• Latest

Нема нови рестриктивни мерки оти нема да дадат резултати, апел до граѓаните да ги почитуваат препораките и да бидат совесни и одговорни

March 31, 2021

24 ЧАСА: Четрстотини невработени ќе гасат пожари за 400 евра; Велев алармира – недозволиво е 5 лица да одлучуваат за терапијата на 40.000 дијабетичари; Трамп со закана за 10% царини кон поддржувачите на БРИКС

July 7, 2025
Фото: Скриншот од видео на Real News

Рускиот министер за транспорт се самоубил откако Путин го разрешил 

July 7, 2025
Фото: Фејсбук на Азир Алиу

Алиу, еден месец министер за здравство: Граѓаните пријавиле мито, непружање здравствена услуга, игнорирање пациент

July 7, 2025
Украински дронови погодиле руска хемиска фабрика во близина на Москва. Фото: Астра/ Телеграм

Украински дронови погодиле руска хемиска фабрика во близина на Москва, нападната и големата рафинерија во рускиот Краснодарски крај

July 7, 2025
Фото: ЦУК

Прва човечка жртва во пожарот кај „Лепенец“ во Ѓорче Петров

July 7, 2025
Фото: Скриншот од видео на CBS Morning News

ДеСантис брза да отвори центар за притвор на имигранти во мочуриште сред сезона на урагани

July 7, 2025
Босански бегалци од Сребреничката енклава во камиони на УН

30 години од геноцидот во Сребреница и ризикот од понатамошни злосторства сега

July 7, 2025
ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ

Локалните избори ќе се распишат во првата половина на август, нема најава за измените во Изборниот законик

July 7, 2025
Фотографија: МИА

Четиристотини невработени лица ќе бидат ангажирани за превенција и справување со пожари

July 7, 2025
Фото: МИА

(ИЗБОР) Албански медиуми: Опозицијата во Косово не прифаќа ниту тајно гласање, ниту по 43-ти пат не успеа конституцијата на собранието; Ќе се изградат два моста на реката Ибар, Српска листа со петиција против, ЕУ бара инклузивност во процесот на изградбата

July 7, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Нема нови рестриктивни мерки оти нема да дадат резултати, апел до граѓаните да ги почитуваат препораките и да бидат совесни и одговорни

March 31, 2021 09:19
in ВЕСТИ, КОВИД-19, ОПШТЕСТВО, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Нема потреба од воведување нови дополнителни рестриктивни мерки. Тие не би дале резултат зашто се наоѓаме на шестата до осмата недела од третиот бран. Ова е заклучокот од вчерашната координација на министерот за здравство, Венко Филипче со директорите на ковид-центрите и претседателот на Комисијата за заразни болести околу епидемиолошката состојба во земјава.

На координацијата било заклучено дека болничките капацитети за прием на ковид-пациенти се зголемени за 50 отсто во однос на ноември, а зголемена е и потребата од хоспитализација. Стотина кревети дополнително се подготвуваат и во секој момент доколу е потребно може да се стават на располагање за прием на ковид-болни.

Според епидемиолозите, вирусот има широка инфекција на територија на цела држава, а во сите болници низ земјата има слободни кревети.

Состојбата со пандемијата со Ковид-19 беше тема и на седницата на Советот за безбедност на која учествуваше и министерот Филипче. По седницата, претседателот Стево Пендаровски изјави дека Советот за безбедност бара државата да ги искористи сите расположиви ресурси за да им се даде соодветна здравствена заштита на заболените од Ковид-19, како и да направи се да спроведе масовен процес на имунизација на населението.

Пендаровски упати личен апел до приватните здравствени установи да ја разгледаат можноста да се откажат од профит за да ги направат нивните услуги подостапни за граѓаните болни од Ковид-19 и ако за тоа има потреба да го упатуваат и својот медицински персонал во јавните здравствени установи.

– Убеден сум дека во време на големи колективни страдања не треба ничии семејни несреќи и трагедии да ги користиме за нечија добивка и делење на дивиденди, рече Пендаровски.

Тој апелираше и до граѓаните да ги почитуваат препораките и да бидат совесни и одговорни, но, како што нагласи, политичарите со почитување на мерките и законите ќе имаат образ да го бараат истото од граѓаните.

Во врска со можноста за воведување порестриктивни мерки, Пендаровски рече дека ниту тој, ниту членовите на СБ не се компетентни да кажуваат. Додаде дека од лани, од март кога почнаа рестриктивните мерки сто отсто ги следеле препораките на Комисијата за заразни болести. Шефот на државата истакна дека нивните препораки деновиве е дека треба да се остане со истиот сет мерки и дека нема да има подобар ефект ако се затвораме.

И вчера беше забележан висок број на новозаразени со Ковид-19. Беа регистрирани 1.272 случаи од 3.948 тестирања или 32 отсто. Пријавени 33 починати лица, меѓу кои најмладиот 34-годишен. Регистрирани беа 868 оздравени пациенти.

Досега во земјата се направени вкупно 620.810 тестирања на Ковид-19.

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица од почетокот на епидемијата изнесува 128.511, бројката на оздравени пациенти е 106.392, на починати е 3.749, а бројот на активни случаи изнесува 18.370.

Според епидемиолошки анализи во моментов, најмногу активни има во Скопје и тоа 9329, Прилеп – 1047, Куманово – 782, Охрид – 709, Кавадарци – 697, Битола – 677, Велес активни 652. Во другите градови има под 600 заразени.

На инфективните оддели во Скопје и во болниците во другите градови низ земјата се лекуваат 1577 пациенти со Ковид-19. Во ковид – центрите има околу 260 празни болнички кревети. Во главниот град хоспитализирани се 666 лица, а во болниците во другите градови се лекуваат вкупно 912 пациенти.

Во моментов во ковид – центрите на Интерните и на хируршките клиники се лекуваат 306 пациенти.

Во ГОБ „8 Септември“ има вкупно 142 болни, а на Клиниката за инфективни болести лежат 149 пациенти, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 40 пациенти. На Клиниката за детски болести има 11 деца позитивни на Ковид-19, а на ГАК има девет позитивни пациентки.

Во болницата во Куманово се лекуваат 147 пациенти, во ковид – центарот во Охрид 100, во Прилеп – 116, во Кавадарци 71 лице.

Во штипскиот Ковид центар нема слободни болнички кревети. Директорот на Клиничка болница-Штип, Ален Ѓеорѓијев за МИА вели дека исполнети се сите капацитети на Инфективно, Кожно, Анестезиологија и Кардиологија.

Во смирување на епидемиолошката состојба, се очекува да придонесе вакцинацијата, која ќе почне од денеска со вакцинација на лица над 77 годишна возраст со вакцините на „Астра Зенека“.

Во однос на набавката од 200 000 вакцини од компанијата „Синофарм“, вчера премиерот Зоран Заев побара од гостинот од Кина, министерот за одбрана, генерал Веи Фенгхе, да апелира до надлежните институции во НР Кина да се забрза испораката. Генерал Веи Фенгхе на средбата истакнал дека оваа порака ќе им биде веднаш пренесена на надлежните институции за да се потврди пријателството меѓу двете земји и за време на актуелната криза заради Ковид-19.

Министерката за одбрана Радмила Шекеринска му се заблагодарила на кинескиот колега за кинеската поддршка во справувањето со последиците од пандемијата, која во јули 2020 година за Армијата донираше заштитна медицинска опрема составена од заштитни маски, заштитни очила, визири, заштитни одела, ракавици, инфузиски пумпи, термометри и термални шлемови, во вкупна вредност од околу 250.000 долари.

Министерот за одбрана на НР Кина најави и можност за поддршка на македонската Армија со кинески вакцини.

Во светот досега се заразија над 128 милиони со коронавирусот, 2,8 милиони починаа и повеќе од 103 милиони оздравеа.

САД и 13 други земји вчера изразија загриженост дека извештајот на Светската здравствена организација за потеклото на Ковид-19 доцни и не се заснова на целосни податоци.

Изјавата ја потпишаа владите на Австралија, Канада, Чешка, Данска, Естонија, Израел, Јапонија, Летонија, Литванија, Норвешка, Република Кореја, Словенија, Велика Британија и САД.

Шефот на Светската здравствена организација (СЗО) Тедрос Аданом Гебрејесус бара нова истрага за наводите дека коронавирусот „избегал“ од лабораторија. Тој исто така го критикуваше недостигот на пристап до податоци за меѓународни експерти.

Хипотезата дека коронавирусот можел да „избега“ од лабораторија ја бранеше претходната американска администрација на Доналд Трамп, и беше заснована на податоци од разузнавачки служби.

Кина секогаш ја негираше таквата можност.

Светските лидери повикаа на склучување нов договор што ќе му помогне на светот да се подготви за идна пандемија и предупредија на растечки национализам за вакцинација.

Повеќе од 20 лидери, вклучувајќи ги Емануел Макрон, Борис Џонсон и Ангела Меркел, напишаа отворено писмо објавено во неколку светски медиуми во кое предупредуваат дека не станува збор дали, туку кога ќе нè погоди нова здравствена криза, и повикаа земјите да избегнуваат изолационализам и национализам.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Фото: ВИ

    24 ЧАСА: „Шлаканица“ од Брисел за Мицкоски, сестринските партии го избришаа македонскиот јазик и идентитет од ЕУ извештајот; Обвинителството го амнестира Максим Димитриевски; Кавказ на работ на нов конфликт

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Канта за смет

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Таче се (по)јави, вистина се (по)јави

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Апсења со смртни последици, рации, претепани и крвави осомничени, соборен патнички авион – како се влошија односите меѓу Русија и Азербејџан

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Скопје како зона без контрола: Убиен пешак, нападната пратеничка, автобус во пламен – државата го губи компасот

    92 shares
    Share 37 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ