• Latest
Драган Ковачки (четврти од лево на десно) на протестите против преговарачката рамка на ЕУ во јули, 2022 година (фото извор: ФБ профил на Ковачки)

НИТУ ГЕНЕРАЛ, НИТУ МИНИСТЕР: Драган Ковачки, ефикасен само како бегалец од судски соочувања

March 21, 2024

24 ЧАСА: Стратешко партнерство со Обединетото Кралство; Украина стои на наше место против глобалната закана; Соопштението што медиумите пропуштија да го објават

May 20, 2025

ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Што мислите за израелската војна во Газа?

May 20, 2025

Соопштението што медиумите пропуштија да го објават: Стоп за злото – Рускиот ракетен терор мора да престане веднаш!

May 20, 2025
Фото: Херсонська обласна прокуратура

Во руските напади низ Украина во текот на изминатиот ден загина 1 цивил, повредени 13; бројот на повредени во Херсон се искачи на 10

May 20, 2025
Фото: Влада на РСМ

Владата го усвои предлогот за стратешко партнерство со Обединетото Кралство

May 20, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Новиот про – ЕУ претседател на Романија ја враќа надежта кај граѓаните, следува соочување со предизвиците – формирање влада, борба со корупцијата, инфлацијата, буџетскиот дефицит

May 20, 2025

Уставен суд ги укина членовите 17 и 18 од Изборниот законик, независните кандидати ќе можат да се кандидираат со по илјада потписи

May 20, 2025

“Мирот” на Путин: Терор маскиран како дипломатија

May 20, 2025
Војо Маневски

Ние немаме проблем со стратегијата туку со оператиката

May 20, 2025
Фото: Генерирано со помош на ВИ

Мирот во Украина изгледа подалечен по телефонскиот разговор на Трамп со Путин

May 20, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home АНАЛИЗИ

НИТУ ГЕНЕРАЛ, НИТУ МИНИСТЕР: Драган Ковачки, ефикасен само како бегалец од судски соочувања

March 21, 2024 14:04
in АНАЛИЗИ, ИЗБОРИ, ПОЛИТИКА, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Драган Ковачки (четврти од лево на десно) на протестите против преговарачката рамка на ЕУ во јули, 2022 година (фото извор: ФБ профил на Ковачки)

Драган Ковачки (четврти од лево на десно) на протестите против преговарачката рамка на ЕУ во јули, 2022 година (фото извор: ФБ профил на Ковачки)

Share on FacebookShare on Twitter
  • Драган Ковачки како да оди во некакво неказниво сафари во кое сè му е дозволено и однапред простено.
  • Собранието на РСМ и онака во опозициониот дел на салата е како резерват за чување на лица кои имаат кривични пријави на кои се чека да застарат!
  • Ковачки е најефикасен кога бега од лицето на правдата!

ЉУБОМИР КОСТОВСКИ

Нема сомнение дека една од последните задачи кои ги имаше Иванов како претседател после симнувањето на Груевски од власта, беше да „регрутира“ партиски профилиран човек од редовите на униформираните, во војската, каде имаше надлежност. Изборот беше – Драган Ковачки, кој доби висока позиција.

Ова не беше обична кимка кон новата опозиција, туку беше дел од ситуацијата „која е вашата последна желба?“ – што претпоставува дека во Палатата Татарчев постоел крој од кој требало да се изработи соодветен костум, пардон, униформа адекватна на желбата за власт на груевистите, делумно зафатени со параноја после неуспешниот државен удар од 27 април 2017 година.

Имено, инженерингот за тој потфат почувствува дека постојат „лабави позиции“ каде што вмровците не може да се потпрат ако им згусти.

Ковачки (47) како делчевец, предел кој од вмровска тврдина на политичката мапа најсилно ја „сврти капата“ кон социјалдемократите се чинел дека е кадар кој би бил адекватен избор за враќање на партијата на старите позиции и во постизборниот вокабулар на Влатко Ѓорчев на следните избори. Згора, како кадар кој дипломирал на Кралскиот колеџ за одбранбени студии, барем знае еден странски јазик, за да не биде како сите други вмровски кадри (како претседателот Иванов, на пример), за да го вика Боцевски да му преведува во разговор со странците, дури и во кулоарски ситуации.

ДО ПОСЛЕДЕН ЗДИВ Иванов до крај се посвети на одбрана на режимот

Но, вертикалата низ која се движел офицерот Ковачки нагло се заврте и кога, наместо јасните кодови за војничко однесување во АРМ, тој започна со политичко ангажирање за опозицијата; најпрвин „во слободно време,“ а потоа да стане дел од јавните кадровски калкулации на партијата со која ги делеше своите погледи.

Јасно е дека стана најголемото изненадување пред претходните парламентарни избори во 2020 година, како предлог од страна на опозицијата за иден технички министер во МВР, позиција за која се очекуваше да биде некое лице со подолг стаж во самата партија ВМРО-ДПМНЕ.

Идејата на Христијан Мицковски офицер да влезе во цивилен костум падна уште во разговорите кои се водеа со тогашниот политички опонент и премиер Зоран Заев. Според Заев, прописите се јасни – министер за внатрешни работи не може да биде воено лице, односно треба најмалку три години да биде цивил пред да стапи на функција во МВР.

Во она време Ковачки беше полковник во АРМ и според неговата биографија кариерата ја поминал во специјалните единици на војската, а потоа бил и дел од военото разузнавање. Ама намерата на неговите сè уште не толку видливи промотори Ковачки во меѓувреме самиот ја провали. Што би се рекло, така тој не стигна до можноста некогаш да дојде до чинот генерал.

Дел од опозициските медиуми обвинуваа дека Ковачки бил сопрен во промоцијата од страна на претседателот Пендаровски како врховен командант. Дури Ковачки беше разрешен од позицијата командант на Првата механизирана бригада од страна на Пендаровски.

Претседателот на тој начин ги укина решенијата од претходникот Иванов за што беше поведена и постапка од Државната комисија за спречување на корупција. Унапредувањето на Ковачки од Иванов е направено во февруари 2017 година кога била почната изборна активност за избор на заменик на „потстанарот во Претседателката палата“ (како што пишува Дерала), што е движење во атмосфера на фрлена „чадна бомба“, односно тогаш не се дозволени сериозни кадровски поместувања. Згора, Ковачки кога како прв воен разузнавач се става во нечии партиски прангии, нема што да се дискутира за тоа дека ја минал црвената линија и тоа веројатно не толку одамна.

Згора, кога веќе влеговме во НАТО, тој лесно би ги оддавал чувствителните информации надвор од касарната и коридорите кои ги предвидува шефот на државата. А преку Палатата Татарчев не е тешко да помислиме каде истите би се одлевале, особено кога во Скопје вриеше од руски шпиони, што бараше исклучителна чувствителност во тој ареал. Ова особено важи за земја НАТО-приправник.

Впрочем, неодамна А1он објави документ според кој Ковачки бил одбиен за безбедносен сертификат од НАТО, нешто што тој, очекувано, го порекнува.

БЕЗ СЕРТИФИКАТ Документот од НАТО што го објави А1он

За да бидеме појасни по ова прашање, мора да се каже дека постои силна оска меѓу безбедносните структури на ВМРО-ДПМНЕ и Синиша Алексовски, кој беше советник на Иванов, а се покажа и како човек за врска со главниот шпион на Србија во земјава, секако и во регионот (за српско-руските релации и да не говориме!).

Доволно беше присуството на Зоран Живаљевиќ во Собранието на РСМ на денот на изведување на обидот за пуч на 27 април 2017, кој самиот тоа отворено го призна (а беше и снимен таму), но се повика на одобрение од Синиша Алексовски, советникот на Иванов за безбедност.

„Тој човек ја знаеше причината зошто бев таму и за тоа беше информиран. Мојата мисија таму не беше тајна и беше добронамерна во однос на безбедноста на Македонија, а во контекст на соработката која ја имаме со безбедносните служби на Македонија. Моето пријавување за активност таа вечер, на 27 април, беше насочено на самиот кабинет на претседателот и неговиот советник за безбедност,“ – откри Живаљевиќ.

Претходно, ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение ги демантираше тврдењата на српскиот претседател Александар Вучиќ дека некоја македонска институција му дала согласност на српскиот дипломатски претставник Горан Живаљевиќ да влезе во парламентот на Република Македонија за време на инцидентот.

Живаљевиќ тврди дека „во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ намерно се прескокнува инстанцата претседател на Република Македонија.“

Кој тука лаже? Се знае – оние од Татарчев. По овој настан, српската амбасада итно изнесе материјал качен на седум шлепери и ги изнесе од земјава, а ја затвори дури и амбасадата. Дури кога премиерот Заев директно го праша Вучиќ дали сме ние во војна заради ставањето на клуч на амбасадата, дојде до исправање на работите, а Живаљевиќ, како човек на БИА, беше испратен за секретар на амбасадата на неговата земја во БиХ, второто невралгично подрачје каде, пак, тогаш се одржуваа избори!

За врските на Алексовски и Ковачки објави своевремено и редакцијата на „360 степени“ која се повика и на сведочење на суд на браќата Стефан и Михаил Младеновски, кои говореа дека Иванов планирал да ја активира и воената полиција вечерта на 27 април, која требало да го уапси раководството на СДСМ!

Ковачки инаку веќе имаше веќе и кривична пријава во родното Делчево. Се работеше за фалсификување исправа. Иако станува збор за дело направено пред неколку години, тоа многу говори за матрицата и кредибилитетот на Ковачки.

Тој исто така беше казнет заради напад врз началникот на ГШ на Армијата, генерл-потполковникот Ѓурчиновски!

И после преземањето на власта и консолидацијата од страна на СДСМ и коалицијата предводена од него, Ковачки – осуетен и како можен технички министер за внатрешни работи – претходно и како човек од кариера во војската набргу влезе во цивилниот живот и тоа како? Со префрлање во собраниските клупи како пратеник на ВМРО-ДПМНЕ, според општо мислење, како ефикасна институционална одбрана од судењата кои барем под водство на судијката Кацарска се однесуваа на учесниците на настаните од „Крвавиот четврток“.

ОД ВОЈНИК НА ДРЖАВАТА ДО ПАРТИСКИ ВОЈНИК Ковачки ја фрли униформата за да се скрие зад партиската заштита и имунитетот што му го пружа Парламентот

Во замена на заштитата, кога се работи за одредени кривични дела, што важи и за дузина други пратеници од оваа партија, секако доаѓаше под рака со потребата да добие и своевидна задача на кус и долг рок: да лиферува информации кои би требале да го дискредитираат политичкиот противник. И тоа по можност оној од самиот врв! Посебно би се ставал акцент на вести од неговата поранешна функција и извори со кои можеби тој и натаму контактира. Или можеби вади документи од нему достапна папка…

Еден од тие документи беше насочен кон новиот премиер на Владата на РСМ – Ковачевски, кој беше строго доверлив, а се однесуваше на ослободувањето на именуваниот од служење на воен рок. Таквите документи се чуваат во архивите на МО во кои има информации за стотици илјади други лица кои биле на преглед пред воена комисија.

На тој начин тој си отвори голем правен проблем за себе, ама и за можноста било кога и било каде да има работа со материјали од доверлив карактер. Ова е секако важно, заради фактот дека Ковачки веројатно не се откажува по извесен период на цивилство да се надева на влез во кабинетот на висок функционер од извршната власт!

„Министерството за одбрана, согласно своите надлежности, постапувајќи по Закон и штитејќи ги интересите на државата и на граѓаните, отвора постапка за утврдување на одговорност за несовесно ракување и неовластено објавување на документи со класифицирана содржина. МО ги повикува политичките партии и поединци, во своите настапи и обиди да придобијат политички поени, да стојат понастрана од припадниците на МО и Армијата, да не ги поттикнуваат на извршување на кривични дела, со кои го нарушуваат сопствениот, но и угледот на Министерството и Армијата“, рекоа тогаш од МО. (ЦИВИЛ)

Премиерот и претседател на СДСМ, Димитар Ковачевски претходно одговори на обвинувањата на опозициската ВМРО-ДПМНЕ дека е трајно неспособен и дека лажел за да избегне издржување на воен рок.

ЗАКАНА Долга е раката на ВМРО

„ВМРО-ДПМНЕ не избира ни средства, ниту начин за да го сврти вниманието на јавноста од големите корупциски скандали и превирања во нивната партија. Тоа само потврдува дека се она што го гледаме во јавноста изминатата недела е вистина и ВМРО-ДПМНЕ се наоѓа во огромна криза“, наведе Ковачевски.

Што се случи по нападот врз Ѓурчиновски, а потоа и врз премиерот Ковачевски, со користење на еден документ што е недозволиво да биде јавен? Па, охрабрен од заштитата додека стои зад собраниската говорница, овој лик потоа тргна со напад кон министерката Шекеринска, а потоа и кон нејзината наследничка Петровска. Како да оди во некакво неказниво сафари во кое сè му е дозволено и однапред простено.

Собранието на РСМ и онака во опозициониот дел на салата е како резерват за чување на лица кои имаат кривични пријави на кои се чека да застарат!

Така, Драган Ковачки, ја обвини тогашната министерката за одбрана Радмила Шекеринска дека во јавноста, односно на Фејсбук, објавила како што вели тој, класифицирана воена мапа.

„Радмила Шекеринска направи кривично дело казниво со затвор и изврши класичен упад во воениот систем на Република Македонија со објавувањето на интернет на мапата за зоната на одговорност на Третиот пешадиски баталјон, мапа која открива дел од позициите на тој баталјон“, објави тогаш кандидатот за пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ. Министерката, во присуство на највисоките офицери на армијата, јавно кажа, а тоа го потврдија и присутните, дека тој на врвот на армијата му се заканувал со она „долга е раката на ВМРО“ и рече дека тој очигледно не ја разликува партиската книшка од воената заклетва!

На судирот со новата министерка Славјанка Петровска не требаше долго да се чека. И тоа, што се вели, удирајќи по нејзината чесност. Имено, тој отвори наводен документ дека таа сокрила имот во Радишани во пријавата за имотниот лист. Вмровските гласила (значи, безмалку сите македонски гласила) го користат во вакви случаи зборот „хациенда“ без да погледнат барем во речникот што тој значи! (За прв пат тоа се употреби за наводен имот на Зоран Заев на Халкидики, па се покажа дека е тоа на сосема друг Заев и не е имот, туку кат од куќа). Но, јавноста многу малку знае за фалшливоста на терминот.

БЕГСТВО ОД СООЧУВАЊЕ ВО СУДНИЦА Ковачки прво клевети, а потоа се крие (на фотографијата: Славјанка Петровска и Драган Ковачки)

Што покажа судењето? Најнапред, дека Ковачки се покажа како страшливец. Не се појавуваше на судењата, еднаш „ја заборавил“ и личната карта, а за сето тоа не доби казна од судијката која го водеше спорот, иако за тоа постои законска основаност!

Уште еднаш се покажа дека и надвор од „резерватот за неказнивост“ (Собранието на РСМ) судството не е подготвено да казнува вмровци од повисок ранг.

И кога конечно дојде до соочувањето во судница, се покажа дека Ковачки не поседува релевантни документи, а министерката докажа дека нема имот во Радишани, туку дека таму имала само плац кој го продала пред десет години! Според извештајот од судењето, обвинетиот се извинувал толку многу, што бил дури и потсопрен од неговиот бранител.

Таквите како него се силни само додека се во салата на Собранието, па за нив мора да се обезбеди преку избори за парламентот – продолжена заштита! Сега, тој е носител на изборната листа на ВМРО-ДПМНЕ во изборната единица 3.

Јасно, за неговите настапи и ставови може да се пишува многу повеќе, но не можеме да го трошиме вниманието на читателите со ваквите производи на мицковскиот инеженеринг.


Специјално за медиумската платформа на ЦИВИЛ. Текстот е личен став на Авторот.

Политичкиот аналитичар и ветеран во македонското новинарство, Љубомир Костовски, кој воедно е и главен уредник на онлајн политичкиот магазин „Глобус“, специјално за медиумската платформа на ЦИВИЛ, подготви серија политички профили на носителите на изборните листи на ВМРО-ДПМНЕ, најавени како ВИВИСЕКЦИЈА. Претходно, ЦИВИЛ ги објави политичките профили на Дафина Стојаноска и Владо Мисајловски. 

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љупчо Георгиевски, претседател на ВМРО НП (Фотографија: Џ. Дерала/ЦИВИЛ)

    Георгиевски: За време на геноцидот во Сребреница, најголемиот дел од македонското општество беше наклонет кон Србија, за што секој искрен Македонец треба да се срами

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
  • ФБИ: Фаталната експлозија во близина на клиниката за плодност во Палм Спрингс е терористички чин 

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
  • Ахмедин Шкријељ, СДА Санџак, Србија: Ниту една пропаганда не може да го избрише фактот дека имаше геноцид во Сребреница

    87 shares
    Share 35 Tweet 22
  • Десет години по граѓанскиот собир на 17 мај: Борбата за слобода и демократија продолжува!

    86 shares
    Share 34 Tweet 22
  • Владимиров, аналитичар, Бугарија: Основната цел на Русија е деструкција на нашите општества

    86 shares
    Share 34 Tweet 22

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ