Амбасадорот Метју Нимиц, личниот пратеник на Генералниот секретар на ОН, утре, 1 февруари за време на својата посета воќе Македонија, ќе разговара за иницијалната рамка за надминувањето на разликата за името, со претседателот на Република Македонија Ѓорѓе Иванов и со претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев.
Исто така, Нимиц ќе се сретне и со министерот за надворешни работи на Република Македонија Никола Димитров, со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, како и со претседателот на ДУИ, Али Ахмети.
Средбата е најавена за 12 часот, а изјава за медиуми, Нимиц ќе даде во 12:45 часот во Кабинетот на МНР.
Б.Ј.