„Ниту некој граѓаните ги прашува, а ниту граѓаните нешто прашуваат. Ова што сега се случува не се вика држава, според мене Македонија може да биде на рамниште на некоја земјоделска задруга или некое мало претпријатие, бидејќи нема никакви услови да биде држава“, вели еден граѓанин на прашањето на ЦИВИЛ Медиа – Дали некој ги прашува граѓаните во донесување на одлуки на локално и национално ниво.
„Почнувајќи од Претседателот и сите премиери се лопови, ние сме лоповски народ и држава…“, додава тој.
Граѓаните не може да влијаат на одлуките на власта бидејќи се плашат да не им дојде полицијата и да ги искрши од ќотек, додавајќи – „Гледате дека полицајците носат по два пиштоли и два пендраци“.
Тој вели дека 25 години му поминаа во исчекување и ништо не се подобри.
„Ако треба и личното име ќе го смениме само да живеат малку подобро тие што доаѓаат позади нас, барем тие да живеат некој живот бидејќи ова не е живот ние што го живееме“, вели соговорникот.
Тој додава дека не му пречи Албанците да се лидери во државата ако тоа е за доброто на народот.
„Доста се бавиме со историски личности. Тоа што направија во минатото останува во историјата, ние мора да гледаме напред“, истакна тој.
Тој бара од надлежните инститиуции да ги применуваат законите и секој што згрешил да одговара, дури и за едно евро ако украл да лежи во затвор.
Ангела Петровска
Камера: Дехран Муратов