• Latest

Николовски: Ги поврзуваме институциите, никој нема да смее да затајува и забавува случаи со корупција

January 11, 2021

Светски ден на бегалците, застрашувачка статистика: 118 милиони присилно раселени во 2025, бројката расте – ЦИВИЛ повикува на одбрана на оние што бегаат од војна

June 20, 2026
ЈАС И ИТАЛИЈА НИКОГАШ НЕ МОЛИМЕ | Премиерката на Италија, Џорџ Мелони (фото извор: ФБ страница на премиерката Мелони)

Мелони му возврати на Трамп: Јас и Италија никогаш не молиме (ВИДЕО)

June 20, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Македонија и ЕУ: процес прекинат и заменет со маратон кон Недојдија

June 19, 2026
Прослава, 36 години ВМРО-ДПМНЕ, Струмица, 17 јуни 2026 (фото извор: партиска веб страница)

Граѓански форум: Прославата на ВМРО-ДПМНЕ во коментарите се доживува како ароганција и раскош во време на сиромаштија

June 19, 2026

Амбасадорката Лариса Дир за ЦИВИЛ: Украина ја брани својата европска иднина и продолжува со реформите во услови на војна

June 19, 2026
Москва гори, 18 јуни 2026

Москва гори: Како украинските дронови системски ја рушат руската нафтена империја (ВИДЕО)

June 18, 2026

Отидовте ли на одмор СДСМ?

June 18, 2026
Струмица, 17 јуни 2026 (фото извор: партиска веб страница на ВМРО-ДПМНЕ)

ВМРО-ДПМНЕ за пет минути „одговори“ колку чинела роденденската прослава

June 18, 2026

Идентитетот како алиби за блокада

June 18, 2026
Free European parliament image, public domain building CC0 photo.

Судир со реалноста во Стразбур: ЕП ги изгласа сите услови и остри критики за реформите во Скопје

June 18, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Николовски: Ги поврзуваме институциите, никој нема да смее да затајува и забавува случаи со корупција

January 11, 2021 15:16
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter
„Минатата година, со почетокот на мандатот, преземавме јасни и недвосмислени чекори. Започнавме отворена и бескомромисна битка против ова зло, во која секој што го прекршил законот, ќе сноси одговорност. Донесовме нов поприменлив Кодекс за етичко однесување на именуваните функционери, со кој, освен министрите и замениците министри, се опфатени сите функционери именувани од Владата, до најниско ниво. А, дека се водиме од мотото неселективна правда, покажа и разрешувањето на функционери кои прекршија одредби од Кодексот.“- подвлече вицепремиерот Љупчо Николовски промовирајќи ги европските стандарди дома преку Акција 21.
Укажа дека секој функционер ќе биде проверуван за неговото работење, а на позиција ќе останат само оние кои се однесуваат одговорно, чесно и соработуваат со граѓаните.
„Ги задолживме сите надлежни институции, вклучително и општините и Градот Скопје, на своите веб страни, јавно да ги објавуваат сите документи и информации поврзани со нивната работа. Ова ќе биде и еден од условите за општините да добиваат финансиска поддршка од Буџетот и од меѓународните институции. Имаме конкретна алатка по која го мериме однесувањето на функционерите, дали се одговорни, дали работат етички, дали им служат на граѓаните чесно и посветено. Сите што им служат на граѓаните со работа, посветеност и одговорност, не треба за ништо да се грижат. Останатите треба да знаат дека се мониторирани и дека ќе бидат сменети ако не се промената себеси.“- рече вицепремиерот Николовски.
„Нашата цел е да работиме за да создадеме подобар живот за секој наш граѓанин, а тоа да го обезбедат чесни функционери и отчетни институции, кои работат во интерес на народот и на државата, а не во сопствен или партики интерес“, истакна Николовски.
Нагласи дека за да може секој владин функционер да придонесе во олеснувањето и подобрувањето на квалитетот на животот ќе мора да помине низ тест за интеграција.
„Во Новата 2021 година продолжуваме со имплементација на препораките од ГРЕКО. Во првата половина на годинава, во соработка со УСАИД ќе се спорведе тест за проценка на интегритетот на членовите на Владата и нивните советници и надворешни соработници. Тоа ќе придонесе за воочување на евентуалните слабости во поединечните сектори, а со тоа ќе се превенира и корупцијата навремено. Имено, тестот ќе покаже кои сектори се најризични од во поглед на корупција, спобноста за менаџирање на кризни ситуации од страна на функционерите.Така ќе сеовозможи соодветно алоцирање на ресурсите, зајакнување на капацитетот на инситуциите, обезбедување на поефикасни и навремени услуги кон граѓаните“, објасни Николовски.

„Започнуваме да го имплементираме проектот за интероперабилност помеѓу антикоруцписките институции кои одговараат пред Владата. Преку овој проект ќе се овозможи безбедна и ефикасна размена на податоци за предмети поврзани со корупција по електронски пат. На тој начин ќе имаме брзи и ефикасни резултати во решавањето на случаите за кои постои сомнеж за корупција“, најави Николовски.
Дополни дека нема да има привилегирани и дека процесите со сомнеж за корупција ќе се решаваат брзо.
„Никој нема да смее да затајува, забавува и одолговлекува случаи каде има сомнежи за корупција. Ние никого нема да осудуваме однапред, но имаме задача и обврска сите информации веднаш да ги предадеме кај надлежните институции, за процесите брзо да се завршуваат. Ако има корупција следи казна, ако нема корупција, продолжуваме понатаму. Ова е процес во којшто ни треба единство, ни треба соработка и придонес од секокого. Затоа, уште повеќе ќе ја зајакнеме координацијата меѓу надлежните антикорупциски институции, независните институции како што се ДКСК и судовите, невладиниот и приватниот сектор налдежните министерства, за правда, за внатрешни работи, и другите, и со секој еден во ова општество, којшто сака нашата држава да чекори напред и нашите деца да растат во општество еднакво за сите, ослободено од корупција“, истакна Николовски.
„Од 23 основни јавни обвинителства во државата, само четири имаат истражни центри, кои, иако се оперативни ги немаат потребните капацитети, не се екипирани, ниту се дигитализирани. Затоа, во соработка со Министерството за правда, ќе се фокусираме на екипрање и дигитализација на истражните центри во Јавното обвинителство, што ќе придонесе во борбата против корупцијата и криминалот преку брзо решавање на предметите“, најави Николовски.
Откри дека електронски ќе се поврзат сите испекциски служби за да се намали субјективното влијание на инспекторите.
„Како една од алките во борбата против корупцијата е воспотавувањето на ефикасен контролен механизам. Оваа година започнуваме со воведување на електронски систем за инспекција „Е-инспектор“, којшто ќе овозможи електронско поврзување и работење на сите 28 инспекциски служби под јурисдикција на Инспекцискиот совет. Со овој систем ќе се намали субјективното влијание на инспекторот за време на инспекцијата“, потенцираше Николовски и додаде дека ќе се креира единствен регистар на недвижности за сето она што е во сопственост на државата.
„Преку креирање на единствен регистар на недвижности за сѐ што е во државна сопственост, како и регистар на подароци, ќе придонесеме до домаќинско работење и полесно водење сметка за трошењето на нашата држава.Така ќе се зголеми и нивото на одговорност на носителите на јавни функции преку почитување на начелата на отчетност, транспарентност и функционирање без злоупотреба на државните ресурсите со главен акцент на грижата за имотот со кој располага државата“, истакна Николовски.
„Сакам да истакнам дека работиме на анализа на дискреционите права на функционерите и дека од сето тоа ќе произлезат закони околу намалувањето на правата. Понатаму, ќе имаме намалување на бројот на членови во надзорни тела и во одборите. Со Советот на Европа работиме заедно на проекти, но и ме радува тоа што заедно работиме со ДКСК во делот на носење на законски решенија за потекло на имот на сите функционери. Во моментов се прават компаративни анализи за да испорачаме законско решение во делот на проверката на имотот“, истакна Николовски, како одговор на прашање на новинарите.
Сите овие споменати проекти, според него, имаат за цел да го променат начинот на размислување, да стават ред и да го подобрат животот на граѓаните. На прес конференцијата Николовски се осврна на приоритетите за борба против корупција, како дел од владиниот план „Акција 21- европски стандарди дома“.
„Новата 2021 година ќе биде антикорупциска година. Ќе водиме активна и постојана кампања за подигнување на свеста кај граѓаните, за негативните ефекти на корупцијата и за сите механизми кои им стојат на располагање за да се спротистават. Граѓаните и државата, владата, конечно се на иста страна во борбата против корупцијата. Граѓаните треба да ја препознаваат корупцијата и не треба да се плашат да ја пријават, затоа што никој не е над законот“, вели Николовски.
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ