• Latest

Непозната апликација што собира податоци?

April 16, 2019
Кијив, 30 септември 2026 (ДСНС)

Руски терор во Украина: Ракети и 188 дронови, меѓу загинатите и дете

September 30, 2026

Бабин Јар, 85 години подоцна: Сеќавање на жртвите на Холокаустот и опомена против омразата и заборавот

September 29, 2026
Одеса, 29 септември 2026 (ДСНС)

Деноноќен руски терор врз Украина: Напади врз Кијив, Одеса, енергетика, железница, домови и цивилна инфраструктура

September 29, 2026
Христијан Мицкоски, Брвеница, 28 септември 2026 (фото: ФБ / Христијан Мицкоски)

Инфлацијата навистина е пониска од европската, но што премолчува Мицкоски?

September 29, 2026
Фото: Скриншот од видео на European Commission/ Фејсбук

Фон дер Лајен во Скопје: ЕУ го забрзува темпото, Северна Македонија останува на перонот, има ли Мицкоски нешто ново да каже?

September 29, 2026

Вистината не може да се замолчи: Безусловна поддршка од ЦИВИЛ за Меморијалниот центар Сребреница

September 29, 2026

Поддршка од американскиот Конгрес за Меморијалниот центар во Сребреница: Остра осуда за полициското заплашување

September 29, 2026

ЕУ забрзува, Северна Македонија останува на перонот

September 29, 2026

ИНФОГРАФИК: Што им замеруваат граѓаните на банките?

September 29, 2026

Градење пат кон мирот: Заедничка работа за враќање на украинските деца, притворените цивили и воените заробеници

September 28, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Непозната апликација што собира податоци?

April 16, 2019 17:21
in ВЕСТИ, ИЗБОРИ
Share on FacebookShare on Twitter

Тимот на кандидатката за претседател на Република Северна Македонија, Гордана Силјановска Давкова денеска на прес конференција изнесе сериозни обвинувања за злоупотреба на личните податоци на граѓанките и граѓаните од страна на владејачката СДСМ.

Според ВМРО-ДПМНЕ во текот на денот од aнoнимнo лице таканаречен свиркач до член на тимот на кандидатката за претседател Гордана Силјановска Давкова е доставен документ коj укажува на cepиoзно прекршување на изборниот процес. Партијата обвинува дека преку апликација за смарт телефони за оперативниот систем андроид теренските активисти на СДСМ прибираат и складираат лични податоци на граѓаните без нивна дозвола.

ЦИВИЛ Медиа се обрати до ВМРО ДПМНЕ за да добие одговор за која точно апликација станува збор, но оттаму не одговорија на нашите повици.

Индикативно е тоа што, Горан Момировски, член на тимот на Силјановска, денеска на прес конференцијата упати апел со предупредување до граѓаните да не ја симнуваат апликацијата или доколку веќе ја имаат во своите телефони веднаш да ја избришат, но не одговори како се вика истата. Се поставува прашањето како граѓаните ќе знаат да се заштитат, ако не ги знаат основните информации како што е името на посочената апликација.

Момировски изјави дека во моментот не може да даде повеќе информации бидејќи во тек е предистражна постапка.

Во меѓувреме, од СДСМ реагираат дека станува збор за тотална невистина и ги демантираат обвинувањата од тимот на Гордана Силјановска Давкова.

„Лага на ВМРО-ДПМНЕ е дека постои апликација која прибира лични податоци на граѓаните, матични броеви или други лични информации. Исто така, лага е дека се прибираат мета дата податоци од паметни телефони, се наведува во реакцијата на СДСМ на наводите на тимот на кандидатот Гордана Силјановска Давкова.

Се ова се целосни измислици на ВМРО-ДПМНЕ, соочени со стравот од изборен пораз и слабата поддршка што ја имаат од граѓаните.

Контрадикторноста и невистините пласирани од ВМРО-ДПМНЕ се гледаат во тоа што во еден пасус тврдат дека постои апликација која се користи од страна на членови на СДСМ и која прибира податоци од сите што ја симнале (значи членовите на СДСМ), а во друг пасус пак тврдат дека преку истата апликација се прибираатинформации за интернет ативностите на сите граѓани.

Едното со другото тврдење на ВМРО-ДПМНЕ е контрадикторно и неточно, очигледно во брзање да наведат што повеќе невистини ги измешале лончињата.

Вистината е сосема поинаква. СДСМ користи современ, иновативен начин на водење кампања, модел којшто е преземен од сестринските партии од Шведска.

Системот не прибира лични податоци на граѓаните, не содржи фотографии, ниту дата податоци од паметни телефони ниту интеренет активности.

За разлика од ВМРО-ДПМНЕ кои знаат само за злоупотреби, притисоци, закани и уцени, СДСМ спроведува современа кампања поврзана исклучиво со работата на сопствените активисти и наведените барања на граѓаните.

СДСМ е отворена за секоја државна надлежна институција да изврши увид и да го потврди ова наше тврдење односно да ги демантира конструкциите и лагите на ВМРО-ДПМНЕ.

ВМРО-ДПМНЕ да не смислиува алиби и да не бара оправдувања за бојкот, соочена со изборниот пораз кој ги чека“, стои во реакцијата од СДСМ.

M.И.

Share36TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ