Александар Николовски од ВМРО-ДПМНЕ, кој беше во посета на Дојран, го повика Зоран Заев на ТВ дуел.
„Јавно од Дојран го повикувам Зоран Заев на ТВ дуел на кој што ќе можеме да ги спротивставиме нашите програми и концепти за граѓаните јасно да можат да направат разлика и да дадат поддршка на Коалицијата за обнова на Македонија предводена од ВМРО-ДПМНЕ“, изјави Николоски.
Љупчо Николовски од СДСМ на средба со граѓаните во Катланово ги претстави проектите, како зголемување и поврат на пари кај граѓаните од ДДВ, од 600 на 800 денари, повисоки плати и нови работни места.
„Носиме нова македонска развојна економија, која ги штити работниците и носи повисоки плати и нови работни места. Го зголемуваме и повратот на пари кај граѓаните од ДДВ, од 600 на 800 денари. Заедно со сите вас, ја спречуваме сивата економија“, рече Николовски.
Николовски најави дека имаат план за уште повисока минимална плата до 20.000 денари, и просечна плата до 34.000 денари, но и зголемување и на пензиите.
Љубе Бошкоски на својот Фејсбук профил напиша:
„ДПМНЕ на чело со Груевски и Мијалков се тие што му ја расплакаа мајката на народот, а не Заев. Груевски и Мијалков газеа врз моето достоинство, не Заев. Јас сум во коалиција со Заев и три години влакно не ми фали“.
На средба со жители од Општина Сарај, Али Ахмети го претстави Насер Зибери, кандидатот што го номинираше партијата, за прв премиер Албанец, на парламентарните избори што ќе се одржат на 15 јули.
Во неговиот говор тој истакна дека и регионот се тресе поради оваа идеја бидејќи, како што вели, две недели во континуитет се зборува во домашните медиуми, но и на тие од регионот.
„Ние застанавме позади идејата и идеите се бесмртни, тие можат да се напаѓаат за одредено време, може да не триумфираат од разните напади, но нема сила што може да ги порази. Ние идејата ја предложивме 2009 година и топката пукна после единаесет години, во 2020 година. Ние сакавме кандидат Албанец кој што е докажан, кој имал искуство како што е кандидатот Насер Зибери, кој бил дел од државните институции“, изјави Ахмети.
А. П.