Никој не го одземал националното достоинство, името, јазикот, идентитетот… Напротив, тие се заштитени повеќе од кога и да е порано, а воедно земјата веќе со месеци е на брзиот колосек кон ЕУ. Но тоа, впрочем, е и најголемиот проблем за рашистите. Додека лидерите во политиката, прогресивните граѓанки и граѓани, медиуми и граѓански организации ја вадеа земјата од изолација и ја поставуваа на шините кон европската иднина, тие чучеа на страна и – мразеа. И сега, кога светот е пред жестоки пресвртници, тие ѝ се поклонија на деструкцијата.
Ете, тоа е валканата позадина на кампањите со лаги, омраза, подбив и дискредитација што со години се упатуваат секој ден на адреса на ЦИВИЛ или на мене лично. Ништо друго.
Но лагите се немоќни пред испитот на реалноста. Потврдено.
Извадок од колумната „Лагите се немоќни пред испитот на реалноста“, од Џабир Дерала.