На Балканскиот самит кој го организира грчкиот премиер Мицотакис, по повод 20-годишнината од Солунската декларација, кога европските и лидерите на земјите на Западен Балкан се согласија дека иднината на регионот е во ЕУ, претседателот на Србија, Александар Вучиќ, по разговорот со премиерот на Северна Македонија, Димитар Ковачевски изјави дека Србија и Северна Македонија се навистина пријателски земји.
„Ако ме прашувате мене, братски“, напиша Вучиќ вчера на Инстаграм профилот „будуќностсрбијеав“.
Тој додаде дека нема и не смее да има недоразбирања меѓу Белград и Скопје.
„Ништо не бараме од нашите браќа, единствено што нудиме е искрено пријателство“, изјави Вучиќ.
Лидерите на Србија, Молдавија, Црна Гора, Грција, Романија, Босна и Херцеговина, Северна Македонија, Бугарија, Хрватска и Косово, како и претседателката на ЕУ, Урсула фон дер Лајен и претседателот на Европскиот совет, Чарлс Мишел беа дел од овој самит. На самитот не беше поканет албанскиот премиер, Еди Рама, а албанскиот претседател, Бајрам Бегаи не ја прифати поканата, како последица на заладените односи меѓу Атина и Тирана.