Вицепремиерот задолжен за борба против корупцијата и криминалот, Љупчо Николовски, во одговор на пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Александар Велјановски, денеска, меѓу другото, изјави:
Знам дека нервозата е се поголема кога не успеавте да го спречите носењето на Законот за ЈО, кога не успеавте да спречите да се трансферираат предметите од СЈО кои деновиве имаат разрешници но јас од вас очекував поголема загриженост како членови на ВМРО ДПМНЕ да дадете став за тоа како и што се случува со „Плацевите на Водно“ каде што ВМРО ДПМНЕ е оштетена со 1,3 милиони евра или како тоа од партиската каса вашиот лидер си купувал станови итн. Мислам дека тоа повеќе треба да ве загрижува и да излезете со став по однос на тие прашања