Градоначалникот на Крива Паланка, Арсенчо Алексовски деенска ги обвини работниците од Друштвото за производство на чевли и трговија „Кадоро ОТТО“ ДООЕЛ од Крива Паланка, дека се политички мотивирани и дека невладината организација „Гласно“ од Штип ги наведува да протестираат!
Како што најавија во понеделникот, работничките денеска го продолжија штрајкот поради неисплатени плати, на плоштадот во Крива Паланка. Таму се сретнаа со градоначалникот на Крива Паланка, Алексовски. На неговото обвинување за политизација на протестот, една од работничките му посочува дека политиката нема врска со протестот, дека е членка на ВМРО–ДПМНЕ и дека протестира за своите работнички права и за заостанатите три плати.
На прашањето на претставничката од „Гласно“ до градоначалникот – како е можно да не е информиран дека работничките, негови сограѓанки и гласачи, не добиле плата и здравствено осигурување неколку месеци и дека поради тоа протестираат, тој одговара: „Па, вие ги наведувате“!
Фото и видео: „Тивко мнозинство – Гласно“ (Штип)