• Latest

Нема напредок во разговорите за законот за ЈО, утре почнува собраниската седница

August 26, 2019
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

November 4, 2025

ОБСЕ/ОДИХР: Кампањата во вториот круг беше повоздржана од првиот круг, со одделни случаи на лични напади

November 3, 2025
Фото: Украинска амбасадорка Лариса Дир/Х

Амбасадорката Дир: Русија продолжува со воздушниот терор против мирните градови, единствениот одговор се – строги санкции, поголема поддршка за Украина

November 3, 2025

Северна Македонија не ги усвои уставните измени, треба да работи на почитувањрто на правото и борбата против корупција, се наведува во Извештајот на Европската комисија

November 3, 2025
Креирано со помош на ВИ

Четири жени избрани за градоначалнички на локалните избори 2025, останува „рекордот“ од дури 6 избрани во 2017

November 3, 2025

ДКСК: Потребно е да се усогласи терминологијата во Изборниот законик за рамноправен пристап до платено политичко рекламирање за сите учесници

November 3, 2025

Според АВМУ, анализираните медиуми генерално известувале неутрално за учесниците во изборите

November 3, 2025

Раст на неважечки ливчиња на локалните избори во Северна Македонија: Тренд што го алармира изборниот систем

November 3, 2025
Фото: Министерство за култура на Украиан/Фејсбук

На Денот на борбата против неказнивоста за злосторства против новинари – 116 убиени, 26 заробени новинари од почетокот на целосната руска инвазија врз Украина

November 3, 2025
Британски Томахавк во лет. Повеќето Томахавки се поморско оружје, но постојат и опции за копно и за воздух. Фото: Кралска морнарица

Трамп „засега“ не размислува за трансфер на ракети Томахавк во Украина

November 3, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Нема напредок во разговорите за законот за ЈО, утре почнува собраниската седница

August 26, 2019 16:30
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Нема напредок во разговорите меѓу власта и опозицијата за новиот закон за јавното обвинителство којшто утре влегува во собраниска процедура. Со тој закон треба да се реши и идниот статус на Специјалното јавно обвинителство (СЈО).

Министерката за правда Рената Дескоска по денешната средба на работните групи во Собранието изјави дека клучно прашање околу кое не се согласни двете страни е статусот на предметите на СЈО.

– Нашиот предлог е тие предмети да бидат транферирани во обвинителство за организиран криминал од точката до која се стасани во СЈО со цел да нема одоговлекување и да нема застој во постапките и губење докази. Се договоривме, забелешките коишто ги има ВМРО-ДПМНЕ да ги преточи во амандмани. Со оглед на тоа дека законот утре влегува во собраниска процедура, а комисиската расправа треба да почне в четврток, дотогаш треба да бидат поднесени амандманите, така што, на конкретен текст ќе се договориме и во зависност од нивната подготвеност, ќе седнеме во периодот до четврток, рече Дескоска.

Таа очекува на утрешната пленарна седница сите политички партии да смогнат сили и да ја поддржат потребата од донесување на ова законско решение кое е важно за процесот на пристапување на земјата во Европската унија.

Во однос на идниот статус на СЈО, Дескоска повтори дека нивниот став кој е преточен и во предложениот закон, е оти СЈО треба да се спои со Обвинителството за организиран криминал, а почнатите предмети од специјалните обвинители да продолжат да се процесуираат.

Прашана дали по „Рекет“ и притворањето на шефицата на СЈО Катица Јанева е нарушен кредибилитетот и на другите обвинители, Дескоска одговори дека одговорноста е лична, а не колективна и оти институцијата не треба да зависи од тоа кој ја раководи.

Пратеникот Антонио Милошоски кој ја предводи работната група на ВМРО-ДПМНЕ не прецизира каков став ќе има утре оваа партија, но укажа дека власта го предлага законот без опозицијата и оти таа не може да има позитивен пристап кон тоа.

– Според мене, ќе беше многу покоректно ако власта го предложеше законскиот текст во усогласеност и заеднички со опозицијата. Власта очигледно одлучи овој Предлог-закон да го предложи без консултации со опозицијата и од таа гледна точка не би можеле да очекуваме позитивен пристап од нашата страна кога немало позитивен пристап од страна на СДСМ и ДУИ при изготвувањето на Предлог-законскиот текст. Но, оставаме можност на комисиската расправа со квалитетни амандмани да го подобриме законскиот текст доколку има подготвеност од владејачкото мнозинство да има закон кој ќе биде широко прифатен и заснован на стандардите од Стразбур, рече Милошоски.

За предметите на СЈО, посочи дека не е спорно оти оние предмети што се почнати и се водат согласно со законскиот рок што го имаше СЈО, треба да продолжат до конечна судска разрешница.

Според него, аферата „Рекет“ налага потреба од донесување системско решение, а во однос на префрлањето на обвинителите од СЈО во новото обвинителство, Милошоски повтори дека нивниот став е оти не би требало, по автоматизам, секој да биде на некоја битна позиција во ова обвинитество.

– Многу зависи од истрагата што се случува со „Рекет“, но генерално постои основан сомнеж дека Катица Јанева не можела сама како поединец да изврши злоупотреба на ресурсите на СЈО и веројатно е дека имала повеќе соработници. Кои се и на кои нивоа биле, тоа може да го одговори само една темелна истрага, но затоа сметаме дека по автоматизам не би можел секој да биде на некоја битна позиција во обвинителството за организиран криминал и висока корупција, рече Милошоски.

Очекува дијалогот да продолжи со цел во догледно време да се приближат ставовите и да се преточат во заеднички предлог-текст или заеднички предлог-амандмани кои можат да го подобрат сегашниот Предлог-закон усогласен помеѓу СДСМ и ДУИ.

Двете страни се согласни дека по последните случувања во предметот „Рекет“ станува беспредметно да се разговара за предлогот за префрлање на специјалната јавна обвинителка во републичкото обвинителство.

На средбата станало збор и за мандатите на обвинителите за кои се предлага тие на кои им завршува мандатот тој да не се продолжува, но на оние на кои уште им трае да продолжат да работат. За вработените на неопределно време кои се вработени во СЈО, е предвидено да нема законско прекинување на работниот однос. За истражителите во рамки на СЈО постојат две опции и тоа едната да се префрлат целосно во Обвинителството за организиран криминал или да се вратат во МВР, а потоа да се формира истражен центар во рамки на Обвинителството за организиран криминал.

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

    148 shares
    Share 59 Tweet 37
  • Нема втор круг! Изборите во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Центар Жупа пропаднаа – ќе се распишат нови!

    104 shares
    Share 42 Tweet 26
  • Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Деца и училишни ресурси како алатка за кампања во Пробиштип!

    140 shares
    Share 56 Tweet 35
  • „Метеж во Москва“ – Украина погоди критичен воен систем за гориво во близина на руската престолнина

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ