• Latest

Независноста и непристрасноста на правосудството најниско оценета област, покажува Вториот национален извештај

May 12, 2021
Israeli settlers set fire on a Palestinian warehouse
Source: Screenshot Al-Jazeera

Израелски доселеници запалија палестински магацин и земјиште додека нападите на Западниот Брег се зголемуваат

November 12, 2025
Креирано со помош на ВИ

ОД БЕЛЕЖНИКОТ НА НАБЉУДУВАЧОТ НА ЦИВИЛ (5): Општа караница на ИМ помеѓу партиските набљудувачи и ИО, за тоа кој пријавил наводен инцидент

November 12, 2025
Фптп: Скриншот од видео на ВВС

Трамп напиша писмо во кое бара од израелскиот претседател да го помилува Нетанјаху во судењето за корупција

November 12, 2025
Фото: веб страна на украинскиот претседател

Зеленски бара разрешување на министрите за правда и енергетика на Украина

November 12, 2025
Илустрација ВИ

ОД БЕЛЕЖНИКОТ НА НАБЉУДУВАЧОТ НА ЦИВИЛ (4): Недостапни избирачки места – правото на глас заглавено на втор кат

November 12, 2025
Фотографија: UNOPS South East Europe - Platform X

Конференција Western Balkans 2030: Потребни се десетици милијарди евра за да се прилагоди регионот на климатските промени

November 12, 2025

ОД БЕЛЕЖНИКОТ НА НАБЉУДУВАЧОТ НА ЦИВИЛ (3): ИО не дозволил да гласа граѓанин кој го имало при проверка со фингрпринт, но го немало во Избирачкиот список, иако во првиот круг му дозволиле

November 12, 2025
Илустрација. ВИ

ОД БЕЛЕЖНИКОТ НА НАБЉУДУВАЧОТ НА ЦИВИЛ (2): „Ние знаеме што правиме“ – избирачките одбори пречка во работата на набљудувачите на ЦИВИЛ

November 12, 2025
Фото: Лукоил Македонија/ Фејсбук

Лукоил во цајтнот, нема одговор за судбината на македонската подружница со 550 вработени и 40 бензински пумпи

November 12, 2025
Презентацијата на рускиот робот со вештачка интелигенција сличен на човек - падна додека одеше на сцената.. скриншот од X/@Gerashchenko_en

(ВИДЕО) Првиот руски хуманоиден робот падна на сцената за неколку секунди од презентацијата

November 12, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПРАВДА

Независноста и непристрасноста на правосудството најниско оценета област, покажува Вториот национален извештај

May 12, 2021 15:42
in ВЕСТИ, ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Ефикасноста на судовите во справувањето со предметите е на задоволително ниво, транспарентноста нема позначајни подобрувања, во квалитетот е забележан мал прогрес а независноста и непристрасноста на правосудството и понатаму остануваат најниско оценета област, покажува Вториот национален извештај кој е заснован на резултатите од мерењето со Матрицата на индикатори за мерење на перформансите и реформите на правосудството. Според извештајот, професионалниот развој и правична застапеност е областа која е оценета со највисока оцена.

Во однос на „Ефикасноста“, според Извештајот, и покрај недоволниот број судски службеници за вршење документирање и правно истражување, ефикасноста на судовите во справувањето со предмети е на задоволително ниво. Значителен процент на судии и адвокати сметаат дека информатичката инфраструктура во судовите е несоодветна, спора, и несигурна.

Споредено со перцепциите од 2018 година, во делот „Транспарентност и отчетност“ нема позначајни подобрувања. Кај исти индикатори доминираат поделените ставови во рамки на една целна група, односно значително поларизирани перцепции помеѓу судиите и судската служба наспроти перцепцииите на адвокатите, странките во споровите и новинарите.

Ова го нотираше и министерот за правда, Бојан Маричиќ, кој при своето обраќање на денешниот настан на кој беше презентиран Извештајот, кажа дека за потребата од зголемување на транспарентноста особено говорат бројните индикатори низ Извештајот, во кој ставовите и мислењата на судиите од една страна и адвокатите и медиумите од друга страна, често се дијаметрално спротивни.

Во однос на „Квалитетот на судската пракса“ споредено со перцепциите од 2018 година, освен забележаниот мал прогрес кон воедначување на праксата и донесените методологии за следење на квалитетот, остануваат и понатаму предизвиците во делот на мериторното одлучување во управната материја.

„Независноста и непристрасноста“ на судството и понатаму остануваат најниско оценета област. Направени се подобрувања на законската и подзаконската регулатива, правила за назначување, унапредување, дисциплина и разрешување на судии. Изборот и разрешувањето на судиите, сепак, според најголем дел од испитаниците од сите категории од мерењето, се предмет на притисоци и влијанија однадвор, и се резултат на недоволна транспарентност. Во судството, според најголем број испитаници, и натаму постојат појави или околности за притисок и влијание од други институции.

„Професионалниот развој и правична застапеност“ е областа која е оценета со највисока оцена во однос на останатите области што се должи на подобрените перцепции за квалитетот и прилагоденоста на обуките во Академијата за судии и јавни обвинители спрема потребите на судиите и измените во законодавството.

Претседателка на судскиот совет на Република Северна Македонија, Павлина Црвенковска, на денешниот настан истакна дека ја препознава важноста од редовно мерење на реформата на правосудниот сектор, особено инклузивниот начин на кој се спроведува и токму поради тоа, како што вели, се едни од главните поддржувачи на овој процес.

– Токму овој пристап на креирање политики врз основа на податоци кои се засновани на факти и перцепција на сите вклучени и упатени страни е вистинскиот начин за планирање и спроведување мерки и активности за идните реформски процеси во правосудството. Токму тековните и следните реформи треба да го обликуваат правосудниот систем кој ќе нуди неселективна правда, спроведување на закони и целосно воспоставување на правна држава, посочи Црвенковска

Извештајот, според неа, ги рефлектира моменталните перформанси на правосудниот систем, ги идентификува потребите и слабостите, но, воедно укажува и на резултатите од досегашните имплементирани реформски иницијативи и активности.

Свое обраќање денеска имаше и Амбасадорката на Обединетото Кралство во Северна Македонија, Рејчел Галовеј, која посочи дека реформите во правосудството се навистина важни и нивните одлуки влијаат значително врз животот на луѓето а и на државата.

Овие реформи се осмислени и веќе се во фаза на спроведување и ваквите истражувања и анализи кои што се спроведуваат ќе дадат голем придонес. Важно е денеска, по овие забелешки, да можеме детално да го продискутираме напредокот што е постигнат и предизвиците кои што претстојат, кажа Галовеј.

Дополни дека е сигурна дека Обединетото Кралство ќе биде тука за поддршка, но ќе биде и критички настроен пријател, бидејќи сето она што ќе произлезе од ова ќе биде, според неа, од големо значење за понатамошното партнерство.

Лидија Стојкова Зафироска, претседателката на Центарот за правни истражувања и анализи, сподели дека севкупниот проект е изработен за три месеци и во истиот се вкрстуваат перцепциите на групите кои што се директно засегнати и имале директна врска со судството. Помеѓу консултираните страни таа особено ја истакна заложбата на Судскиот совет, Министерството за правда, претседателите на судовите, секретарите во рамките на администрацијата на судовите, професионалните здруженија, коморите, адвокати, медијатори, извршители, странките во спорови, академската заедница и здруженијата на граѓани, со што заклучи дека одзивот бил висок и според неа, покажува дека кога сакаме сите заедно да го поддржиме процесот, може да има ефекти.

 

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    110 shares
    Share 44 Tweet 28
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    104 shares
    Share 42 Tweet 26
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Пендаровски: Ниту една земја што се затворила не станала голема, изолацијата не е добра

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ