Независната пратеничка група од ВМРО ДПМНЕ излез со драфт верзија законско решение за почист воздух.
Нивниот предлог е овој собраниски состав да донесе закон, преку кој ќе се овозможи сериозно намалување на загадувањето, за најмалку 50%. За таа цел ќе организираат работни средби со невладините организации и експертите во оваа област.
Во него се предвидени пред сè регулирање на греењето на домовите и разгледување на можноста за воведување на забрана за греење на дрва, мазут и јаглен во урбаните средини, ширење на топлификационата и гасификациона мрежа во урбаните средини и бесплатни печки на пелети за сите домаќинства со ниски примања и субвенционирање на останатите во зависност од нивните месечни примања, промена на системите за греење во сите јавни и општински институции и установи со цел во државата да нема ниту една институција која се грее на дрва, мазут, нафта или јаглен, сите автобуси на градскиот превоз во Скопје да бидат или на метан или на електричен погон, забрана за увоз и согорување на отпад и ригорозно казнување на на оние кои оваа забрана ќе ја прекршат…
Целта е во 2021 година да имаме барем 50% почист воздух, наведуваат на Независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ.