• Latest

Неподносливата самозаљубеност на Трамп

January 15, 2021
Скриншот од снимка на која севернокорејските војници наводно помагаат во директен оган врз Украина, 16 октомври. Фото:Генерал штаб на Украина

Ажурирани  вести од војната во Украина: Севернокорејски војници ја гранатираат Сумската област, деокупирани 180 квадратни километри во Покровск, украински дронови погодија руска рафинерија во Саратовската област

October 16, 2025
Мирослав Јовановиќ (Фото: Д. Муратов/ЦИВИЛ)

Дали демократијата ја исцрпи својата суштина?

October 16, 2025
Политичкиот аналитичар Бесим Небиу на панел дискусијата на ЦИВИЛ: „Интегритетот на изборните процеси и демократската отпорност – Предизвици и решенија“(Фото: ЦИВИЛ)

Небиу: Ако проблемот може да се реши со пари, тогаш тоа не е проблем – тоа е трошок

October 16, 2025

ИЗБОРНА ХРОНИКА: Два дена до изборниот молк – политичко насилство, напади, навреди, ветувања, засилена руска пропаганда во македонските медиуми пред изборите

October 16, 2025
Креирано со помош на ВИ

Извештај на ЦИВИЛ: Засилена френвенција на руските пропагандни наративи во македонските медиуми пред изборите

October 16, 2025

„Политичко насилство“ во Куманово: Кандидат на ЗНАМ нападнал членови на штабот на СДСМ!

October 16, 2025
Професор Александар Љ. Спасов, панел дискусија „Интегритетот на изборните процеси и демократската отпорност – Предизвици и решенија“(Фото: ЦИВИЛ)

Спасов: Ако сакаме интегритет на изборниот процес, време е да се надминат тесно партиските интереси

October 16, 2025
Тони Поповски, панел „Демократско назадување: Импликации и последици“, Скопје, 9 октомври 2025
Фотографија: Б. Јордановска - ЦИВИЛ

Поповски: Клиентелизмот е сржта на уназадувањето на демократијата

October 16, 2025

Рускитe злосторства продолжуваат: Терор со студ и темнина

October 16, 2025

Навреди во Битола: Кандидат на ВМРО-ДПМНЕ ја прогласи ‘нусето Габриела’ за умрено!

October 16, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Неподносливата самозаљубеност на Трамп

January 15, 2021 09:34
in СЛОБОДНА ЗОНА
Share on FacebookShare on Twitter

пишува: ЕМИЛИЈА ПОПОСКА

Во 2016та година, една година по разгласениот BREXIT и во годината во која победи Трамп живеев во Англија и се чини како да беше вчера како низ улиците во Лондон започнаа протестите против него. Се сеќавам дека бев во шок и не можев да поверувам во резултатот, но откако Клинтон јавно го призна поразот во име на демократијата сфатив тека тоа е нашата нова реалност.

Глобализацијата ја збриша средната класа во развиените држави, од кои најпогодена беше Америка, и со тоа го зголеми јазот на социјалната нееднаквост и сиромаштијата. Индустриите се преселија во државите каде работната сила е поевтина, а луѓето не само што ги изгубија своите работни места, туку и  немаа никаква финансиска потпора од државата да се преквалификуваат и со тоа да се пофлексибилни во барањето нова работа. Вашингтон ги заборави и за тоа беше казнет. Гласачите поверуваа дека реалити милионерот е оној кој ги гледа, слуша и е единствениот кој може да се погрижи за нив и да ја исправи неправдата која им беше нанесена. Непријателите беа насекаде: во илегалните мигранти, во Кина, во НАТО. Битката која ја разгласуваше Трамп беше бескрупулозна и безмилосна.

Но, како во моментите во кои е најпотребна „видливата рака на владата“ гласачите ја избраа „ невидливата рака на пазарот“?  Нео-либералната политика која константно ја де-регулираше глобализацијата и од неа креираше монструм кој предизвикува еколошка криза, злоупотребува работници за прениски плати и е тотално неодржлив, со изборот на Трамп сега треба да се најде во улога на спасител? Се чини, крајниот исход од напред го знаевме сите освен Трамп и неговата база гласачи.

Неговата политика во претходниве четири години беше исполнета со хаос, деструкција, константна флуктуација на вработени во неговиот кабинет, негово отповикување, контрадикторни твитови и многу голф. Кулминацијата на самовљубеноста беше неговото однесување во текот на пандемијата, чии потенцијални последици ги потценуваше, претставувајќи се себе како недопирлив и исмевајќи ги сите кои носеа маска. Иронично, аналитиката покажува дека токму лошото справување со пандемијата е основната причина за неговиот пораз.

Во периодот на кампањата постојано ја промовираше пораката дека доколку изгуби, тоа значи дека изборите се украдени. Паралелно, врз основа на анализа на гласачкото тело, константно ја стимулираше неговата база да не гласа преку пошта, знаејќи дека демократските гласачи ќе преферираат да гласаат на тој начин. Знаејќи дека гласовите преку пошта ќе се бројат последни, сакаше да притисне гласовите да престанат да се бројат пред гласовите преку пошта да достигнат броеви кои не му одговараа нему и на неговата кампања. Но тоа не е сè, по објавата на резултатите не го признава поразот повикува на големи протести за да изврши притисок на конгресот да не ја одобри победата на Бајден, и јавно влегува во конфликт со Републиканската партија заради нивното неподдржување на неговото вето на законот за одбрана.

Се чини дека таа самозаљубеност целосно му ја поматуваа способноста да види дека му се ближи крајот, и мисли дека со помилување на затвореници и креирање на нестабилност и хаос, ќе го одложи неизбежното, а тоа е дека и покрај тоа што поразително голем број на граѓани го поддржаа на изборите, поголем број на граѓани беа спремни да гласаат за кандидат кој дури и лично не го поддржуваат, само за да гласаат против него.

Трамп се храни подеднакво од луѓето кои го поддржуваат и од луѓето кои го критикуваат. Со последните атоми на моќ го бара секое минимално внимание кое може да го добие, рушејќи сè пред себе, трудејќи се да направи колку е можно поголема штета и сè дури добива внимание, независно дали е позитивно или негативно тој ќе наоѓа нови начини да шокира, навредува и спинува. Сцената е негова до 20ти јануари. Неговиот нарцизам го гледаме во висока резолуција. По согледувањето на својот одраз, како во древниот мит, Трамп падна во езерото, но со сите сили се труди да исплива на површината, надевајќи се дека на брегот ќе се најде некој кој ќе се смилува и ќе му подаде рака. Целиот свет е во исчекување на 20ти јануари после кој единствените очекувања се: стабилност, сигурност и ре-обновување на срушените мостови.

 

Авторката е докторант на Факултетот за Општествени науки на Универзитетот во Љубљана каде посебно се занимава со истражување од областа на политичката и економската глобализација.


Сите права се задржани. ЛИНК: Услови за користење, авторски права и заштита на приватноста. Текстот е личен став на Авторот.

 

 

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Креирано со помош на ВИ

    Случајот со Тричковски повторно ја исфрли на површина селективноста на властите

    162 shares
    Share 65 Tweet 41
  • Колегите од Неврологија во одбрана на Кузмановски по скандалот со кокаин: „Наместо осуда – сочувство и достоинство“

    117 shares
    Share 47 Tweet 29
  • Ел Чека фрли „предизборна бомба“: Објавени снимки со компромитирачка содржина за кичевскиот градоначалник Фатмир Дехари

    114 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Вучиќ, со „нож во грбот“од Ердоган, го врти другиот образ: Од обнова на Отоманската империја до „пријатели и партнери“

    108 shares
    Share 43 Tweet 27
  • Фотографии од Бранко Црвенковски со членови на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ ја вжештија политичката клима пред избори

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ