Независниот синдикат на полицијата денеска излегоа на протести во повеќе градови низ земјата. Над 100 возила денеска го блокираат и центарот на Скопје.
Под мотото „Само кренат глас ќе се слушне, само крената глава гледа сонце“ вработените во шумската, судската, затворската полиција го искажаа својот револт поради ниските плати, барајќи и подобри услови за работа, признавање на репрезентаивноста на синдикатот од Министерството за правда.
Тие побараа зголемување на платата за 25% и Колективен договор за шумската и затворската полиција, со ултиматум од 15 дена за исполнување на нивните барања.
Протестот во Скопје започна пред МРТВ, продолжи до Собрание и Министерство за правда, а ќе заврши пред седиштето на Министерството за внатрешни работи.