• Latest

Не е точно дека ракот ќе исчезне со конзумирање пет продукти

March 30, 2022
Фото: Rosneft.de

САД привремено ги ослободија од санкции подружниците на Роснефт во Германија

October 29, 2025

ИЗБОРНА ХРОНИКА: Кампањата финализира со нови ветувања, поддршка за кандидати, додека победниците ги верифицираат мандатите

October 29, 2025
Фредерик Лејдквист, директор на Стокхолмскиот центар за источноевропски студии (SCEEUS) во Шведскиот институт за меѓународни односи. Фото: Stockholm Institute of Transition Economics (SITE)

Фредерик Лејдквист од Шведскиот институт за меѓународни односи: Студената војна сега би била најдоброто сценарио

October 29, 2025

БОИШТЕ НА НАРАТИВИ: Руските хибридни операции во Северна Македонија

October 29, 2025
Војници на САД во базата на НАТО во Тапа-Естонија. Фото: Д. Мишев/Цивил

Романско МНР: САД планираат да намалат дел од трупите на источното крило на НАТО

October 29, 2025
Фото: МИА

ЕУ без консензус за Белорусија поради Унгарија

October 29, 2025
Руски извидувачки авион Ил-20 забележан од полските воздухопловни сили над Балтичкото Море на 28 октомври 2025 година. Фото: Оперативна команда на полските вооружени сили/X

Полски борбени авиони пресретнаа руски извидувачки авион над Балтичкото Море

October 29, 2025
фото: ВИ

Буџетот за 2026 под лупа: Фискална рамнотежа или нова зависност од кредити?

October 29, 2025

Директорот на Комунална хигиена поднесе оставка поради морални причини

October 29, 2025
Donald Trump, Xi Jinping
Source- Firstpost video screenshot

Разговорите на Трамп и Си би можеле да стават крај на месеците на глобален економски хаос

October 29, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДЕЗИНФО ДЕЗИНФОРМАЦИИ

Не е точно дека ракот ќе исчезне со конзумирање пет продукти

March 30, 2022 17:00
in ВЕСТИ, ДЕЗИНФОРМАЦИИ
Share on FacebookShare on Twitter

Без разлика на тоа што дел од намирниците претставени во написот можеби нема да предизвикаат штета по здравјето на болните од канцер, јавноста не може да се доведува во заблуда со тоа што ќе се каже дека ракот ќе исчезне само со употреба на неколку намирници. Како што пишува и Здружението за борба против ракот, „Борка“, ракот може да се спречи со правилна исхрана, но никаде не стои дека тој може да се излекува единствено со употреба на одредени намирници.

Објава на социјалната мрежа Фејсбук, која има стотици споделувања и коментари, тврди дека ракот ќе исчезне со конзумирање пет видови намирници. Оваа објава не е точна. 

Во написот стои:

Ракот ќе исчезне, ако ги конзумирате овие 5 храни, започнете уште денес. Ракот може да биде победен, ако ги вклучите овие 5 состојќи во вашето секојдневно мени! Петте продукти, изборени подолу, всушност се анти-ангиогенези и поради таа причина тие можат да помогнат во спречување на растот на ракот.

Понатаму следува набројување и краток опис на продуктите боровинки, малинки, кафе и зелен чај, темно чоколадо, домат и куркума.

Не постојат научни докази дека канцер се лекува со боровинки, малинки, кафе, зелен чај, темно чоколадо, домат и куркума. Не постојат ниту медицински факти, ниту научни истражувања, ниту пак искуства дека наброените намирници помагаат во лекувањето на канцер.

Што е канцер?

Канцер е општо име за група од 100 заболувања. Заедничко за овие болести е тоа што почнуваат со неконтролирано растење на абнормални клетки кои може да ги нападнат другите ткива и органи. Алармантно зголемениот број на дијагностицирани пациенти со канцер зборува за тоа колку е важен и раширен овој здравствен проблем. Токму затоа за негово лекување не смее да се објавуваат „чудотворни“ намирници.

Постојат повеќе видови на канцери кои имаат различен медицински третман.

Лекувањето на карциномитe главно зависи од стадиумот во кој се откриени, односно од проширеноста на заболувањето. Постојат неколку модалитети на лекување на малигните заболувања, а основните се:

  • Хируршко лекување
  • Хемотерапија
  • Радиотерапија (зрачна терапија)
  • Хормонска терапија
  • Имунотерапија

На официјалата веб страница на Министерството за здравство во областа онкологија, има 21 вида на третман за лекување на различните видови канцер.

Третманот за рак може да се менува според некои различни околности на случајот. Видот на рак, фазата во која се развил, други фактори во телото на пациентот и медицинските средства што се нудат во установата за лекување, можат да придонесат во избраниот начин на лекување кај случаите на рак.

Знаеме дека борбата против ракот може да биде најтешкото нешто со кое што некој може да се соочи. Тоа е 24 часовна работа што може да ги исцрпи мозокот и телото. Во текот на ова тешко патување, за успешни резултати потребно е многу упорност и посветеност. При лекувањето на ракот најефикасни решенија се добиваат со примена на мултидисциплинарниот пристап. Од големо значење при дијагностицирањето и лекувањето на ракот е консултацијата меѓу лекарите од различни области и бара нивна блиска тимска соработка, пишува на официјалниот веб портал на здравствената установа Систина.

Во однос на исхраната на болните од канцер, тогашниот ЈЗУ Републички завод за здравствена заштита, актуелен Институт за јавно здравје, во 2008 година издаде брошура, во која децидно е објаснето што треба да конзумираат пациентите зависно од видот на канцер. Наспроти постот кој препорачува кафе и зелен чај, лекарите апелираат да се избегнуваат кофеински пијалоци.

Кај болните со карцином на дојка најчесто се јавува зголемување на телесната тежина па се препорачува нискокалорична храна како што е овошје, зеленчук, цереалии, интегрален леб, немасно месо (телешко, немасно свинско, пилешко бело месо и обезмастени млечни продукти). Да не се користи путер, мајонез, слатки и други додатоци. Храната да се подготвува со варење или динстање на пареа. Да се избегнуваат висококалорични ужини меѓу оброците и доколку е можно да се зголеми пешачење најчесто во природа, лесно вежбање и други физички активности кои пациентот може без голем напор да ги практикува, стои во објавената брошура.

Без разлика на тоа што дел од намирниците претставени во написот можеби нема да предизвикаат штета по здравјето на болните од канцер, јавноста не може да се доведува во заблуда со тоа што ќе се каже дека ракот ќе исчезне само со употреба на неколку намирници.

Како што пишува и Здружението за борба против ракот, „Борка“, ракот може да се спречи со правилна исхрана, но никаде не стои дека тој може да се излекува единствено со употреба на одредени намирници.

Науката тврди дека ракот може да се спречи со правилна исхрана. Ракот можеме да го превенираме избегнувајќи го сето она што има канцероген ефект. Канцероген ефект има пушењето, нездравата храна и прекумерното изложување на сонце. Но, сето ова не гарантира дека со сигурност ќе го избегнеме ракот, туку се намалува ризикот од ова заболување. Некои научници тврдат дека честотата на ракот можела да се намали за една третина ако се храниме поздраво, пишува во објава на Здружението за борба против рак „Борка“, каде што се и наведени намирниците кои помагаат во борбата со ракот. 

Вакви написи за „волшебни намирници“ од кои ракот „исчезнува“ се неетички и може да ги одвратат пациентите од редовните лекарства, прегледи и терапии, а со тоа да предизвикаат штета по здравјето.

Карциномот е сериозно, тешко заболување, животозагрозувачка болест кое бара соодветен медицински третман, редовни прегледи и соодветна терапија. Недозволиво, неетички и неморално е со вакви наслови и непотврдени информации да се залажуваат пациентите заболени од канцер.

Оттука постот што го рецензираме го оценуваме како невистинит. / ВИСТИНОМЕР 

 

 

 

 

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Деца и училишни ресурси како алатка за кампања во Пробиштип!

    135 shares
    Share 54 Tweet 34
  • Лукоил ги продава своите филијали во странство по санкциите на САД, македонската подружница сé уште молчи за прашањата на ЦИВИЛ

    111 shares
    Share 44 Tweet 28
  • Изборите и коалицијата: ВЛЕН му го залула чунот на Мицкоски

    109 shares
    Share 44 Tweet 27
  • Косовски пратеник удри граѓанин со бокс оти го нарече „лажго“ – инцидент во центарот на Приштина!

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Арсовска шири лажни вести: Директорот на „Комунална хигиена“ сè уште е во притвор и не потпишувал „во срце и душа сум ВЛЕН“

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ