• Latest

Немоќта на очигледното или – чекајќи да се случи чудо

April 27, 2023

36 земји го отвораат патот за формирање Специјален трибунал за руското злосторство – агресија: „Правдата е неразделен елемент на трајниот мир“

May 15, 2026

Случајот „Мазут“: Како истрагата за 167 милиони евра се претвори во институционален судир

May 15, 2026
Илустрација ВИ

Нов закон за игри на среќа отвори фронт меѓу Владата и индустријата: Се најавуваат отпуштања, протести и правни битки

May 15, 2026
Фотографија: Скриншот од видео на Си - Ен - Ен

Трамп и Си со заедничка порака до Иран: Нема нуклеарно оружје, Ормускиот теснец мора да остане отворен

May 15, 2026

РЕАКЦИИ: Нема реформи без промена на системот – граѓаните со поделени ставови за капацитетот на Владата на Мицкоски

May 15, 2026

Спремна продажбата на N1 и други, а Шолак не сака да влезе во игра!

May 15, 2026

И на пазарот има мода

May 14, 2026

Инцидент со украински поморски дрон кај Лефкада ја вознемири Атина: истрага и дипломатски тензии

May 14, 2026

ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: ЕУ бара реформи, но дали владата на Мицкоски има капацитет да ги спроведе?

May 14, 2026
Илустрација ВИ

Цените на нафтата стабилизирани по дипломатските сигнали од Вашингтон и Техеран

May 14, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ

    36 земји го отвораат патот за формирање Специјален трибунал за руското злосторство – агресија: „Правдата е неразделен елемент на трајниот мир“

    Случајот „Мазут“: Како истрагата за 167 милиони евра се претвори во институционален судир

    Илустрација ВИ

    Нов закон за игри на среќа отвори фронт меѓу Владата и индустријата: Се најавуваат отпуштања, протести и правни битки

    Фотографија: Скриншот од видео на Си - Ен - Ен

    Трамп и Си со заедничка порака до Иран: Нема нуклеарно оружје, Ормускиот теснец мора да остане отворен

    РЕАКЦИИ: Нема реформи без промена на системот – граѓаните со поделени ставови за капацитетот на Владата на Мицкоски

    Инцидент со украински поморски дрон кај Лефкада ја вознемири Атина: истрага и дипломатски тензии

    ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: ЕУ бара реформи, но дали владата на Мицкоски има капацитет да ги спроведе?

    Илустрација ВИ

    Цените на нафтата стабилизирани по дипломатските сигнали од Вашингтон и Техеран

    Кијив, 14 мај 2026 (извор: ДСНС)

    Државата-терорист продолжи со терор врз цивилите во Украина: Стотици руски дронови и ракети, Кијив под најсилен удар

    Фотографија: Скриншот од видео на Гардијан

    Трамп и Си Џинпинг во Пекинг: Договори за економија, тензии околу Тајван

  • ПОЛИТИКА
    • All
    • ПОЛИТИЧКИ ОКЕЈ КОРАЛ

    Случајот „ТЕЦ Неготино“: политички интервенции и валкана медиумска совест

    Политиката на Мицкоски кон ЕУ не е грешка

    ЦИВИЛ бара студентите привремено да бидат сместени во хотели додека се санираат студентските домови

    СКАНДАЛ: Студентски стандард – стаорци, студени тушеви, нефункционални лифтови, неисплатени стипендии

    ЦИВИЛ: Студентските домови не смеат да бидат симбол на државна негрижа

    Пред отворени европски порти, Мицкоски копа ров

  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
    • All
    • ИСТОРИЈА
    Илустрација ВИ

    Нов закон за игри на среќа отвори фронт меѓу Владата и индустријата: Се најавуваат отпуштања, протести и правни битки

    РЕАКЦИИ: Камерите не воспитуваат – сообраќајната култура и натаму на нула

    Гордана Дувњак (1965–2026)

    Гордана Дувњак (1965–2026): Тивко заминување на еден силен новинарски глас

    Меѓународен ден на Ромите: Култура, идентитет и континуирана борба против дискриминацијата, сиромаштијата и системската неправда

    Јирген Хабермас (Фото: Европска комисија/Szabolcs Dudás)

    Замина Јирген Хабермас, гигантот на модерната филозофија

    Илустрација ВИ

    Иницијатива што поврзува жени од Македонија, Шведска и Германија нуди поддршка за семејни кризи, насилство, родителски предизвици и економска несигурност

    Фото: Ариан Мехмети

    Кризата е тешка, законот може да се менува – ама платите не: Здружение на јавни обвинители со порака до пратениците

    Фотомонтажа: Скриншот од видео

    Отворено писмо до претседателката: Ако ви дошло до смеење, дојдете со мене на онкологија

    Моето име, моите корени, мојата земја

    Корубин: Селективен и селектиран устав

  • СЛОБОДНА ЗОНА
    • All
    • ES-PRESS-O
    • БЛИЦ
    • БРЗА ПОШТА
    • ДИПЛОМАТСКА ПРИЗМА
    • ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ
    • ЕДИТОРИЈАЛ
    • КОМПАС
    • ПО ДОПРЕН ГЛАС
    • САТИРА

    И на пазарот има мода

    Случајот „ТЕЦ Неготино“: политички интервенции и валкана медиумска совест

    Политиката на Мицкоски кон ЕУ не е грешка

    За меѓународните напори за враќање на незаконски депортираните Украински деца од страна на Русија

    Пред отворени европски порти, Мицкоски копа ров

    Од „наркомани и неонацисти“ до „господин Зеленски“: Што се крие зад промената во реториката на Путин?

    Да зборуваме за она што најчесто се премолчува на овој ден на мајките

    Не e  прашањето дали ќе има избори – вистинското прашање е – какви ќе бидат тие избори

    Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

    Браво мајсторе!

    Москва, 23 август 1939 година | Советскиот министер за надворешни работи Вјачеслав Молотов го потпишува Пактот за ненапаѓање. Зад него стојат Јосиф Сталин и германскиот министер за надворешни работи Јоаким фон Рибентроп.

    Крвното братство што тие сакаат светот да го заборави

  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result

Home СЛОБОДНА ЗОНА

Немоќта на очигледното или – чекајќи да се случи чудо

Постои по малку и навика кај овдешниот народ во пресуден момент некој да нѐ спасува однадвор од подмолните намери на внатрешните фактори кон судбината на земјата. Тоа како да раѓа и навика на пасивност, па дури и влегување во стадото на лошиот господар заради моментни привилегии, заради тоа што она „јас“ ќе го одбере свесно опортунизмот, се заснова на уверувањето дека меѓународната заедница е таа која треба да го испрати тука својот претставник кој ќе биде „прстот на судбината“, па ќе ни олесни...

April 27, 2023 10:10
in АНАЛИЗИ, ПОЛИТИКА, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ЉУБОМИР КОСТОВСКИ

„Ако некој мисли дека Заедно, препознатлив продукт на ДПМНЕ ќе запре на разумна точка пред моментот кога веќе не ќе може ништо да се поправи, е или наивен или безразложен оптимист.“

Ова се воведните реченици на колумна која пред повеќе од пет години ја напиша режисерот Унковски, а која ја реобјавија многу медиуми. Таа колумна од почетокот на април 2017 година е навестување на она што се заканувало зад аголот, а која свое крешчендо го имаше потоа, на 27 април таа година со оркестрираниот упад на припадниците на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието, поддржувани од пратениците кои ја отворија вратата. Да не потсетуваме на тие драматични моменти за државата, кога Груевски сѐ следеше од Виена, претседателот на државата беше скриен во палатата на Водно, анархијата дивееше, наши колеги беа заробени во некои од кабинетите од разноразни ојлевци-дојлевци…

Колумната „Ја гледам денес парадата на протестите“ во она време била очевиден приказ на драмата за целото општество со назнака дека нема кој да ја спречи… „напред багери за кршење на вратата на Собранието, потоа црни тетовирани командоси скриени во маскираните, без регистерски броеви и со загадочна содржина минибуси и автобуси, спремни за заземање на Собранието, и зад нив една нејасна маса, не претерано бројна, но нахранета со омраза и апатија, одработува хипнотизирана, желна за крв, или да ѝ помине денот“.

Вреди секако да се прочита повторно таа колумна која укажа дека граѓанската војна во земјава ќе се прошири на регионот, а дека паркот „Жена – борец“ ќе се исполни со „тазе гробови на скопјани“.

Организаторите на овој чин за Унковски, управувани со далечинско „се во еден дервишки танц на мрморења и вртења во круг“ и си дејствуваат. Во шифоњерите држат многу нови трикови, додека мнозинството се плаши, сега ние читателите би рекле – стануваме одново неми сведоци на луњата што доаѓа, смрзнати во уверувањето дека ќе се случи некакво чудо, кое во последен момент ќе ја спечи трагедијата.

И така одново, сега, но и вчера и завчера, откако Груевски замина во политички азил кај Орбан, а Иванов живее спокојно некаде на врвот на зградите на Џевахир и палката на партијата на хаосот како за навек ја зема во свои раце таткиниот професор (тука е, да не заборавиме,  неговиот ментор, екс-потпретседателот на Владата на Заев – Анѓушев), сведоци сме и учесници на една општа немоќ да се спречи најлошото, пред блокираните уставни измени, како ќе бидеме вратени назад и растргнати од сеништата на минатото.

Да, за немоќта на очевидното се потсетив деновиве, следејќи едно интервју на познатиот драматург Филип Давид (82) кој укажа на далекугледоста на друг драматург и професор, како и Унковски  – Мирјана Момчиловиќ која пишуваше за такви ситуации во какви сме биле, помалку или повеќе сите во последните децении (Mirjana Miočinović, NEMOĆ OČIGLEDNOG, prvi i drugi deo, CZKD, Beograd 2014).

Професорката, инаку прва сопруга на писателот Данило Киш и правен застапник на неговиот легат, постојано укажувала на тоа дека општеството било често пред амбис (во тоа време пред речиси сеопшта постјугословенска граѓанска војна), но дека едноставно немало адекватен одговор, односно постоела пасивност, можеби во очекување дека нечиј „прст на судбината“ од некаде ќе дојде и ќе го спречи најлошото.

Сѐ уште не е јасно како земјава неколку пати беше спасена со помош на меѓународната заедница, бидејќи таа секако беше присутна (од Охридскиот договор, преку Преспанскиот договор, а еве, сега и со еден предлог кој во суштина е банален по земјава а за „другата страна“ делува како изнуден компромис во форма на уставните промени). И се добива впечаток дека онаа елита од Шампитата настојчиво се држи до онаа „дервишка игра на мрморење и вртење во круг“ со која ги блокира сите институции (Парламентот, Уставниот суд и целото правосудство, за што говори и огорченото писмо од американската амбасада од почетокот на месецов).

Па со закочен Парлемент, правосудство, фатено во клештите на корупцијата и стравот, со владата, која се движеше на патериците на компромисната кадровска политика, можеше ли да очекуваме постојан прогрес?

Затоа, нели, онака со прстот во уста, видовме како единствен подвиг на екс-министерката за финансии во она време беше што ги извлече навреме своите пари од Еуростандард банка, која набрзо пропадна! Ако вработените во правосудството во еден миг, после востановување на новата Влада се исплашија од последиците, па имаше и по некој проблесок во судењата, тоа како процес набрзо падна во вода кога судиите и обвинителите сватија дека – во основа – се недопирливи, дури и кога некој ќе им се закани дека „ќе ги протресе сосе гаќи“.

Иако Мирјана Миочиновиќ во воведот разочарано мисли дека книгата е „обесхрабрувачка“, дека „потврдува лоши претчувства“ и дека читателот ќе извлече заклучоци „за нашата неподготвеност да се соочиме со вистината“, за „нашата потчинета природа, за која не можеме секогаш да бараме изговор во човечкиот страв од казна“, нејзините согледувања за молкот на мнозинството на највпечатлив начин станува сведок на едно страшно време, во значителна мера, во текот на неколку децении, на општество во хибернација.

МАНУ ја преспа транзицијата и излегува од мракот на својата омерта со режимот на една партија само во мигот на клучните моменти, кога одново ќе се најдеме на некоја крстосница. Еднаш тоа го стори претседателот на таа институција Ефремов со најантимакедонскиот чин до сега во поновата историја (поделување на земјата меѓу Македонците и Албанците), а сега актуелниот претседател Коцарев одново сака да нѐ вовлече во бунарот на поделбите со своите ставови пред кои молчат и оние интелектуалци кои се избрани како врв на знаењето и – соодветно – подобро од другите да ја претскажуваат иднината?!

Знаејќи го она што го изрече Ефремов, беше за очекување дека оние во МАНУ, ама и интелектуалниот сој кај нас, ќе станат попретпазливи, но не и попасивни. Грешка, Македонската енциклопедија, која не излезе на виделина, ама сите ја прочитавме во електронска верзија, само докажа дека антимакедонизмот нема плитки корени, дека е дозволено повампирувањето на лошите демони, а дека не смее да постои нова приспивна деценија.

Или повеќе години пред нас со реална шанса да се оствари сонот на Ефремов за поделбите…

Се вртиме во круг како дервиши, нели на чело со тие академци. Одговори ли некој на зборовите на Коцарев? Мислам одвнатре? Па и однадвор се очекуваа нечии докторски и магистерски реакции. Не, молкот е неприфатлив, особено кога во асамблејата на оваа институција (МАНУ) постојат и такви учени луѓе на кои, барем до сега, сме се восхитувале!

Неизбежна е асоцијацијата со Академијата во контекст на настаните кои од темел можат да ја променат позицијата на една држава и квалитетот на живеењето на нејзиниот народ и заради фактот дека една друга институција од тој тип (САНУ), чиј прв столб во она време – Добрица Ќосиќ пресмета дека со жртва „од само 70 илјади цивили“ неговата потесна татковина ќе избие на новата западна граница. Но таа војна, „математички прецизно“ голтна стотици и стотици илјади невини жртви, а последиците од тој геополитички земјотрес ги чувствуваме сите на Балканот.

Дали и нашите математичари во МАНУ умеат да бидат прецизни во броење на нашите жртви во спречување и недофаќање на иднината, ако и натаму го туркаат јавното мислење или ги подржуваат партиите против евроинтеграциите? Дали имаме право на молк ние, кои сме од оваа страна на оградата на МАНУ?

Па дури и денес, кога локално се користи навидум мирољубива реторика, од неа излегуваат порочни слоеви од минатото, слоеви на поранешно националистичко лудило, моментално пренесено во наводно европски демократски костум. Уште повеќе ако изговорените зборови се засилени со некакви политички амбиции пред претседателските избори во земјава.

Што уште треба да стори меѓународната заедница за да нѐ разбуди од нашата пасивна позиција пред оние кои ја спречуваат општата хаварија, безумно протежирана од „водачите“ со врзани очи и со бесперспективни планови, како во Страдија на Домановиќ.

Дали ние вечно ќе бидеме Трнорушка која го чека принцот да ја боцне, да ѝ пушти крв од раката за да се разбуди?

Па, како што вели амбасадорката Агелер, таа е разочарана од тоа што и по влогот од безмалку половина милијарда долари во реформите на третата власт, таму имаме судење какво што заслужуваме, а Судскиот совет, ете, во средата јавно одржа час како и зошто судиите се чувствуваат комотно во партискиот оклоп.

Што треба да сториме кога гледаме дека и по отворањето од американска страна на влез на врвна компанија како „Бехтел и Енка“ или уште повеќе, по инвестиција вредна повеќе од 200 милиони долари од Тајван (тоа не е оној влог на Циле, вреден милијарда долари, врз кој спиевме нели со години, ама ни донесе драматична промена во земјава, таман кога ја заштитивме националната безбедност), која нели, не би била можна без сугестија од САД, за да на влезот во земјава странските компании ги дочекаат поставените мини на ВМРО-ДПМНЕ и друштвото.

Да не заборавиме дека и богатите Евреи, кои во себе со столетија го имаат генскиот поттик да им помагаат на своите земјаци (ама само ним!) во неволја, тоа го прават до три пати! По кој пат ни требала да ни се случи овој пат таа помош или дали ние веќе сме ги истрошиле сите „грепки“?

Текстот е личен став на Авторот. Дозволено е преземање на текстот според лиценцата Creative Commons 4.0. | Извор: CivilMedia
Tags: 27 априлекстремизамполитичко насилствофатализам
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ