07:00
in ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ, ПОЛИТИКА, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Добро утро со Орданоски

Добро утро со Орданоски

Share on FacebookShare on Twitter

САШО ОРДАНОСКИ

Како што излеана река после поплава се враќа во својот вообичаен, средишен тек, така и СДСМ со кадровското реструктуирање на новиот претседател Димитар Ковачевски како да се враќа во подзаборавениот, некогашен партиски мејнстрим.

Со тоа и формално завршува „ерата на Заев“ во оваа партија којашто се карактеризираше со силниот личен печат што тој го остави врз функционирањето на социјалдемократите, а и државата, воопшто. После херојскиот подем од годините во опозиција и, по живот, ризичната фаза во освојувањето на власта од цврстата, автократска „прегратка“ на Груевски и неговиот режим, следуваа неколку години на компликувани меѓупартиски премрежија во собраниските „математики“ за постигнување непријатни компромиси по низа важни прашања, што доведе до историски пробив на Македонија и на самиот Заев во меѓународната политика.

За тоа на Заев му беше неопходна партиска екипа којашто, во најголемиот дел, лично ја одбра, прилично подновена од она што го наследи од Црвенковски: се вклучија повеќе луѓе од македонската политичка провинција (се разбира, бројни струмичани), повеќе претставници на немнозинските етнички групи (што, како епохален историски преседан, привлече и голем број нивни, особено албански поддржувачи на партискиот тикет), но и многу помлад и партиско-политички неискусен кадар, со голем бизнис-менаџмент ентузијазам. Тоа, велат упатените, ја сведе вредносната, идеолошка дебата во партијата на минимум, а харизмата и енергијата на лидерот – и неговите брзи „телефонски“ прсти – ги засенуваше повеќето сомневања дали баш сите политики се добро смислени и паметно спроведени. Шекеринска – и самата „икона“ во дел од партиската структура на СДСМ – слушнавме, имала сериозни проблеми со таквиот пристап, иако никогаш до ниво на отворен конфликт со Заев.

Паралелно, расклатено и по малку „пијано“, општеството демократски се консолидираше по неколку важни прашања, какви што се слободата на јавното изразување и меѓуетничките односи: денеска „мрчи“ кој колку и каде сака, а концептот за „Едно општество за сите“, иако практично недоквакан, стана општопартиска македонска мода како што своевремено ѕвонарките (со низок струк – бљак!) наеднаш ги преплавија светските бутици. Издашно ветуваната „правда“ заглави во непресушеното македонско правосудно и општествено реформско мочуриште, во кое корупцијата брзо сфати дека нема приоритетно да биде поразена.

Во тој напорен повеќегодишен политички маратон, со невообичаено бројни и исцрпувачко интензивни подеми и падови, Заев не го послужи и малку повеќе среќа: двегодишната пандемија ги скрати „крилјата“ на она што можеше да биде солидно економско и општествено опоравување, а Бугарија и Европската Унија се погрижија да му го зададат последниот, „мортален“ удар во неговата политичка кариера. Со доследната поддршка од неизбежната ДУИ како „нужно зло“ на секоја македонска владејачка софра.

Па, како што, потценет, Заев се појави „од никаде“ кога најмногу ѝ требаше на самата СДСМ, така нагло, можеби и преценет, заминува од партиската сцена кога тоа најмалку се очекуваше… Има разни „легенди“ за тоа дали неговото повлекување е импулсивно, дали е од надвор поттикнато или е внимателно пресметано, но таа историја допрва ќе се раскажува. Меѓу другото и од она што и како ќе го прави неговиот наследник, кого Заев „своерачно“ го промовираше со финалниот авторитет на својата политичка абдикација.

Елем, Димитар Ковачевски вчера го промовираше својот лидерски тим, „подновен“ со повеќе стари партиски кадри, „проверени раце“ од партиската технологија на социјалдемократите, со кои СДСМ „ќе се реорганизира, ќе продолжи да се демократизира и модернизира“. Времето е кратко, потребите се итни, а и информациите се штури, за да се процени кој сѐ кумувал во оваа кадровска „реставрација“, но впечаток е дека десетина од најважните луѓе од окружувањето на Заев одат со чувство на извесна изневереност во „предвремена“ партиска „пензија“.

Ако ништо друго, и самото тоа би требало да е знак за опозицијата дека навредливата квалификација „пионот на Заев“, со која цел месец се обидува да го дезавуира Ковачевски, ќе мораат што побрзо да ја сменат со некој нов вид на дисквалификација, нешто можеби помалку простачки, а што покомплексно ќе го опише нивниот гнев кон него, заради фактот што не успеаја со брз собраниски преврат да ја срушат оваа Влада од власт. Нешто што ќе го промени ритамот со кој СДСМ сака да продолжи да владее, без Заев.

Оти, Ковачевски остава впечаток на лидер на кого му се брза, кој нема да има време, ни преголема желба да се занимава со орнаменталната политичка „оставина“ на Заев. И самото полноќно промовирање на новиот раководен тим на партијата Ковачевски го направи рафално, како да чита реферат без ни една драмска пауза или трага од емоција, како да сака што побргу да помине низ таа формалност, за да се зафати со конкретна менаџерска работа.

Ако во политиката говорот на телото нешто значи, би рекол дека нему поважна му е целта, од начинот на кој ќе ја оствари, вклучувајќи ги и луѓето што ќе му го попречат патот. Имам чувство дека тоа ќе важи и за оние од неговата партија кои можеби планираат, откако ќе им помине „пост-трауматскиот стрес“ од заминувањето на Заев, да му го губат времето со внатрепартиски игранки. Не ми личи дека тој е подготвен да ја продолжи „другарче“-методологијата во спроведувањето на политиките, како што тоа шармантно го правеше Заев. Напротив, се чини дека кај Ковачевски ќе биде поважно исполнување на нормата, од ширење на социјалниот капитал. Наскоро ќе се занимаваме со дилемата не чиј е, туку кој е Ковачевски?

Како и да е, „агрегатната“ состојба во која сега се наоѓа власта ќе му остави не повеќе од 5-6 месеци временски простор на Ковачевски да покаже што знае и што може да постигне со партијата и Владата. Потоа му истекува „гарантниот рок“ за рекламации.

 


Сите права се задржани. Текстот е личен став на Авторот.
Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • EУ испрати порака, Мицкоски молчи – Андонов со жестока критика

    185 shares
    Share 74 Tweet 46
  • Поранешен унгарски разузнавач по неодржувањето на средбата помеѓу Трамп и Путин: Она што сега изгледа како дипломатски успех, на долг рок ќе се претвори во сериозна трагедија

    130 shares
    Share 52 Tweet 33
  • „На Ѓупците треба да им се забрани да гласаат“ – советник од десничарската МААК со скандалозен расистички испад во Неготино

    125 shares
    Share 50 Tweet 31
  • „Путин повторно го изигра“: Откажувањето на самитот во Будимпешта ја завршува фантазијата на Трамп дека ќе донесе мир во Украина

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Разобличување на „буразерската“ финансиска коалиција: Алта банка и „посвоената“ Стопанска банка – Битола во обид да го избегнат европскиот финансиски радар

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ