• Latest

Николоски: Со ребалансот се подобрува стандардот на граѓаните, за нови мерки 4,7 милијарди денари, за вработување 1,9 милијарди денари

June 24, 2022
Скриншот од видео на ВВС

„Ни треба храна, немаме храна“ – очајот ја зафаќа Јамајка по ураганот

November 1, 2025
Скриншот од видеото од  украинската операција насочена кон клучен руски воен цевковод за гориво во Московската област на 31 октомври 2025 година/ HUR на Телеграм

„Метеж во Москва“ – Украина погоди критичен воен систем за гориво во близина на руската престолнина

November 1, 2025
Украина предаде руски воен затвореник обвинет за воени злосторства на Литванија на 31 октомври 2025 година. Фото: Национална полиција на Украина

„Историски преседан“ – Литванија кривично ќе гони руски воен заробеник осомничен за воени злосторства во Украина

November 1, 2025
Скриншот од видео на FRANCE24

Парискиот суд осуди четворица Бугари за сквернавење на Споменикот на холокаустот во операција поврзана со Русија

November 1, 2025
Фото: Berlin Brandenburg airport

Берлинскиот аеродром Бранденбург привремено ги прекина летовите поради забележан сомнителен дрон

November 1, 2025

🎬 Изборен молк: Време за тишина, време за размислување и одлука по сопствен избор

November 1, 2025

Како да пријавите изборни нерегуларности во ЦИВИЛ: Пополнете формулар, преку електронска пошта, телефонски повик или порака

November 1, 2025
Скриншот од видео на CNN-News18

Во Бразил протести против најсмртоносната полициска операција против нарко бандите

November 1, 2025
Жел. станица, Нови Сад (фото извор: Википедија)

Вишиот суд во Белград повторно го потврди обвинението на ВЈО за падот на бетонската настрешница во Нови Сад

November 1, 2025

Центар за аналитика и комуникации на ЦИВИЛ на изборниот ден: Прес конференции во живо и интензивна комуникација со јавноста

November 1, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Николоски: Со ребалансот се подобрува стандардот на граѓаните, за нови мерки 4,7 милијарди денари, за вработување 1,9 милијарди денари

June 24, 2022 12:33
in ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА, СОЦИЈАЛНА ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Со ребалансот на Буџетот за 2022 година се обезбедуваат средства за подобрување на стандардот и условите за живот на граѓаните во услови на најголема глобална економска криза. За нови таргетирани мерки наменети за финансиска помош на оние на кои им е најпотребна, се обезбедуваат средства во износ од 4,7 милијарди денари. Средствата за активни мерки за нови вработувања се зголемени за три ипол пати споредбено со 2016 година, односно од 521 милион денари на 1,9 милијарди денари, истакна заменик министерот за финансии, Филип Николоски образложувајќи го ребалансот на Буџетот за 2022 година, информираат од Министерството за финансии.

Истовремено, во време на глобална економска криза, нагласи заменик министерот Николоски, потребно е рационално користење на средствата од Буџетот и штедење онаму каде што има можност. Со ребалансот на Буџетот средствата за материјали и ситен инвентар се намалени за 171 милион денари, додека средствата за купување нови возила се скратени за 107 милиони денари.

Говорејќи за стандардот на граѓаните Николоски рече дека за тоа најдобро говорат податоците за континуираното зголемување на нето платата, како и податоците за зголемување на средствата за пензии. 

– Просечната нето плата за само четири месеци од годинава се зголеми за 10 проценти, што целосно го покрива порастот на инфлацијата во овој период од годината. Согласно последниот објавен податок од Државниот завод за статистика, во април просечната нето плата изнесува 31.525 денари, потенцира заменик министерот Николоски и притоа додава дека можеби и тоа не е доволно, но важно е што има континуиран раст.
Просечната нето плата бележи раст од 41 процент во споредба со 2016 година кога истата изнесувала 22.342 денари.

Притоа заменик министерот нагласи дека здравствените работници, просветните работници односно вкупно над 90 илјади вработени во јавниот сектор, добија или ќе добијат повисоки плати во година на најголема светска економска криза.

Воедно, како што рече, продолжува грижата и за пензионерите и подобрување на нивниот стандард, при што средствата за пензии во Буџетот се зголемени за 33% во однос на 2017 година и истите со ребалансот изнесуваат 68 милијарди денари.

Со ребалансот на Буџетот се зголемуваат и средствата за трансфери кон општините, се со цел подобрување на условите за живот во сите општини. Така, во 2017 година транферите кон единиците на локална самоуправа изнесувале 17 милијарди денари, а со ребалансот истите изнесуваат 23 милијарди денари или 6 милијарди денари повеќе. Само со ребалансот за 2022 година, нагласи Николоски, се обезбедуваат нови дополнителни над 800 милиони денари кон општините.

Притоа, како што рече, за движењето на економијата, јасно говорат и податоците за Бруто домашниот производ во апсолутен износ. Така ако БДП во 2016 година изнесувал 9,6 милијарди евра, во 2022 година истиот е проектиран на 13,1 милијарди евра, што е раст за 36,5 проценти односно за цели 3,5 милијарди евра, стои во соопштението од Министерството.

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

    148 shares
    Share 59 Tweet 37
  • Деца и училишни ресурси како алатка за кампања во Пробиштип!

    139 shares
    Share 56 Tweet 35
  • Лукоил ги продава своите филијали во странство по санкциите на САД, македонската подружница сé уште молчи за прашањата на ЦИВИЛ

    112 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изборите и коалицијата: ВЛЕН му го залула чунот на Мицкоски

    111 shares
    Share 44 Tweet 28
  • Нема втор круг! Изборите во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Центар Жупа пропаднаа – ќе се распишат нови!

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ