• Latest

Николовски: Во 2022 година имаме двојно зголемен откуп на сончоглед споредено со претходната

March 8, 2023

Гаши ги распиша локалните избори за градоначалници во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Ростуша и Центар Жупа за 11 јануари 2026

November 17, 2025

Обвинение против Љубе Темелков, советник на МААК во Неготино, за ширење омраза, расизам и дискриминација врз ромската заедница

November 17, 2025
Скриншот од видео на
Firstpost

Поранешната премиерка на Бангладеш, Шеик Хасина, осудена на смрт поради брутално задушување на студентските протести

November 17, 2025
Фото: ЦИВИЛ

Отворен јавен повик: Студентите добиваат ваучери за електронски уреди

November 17, 2025
Скриншот од видео на UNITED 24

По 39 години од нуклеарната катастрофа, нова трагедија предизвикана од Кремљ: Вдовицата на првата жртва од Чернобил  убиена во рускиот напад врз Кијив 

November 17, 2025
Фото: Фејсбук Јетмир Асани

Ноќна забрана за фрлање ѓубре: Скопје воведува казни од 50 до 1.800 евра

November 17, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

САД го означуваат венецуелскиот картел како странска терористичка организација

November 17, 2025
Скриншот од видео 60 minutes/CBS

Трамп ги охрабрува републиканците да гласаат за објавување на досиејата на Епштајн, означувајќи силен пресврт

November 17, 2025
Фото: Глобус

Како е поврзан министерот Трипуновски со корупцискиот скандал во кој е осомничена негова блиска соработничка

November 16, 2025

Трајниот геноцид на кремљовскиот режим

November 16, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Николовски: Во 2022 година имаме двојно зголемен откуп на сончоглед споредено со претходната

March 8, 2023 18:21
in ВЕСТИ, ИЗЈАВИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Мерките донесени од Владата, а пред сè договорното производство, а и поврзувањето на производителите и откупувачите со посредство на МЗШВ, денес даваат резултати и како резултат на тоа имаме и двојно зголемен откуп на сончоглед, истакна министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски при денешната посета на прехранбената индустрија „Кристал“, попозната како „Маслодајна“.

Тој заедно со сопственикот на „Кристал“ Горанчо Лазов денеска се сретна и разговараше со производителите на сончоглед и ги сослуша нивните проблеми, потреби и барања, пренесува МИА.

Претседателот на Здружението за производители на сончоглед и самиот производител Никола Петковски од Свети Николе истакна дека започнале производство на две илјади хектари, а лани го зголемиле на околу осум илјади хектари под сончоглед.

Министерот Николовски рече дека лани во услови на криза и започнување на војната во Украина, биле усвоени низа на мерки со кои пред сè промовира договорното производство.

– Ефектите се очигледни затоа што имаме двојно зголемено откупено производство на сончоглед во 2022 година и тоа може да го потврдат откупувачите. Во 2021 само велешки „Кристал“ откупил 4000 тони, а лани над 10 илјади тони откупен сончоглед. Имаме рекордни откупни цени на сончоглед, во 2021 од 22 денари, а во 2022 година откупната цена достигна 35 денари за килограм. Затоа како држава треба да најдеме начин како оваа доверба што е изградена помеѓу производителите и откупувачите и да ја задржиме и да ја одржиме токму преку измените на Законот за земјоделство и рурален развој каде што се овозможува субвенционирање на каматните стапки преку Програмата за рурален развој, потенцира министерот Николовски.

Тој информира дека како резултат на сето тоа, во 2022 година во земјава е намален увозот на сончоглед.

На пример во 2021 имало увоз на 4000 тони, а лани на само илјада тони сончоглед. Тоа, според него, е крајната цел и ефект.

Воедно и со интервентната мерка за набавка на ѓубриво по 2500 денари по хектар за производството на сончоглед, како и,преку мотивирачката мерка од 5760 денари по хектар за остварено производство, односно за зголемен принос по килограми: Тука се и субвенциите за предавање на производството во земјава за производство на домашна храна.

Министерот Николовски посочи дека со сите мерки на Владата, лани цената на маслото за јадење беше над 155 денари за литар, а годинава е 90 и под 90 денари за литар.

Тој посочи дека сончогледот е една од земјоделските култури која целосно и понатаму ќе се поддржува, со цел домашните производители да имаат суровина-сончоглед од домашни производители.

Сопственикот на прехранбената индустрија „Кристал“, Горанчо Лазов потсети дека поранешната фабрика „Маслодајна“ годинава слави 100 години од своето постоење.

Тој потенцира дека има зголемено производство, а тие како резултат на тоа тие имаат намален увоз на сончоглед.

– Се надевам дека во скорашна иднина ќе имаме доволно сончоглед од домашни производители, со што ние како производители ќе немаме потреба да увезуваме, бидејќи со сите овие мерки и со навремена исплата од нас. Сметам дека се повеќе и повеќе се зголемува интересот за сеење на сончоглед. Воедно, мислам дека претстојната реколта ќе има зголемено производство. Од наша страна можеме да ветиме дека ќе го откупиме целото произведено количество на сончоглед во земјава, вели Лазов.

Тој рече дека иако засега нема можност 100 посто да се задоволат потребите на македонските производители со домашна суровина, сепак се надева дека во идните години ќе има уште повеќе зголемено производство на сончоглед, а со што тие како производители на масло за јадење не ќе имаат повеќе потреба од увоз на сончоглед.

Никола Петковски од Свети Николе производител и претседател на Здружението на производители на сончоглед, оцени дека произвидетелите лани имале задоволувачка производствена година.

Тој појасни дека пред четири години имаше само илјади хектари, а лани околу 8000 хектари под сончоглед.

– Зголемено е по 15 илјади тони повеќе производство на сончоглед бидејќи се направија мерки кои се задоволителни за производителите на сончоглед, да можат да ги покријат трошоците, а воедно имаат и сигурност, со тоа што им е загарантиран откупот. Мислам дека со сите дадени услови и субвенции дека годинава ќе има и зголемени површини под сончоглед за 20 отсто, истакна Петковски.

Тој најави дека за 15 тина дена ќе започне сеидбата на сончогледот на македонските ниви.

На новинарска констатација дека лани во земјава се произведени 15 илјади тони сончоглед, а се откупени 11 илјади тони.

Петковски информира дека четири илјади тони сончоглед од македонските ниви завршил кај малите производители кои сончогледот го пакуваат за грицкање и истиот го извезуваат во Косово.

– За цената на сончогледот моментално не можеме да ја одредиме. Инаку моментално цената паѓа, а ако биде колку ланската, сепак ќе бидеме задоволни, појасни Петковски по новинарско прашање.

Tags: „Кристал“мерки на ВладатаМЗШВНиколовскисончоглед
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    307 shares
    Share 123 Tweet 77
  • Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    122 shares
    Share 49 Tweet 31
  • Вицепремиерот Стоиљковиќ со нервозна реакција на новинарско прашање од ЦИВИЛ – тенденциозна и потпалувачка порака на социјалните мрежи

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
  • Како е поврзан министерот Трипуновски со корупцискиот скандал во кој е осомничена негова блиска соработничка

    95 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ