• Latest

Независниот синдикат на судската полиција бара нова опрема, униформи, зголемување на платата и бенефициран стаж

February 24, 2020
Полскиот претседател Анджеј Дуда му го врачува Орденот на Белиот Орел на украинскиот претседател Володимир Зеленски во Варшава, април 2023 година (фото: Кабинет на Претседателот на Украина)

Дипломатски земјотрес меѓу Варшава и Кијив: Полското државно водство остро реагира на именувањето на воена единица по „Украинската востаничка армија“

May 29, 2026
Илустрација ВИ

РЕАКЦИИ: Партизација, корупција и сиромаштија – Граѓаните револтирани по пораката дека реформите се завршени

May 28, 2026

Школската година завршува, а децата што научија?

May 28, 2026

Сирените на „братството и единството“

May 28, 2026

Украинската амбасадорка Лариса Дир: Спортот не е платформа за пропаганда на убиства

May 27, 2026

Уставните измени, „бугарското прашање“ и европскиот пат: Како да се води рационална дебата без страв и манипулации

May 27, 2026
Илустрација: ВИ

РЕАКЦИИ: Од повици за компромис до обвинувања за „бугарска уцена“ – граѓаните поделени за ставовите на Мицкоски и Филипче околу Бугарија

May 27, 2026

ЦИВИЛ одговори на критиките за „бугарското прашање“: Јавната дебата не смее да се затвора во националистички рамки

May 27, 2026
Илустрација: ВИ

Њујорк Тајмс: Заканите за Гренланд ја отворија дебатата за влез на Исланд во ЕУ

May 27, 2026

Нешто, сепак, се движи во МПЦ: Заминувањето на владиката Петар од сцената

May 27, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Независниот синдикат на судската полиција бара нова опрема, униформи, зголемување на платата и бенефициран стаж

February 24, 2020 15:36
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Независниот синдикат на судската полиција го поздравува Планот за едукација и тренинг на вработените, кој го донесе Министерството за правда, сепак посочува дека секоја година се носи ваков план, но не е спроведен, бидејќи мора претходно да се обезбедат услови за негово исполнување, изјави претседателот на Независниот синдикат на судската полиција, Владимир Литовски на денешната прес-конференција пред штипскиот Основен и Апелациски суд.

-Во планот е наведено дека треба да имаме обука и со оружје, автоматско, друго оружје, скенери, магнетни врати, а ние во судовите имаме проблеми. Има и судови каде што судските полицајци немаат ниту униформи, а да не зборуваме за оружје или за скенери за магнетни врати. Таму, пак, каде што постојат поголем дел се нефункционални и не може да се изведува таквата обука. Сметаме дека е неразбирливо да се обучуваат судските полицајци за претрес или заштита на вработените во судовите или за безбедноста на судовите, а да нема средства за работа, вели Литовски.

Тој истакна дека во текот на минатата година разговарале и со министерката за правда за зголемување на платите на судските полицајци за 20 %, а исто така и за бенефициран стаж на вработените во судската полиција.

-Бевме дојдени до степен дека ќе се донеси тој правилник, но како што гледаме нема ништо. На истите преговори се разговараше и за измените да се добие бенефициран стаж, затоа што не личи во униформа на 64 години, човек да може да се справува со криминалците и со странките, кои влегуваат во судот, вели Литовски.

Апелираше дека е крајно време да се исполнат барањата  на судската полиција, со цел да си ги извршува своите работни задачи. Смета дека безбедноста на судовите е на катастрофално ниво и порача  да не се чека со исполнување на барањата за да не се случи настанот во судот во Виница, кога токму поради овој немил настан и беше формирана судската полиција. Литовски рече дека од страна на институциите во изминатите години немале никаква поддршка. На новинарско прашање тој рече дека судската полиција во земјава има добиено униформа пред повеќе од  12 години од Министерството за правда.

-Секоја година се префрла како обврска на секој претседател на суд да набави униформа и оставени сме на добрата воља на претседателите на судовите. Кај се набавило по нешто, кај ништо и изгледаме како „паравојска“, бидејќи сегде се различни униформите, оти секој претседател од различно место ги набавува и немаме унифицирана униформа, рече Литовски.

Судските полицајци ќе чекаат по спроведувањето на изборите и формирањето на новата влада  да преземат нови чекори за решавање на нивните проблеми.

-Со цел да не испадне дека се мешаме, а најмалку сакаме со политика да се расправаме и после тоа ќе бидат преземени порадикални чекори, ако нема слух и од новата Владата, рече Литовски.

Во земјава низ судовите се вработени 183 судски полицајци, а како што рече Литовски во независниот синдикат членуваат околу 60 проценти од вработените и се сметаат за репрезентативен да ги застапуваат интересите и барањата на судските полицајци.

извор: МИА

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ