• Latest

Нон-пејпер, хартија за медиумско потпалување етнички страсти и „патриотски“ говор на омраза

September 15, 2021
Првиот Ром кандидат за градоначалник на Град Скопје, адвокатот Срџан Амет / фото: А. Мехмети, ЦИВИЛ

Срџан Амет, прв Ром кандидат за Скопје: Време е да се разбие стигмата за Ромите

September 10, 2025
Фото: Лукоил Македонија/Фејсбук

ЦИВИЛ прашува – Лукоил, МНР и Економија молчат

September 10, 2025
Фото: А. Петровска / ЦИВИЛ

Љубчо Георгиевски: Патриоти сме кога Албанците или Бугарите треба да стават споменик, а за спомен плоча на докажан асимилатор – српски четник – нема проблем

September 10, 2025

Првиот полицаец по стапките на првиот човек на правдата

September 10, 2025

(ИЗБОР) Албански медиуми: Институционалната криза во Косово продолжува; Сомнежи за масовна гробница во депонија кај Нови Пазар; Нетранспарентните договори на консултантските услуги во Албанија се нелегални

September 10, 2025
Фото: Лукоил Македонија/ Фејсбук

Германија и Франција бараат санкции за Лукоил – што со подружниците во регионот

September 10, 2025
Џабир Дерала (фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ за УКРИНФОРМ)

Кога вистината станува релативна, пропагандата победува

September 10, 2025
Избори во Молдавија, 2021 година (фото извор: OSCE Parliamentary Assembly from Copenhagen, Denmark, CC BY-SA 2.0, via Wikimedia Commons)

Русија ги засилува напорите за дезинформации додека Трамп се откажува од отпорот

September 10, 2025
Campaign illustration, source- Ukraine solidarity campaign

Фон дер Лајен: Секое киднапирано дете од Украина мора да биде вратено

September 10, 2025
Фото: МИА архива

Над 630 српски лекари во отворено писмо до властите: Репресијата зачекори во срцето на здравствениот систем, ја урна границата на цивилизацијата кон варварство

September 10, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home АНАЛИЗИ

Нон-пејпер, хартија за медиумско потпалување етнички страсти и „патриотски“ говор на омраза

September 15, 2021 09:00
in АНАЛИЗИ, ГОВОР НА ОМРАЗА, ДЕЗИНФО, МЕДИУМИ, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

„Не постои подобра техника за мобилизирање на масите зад некоја политика од производството на национални предавници“  (Роберто Беличанец, „Предавниците и другите соросоиди“, Црната Книга, стр. 28)

ЖАРКО ТРАЈАНОСКИ

„Ексклузивното“ објавување на т.н. “Non-paper” за македонско – бугарскиот спор од „Клан Македонија“, и покрај демантите од Владата и претседателот на државата дека станува збор за официјален предлог, предизвика бура од  медиумски содржини, дел од кои изобилуваа со невистини, потпалувачки говор и говор на омраза.

Оваа куса анализа се осврнува на потпалувањето етнички страсти и говор на омраза во колумната со наслов „Ќе прифатите ли да бидеме бугаромакедонци?! Пендаровски? Заев? Ало другарчиња, изјаснете се!“ од уредникот на „Плусинфо“, Бранко Героски, како при неговото гостување во емисијата „Заспиј ако можеш“ на ТВ Алфа од страна на еден од водителите, Горан Момироски, кој во емисијата изјави дека „ќе се леат реки крв за оваа работа“.

Плусинфо, наслов на колумната на Бранко Героски, 13 септември 2021

„Патриотскиот“ говор на омраза во колумната на Бранко Героски

Во една прилика укажав дека „патриотскиот“ говор на омраза е препознатлив по намерата за разгорување, поттикнување, или оправдување на омраза кон внатрешните и надворешните „непријатели“: „Во основата на ваквиот говорот на омраза е поделбата на „Ние“ („патриотите“) и „Тие“ (непатриотите), кои се етикетирани со најразлични стигматизирачки називи“. (видете „Патриотски“ говор на омраза (1)).

Авторот на колумната „Ќе прифатите ли да бидеме бугаромакедонци?! Пендаровски? Заев? Ало другарчиња, изјаснете се!“, прави токму такви поделби и се обидува да потпали етнички страсти и да разгори омраза кон „непријателите“ користејќи повеќе реторички стратегии:

  • Креирање паника и ширење теории на заговор дека некој сака да тргува со нашиот национален идентитет: „Тоа е страшно! Мириса, море труе на обид за срамна трговија со нашиот национален идентитет“ – пишува Героски во колумната, употребувајќи етикети и стигматизирачки изрази кон „клетниците“ и „пазарџиите“.
  • Предизвикување на чувство на опасност и страв дека е нападнат националниот идентитет и упатување јавен повик за негова одбрана: „Ги повикувам сите Македонци, без оглед каде се, но и без оглед на нивната политичка определба или афилијација, да го вклучат алармот и да застанат во одбрана на својот национален идентитет!“ – пишува Героски во колумната.
  • Предизвикување на чувство на загрозеност и манипулирање со чувствата на Македонците: „Нашето македонско национално чувство, драги мои, ќе стане „аспект“!“ – заклучува Героски во колумната, врз основа на неговото произволно толкување на делови од објавениот нон-пејпер, кој Героски го толкува како предлог (и покрај сомнежите во неговата веродостојност, за кои извести „Сител“ повикувајќи се на дипломатски извори).
  • Непристоен потпалувачки говор, исполнет со навреди и пцости кон неидентификуваните автори на нон-пејперот: „Јебо вас аспект, стоки едни! Ма пичка ли ви лепа материна, ако смеам да кажам од овој мој и наш аспект! Ебете се, тоа е сѐ што вие, клетници, автори на ова нонпејперско срање, треба да знаете за мојот и нашиот македонски наратив!“ – пишува Героски во колумната, кршејќи го етичкиот стандард за пристојност во изразувањето.
  • Ширење дезинформации дека во нон-пејперот имало предлог да бидеме „Бугаромакедонци“ (иако овој термин воопшто не се среќава во објавениот текст) и дека нашите деца и внуци треба да учат „дека не се Македонци“ (такво нешто нема во објавениот документ): „Нонпејперот, драги мои, го предлага токму тоа – да прифатиме да бидеме и Бугари и Македонци! Бугаромакедонци! Нашите деца и внуци треба да учат дека се такви безидентитетски полутани. Дека не се Македонци. Море мамката мрсна!“ – пишува Героски, кој дезинформациите ги зачинува со српскиот збор „полутан“ (мелез) и ги „крунисува“ со бугарска пцовка.
  • Манипулирајќи со говор „од име на народот“ („ние Македонците“), небаре неприкосновен и врховен судија за националниот идентитет, авторот на колумната на крајот ги повикува претседателот и премиерот да се огласат за „овој предлог“ (кој не е никаков предлог) и да го отфрлат, за да не извршеле „национално предавство“: „Јавно ги повикувам претседателот Стево Пендаровски и премиерот Зоран Заев, веднаш, без одлагање, јасно и гласно, да се огласат за овој предлог! Ги повикувам да го отфрлат енергично и без дебата! Сѐ друго ќе биде рамно на национално предавство!“ – пишува Бранко Героски, користејќи потпалувачки „патриотски говор“ кој поттикнува омраза и поделби на „патриоти“ и „предавници“.
  • Поттикнување на омраза и нетрпеливост кон македонските Бугари со употребата на изразот „бугаромакедонци“ како нешто крајно неприфатливо и како идентитетско „страшилиште“: „Ќе прифатите ли да бидеме бугаромакедонци?! Пендаровски? Заев? Ало другарчиња, изјаснете се!“, пишува Бранко Героски во насловот на текстот, поистоветувајќи го изразот „бугаромакедонци“ со омаловажувачкиот расистички израз „идентитетски полутани“.

Сите овие реторички стратегии – креирањето паника и ширење теории на заговор; предизвикување на чувство на опасност, страв и загрозеност; непристојниот потпалувачки говор исполнет со навреди и пцости; намерното ширење на дезинформации; манипулативниот говор „од името на народот“; поттикнувањето на омраза и нетрпеливост кон македонските Бугари со употребата на изразите „бугаромакедонци“/„идентитетски полутани“ – се во функција на производството на национални „предавници“, што е дефинирачка карактеристика на „патриотскиот“ говор на омраза.

Ваквиот говор е неспоив со новинарската професија, затоа што „Јазикот на новинарите секогаш треба да биде одмерен и неутрален, наспроти оној што нуди готови заклучоци и судови и е, или се граничи со говорот на омраза“ („Прирачник за етиката во новинарството“ на ЗНМ).

„Заспиј ако можеш“, емисија на ТВ Алфа, Милосавлевиќ, Момироски, Героски, 13 септември 2021 (скриншот од емисијата)

„Патриотскиот“ говор на омраза во „Заспиј ако можеш“

Во емисијата „Заспиј ако можеш“ од 13.09.2021, гостинот Бранко Героски беше претставен како „бард на македонското новинарство“ и го коментираше „скандалозниот нон-пејпер од „анонимен“ извор за решавање на македонско-бугарскиот проблем“ (кајрон) во разговор со домаќините Горан Момироски и Драган Милосављевиќ.

Откако Момироски одлучно изјави „Јас овде тврдам дека ова го има направено кабинетот на Зоран Заев“ (52.20), гостинот Бранко Героски не се согласи со ова тврдење, односно дека му изгледа дека нон-пејперот е направен во некоја друга земја. Притоа, Героски истакна дека не би бил толку сигурен дека нон-пејперот е неприфатлив за некои луѓе тука:

Героски: „…не би бил толку сигурен…“

Момировски: „дека нема да биде прифатено?“

Героски: „Сешто може, сè е можно…“

Момировски: „Геровски, ќе се леат реки крв за оваа работа. Тоа мислам дека на сите ни е јасно…“ (54.37-54-50)

По неколку минути, откако погледна во својот телефон, новинарот Момировски ја дообјасни својата изјава за „реки крв“:

Момировски: „Еве веднаш добив пораки дека сум претерал со изјавата дека ќе се леат реки крв. Можеби претерувам дека реки ќе се леат, но дека ќе се лее крв, ако некој се обиде да ни наметне дека ние сме „Бугаромакедонци“, тука немам никаква дилема, и не сакам да звучи ова како закана, повеќе како предупредување до тие што ги носат одлуките, добро да внимаваат, добро да измерат што може да им се случи. Па, нека биде и закана еве, Русковска кога веќе не може да ја гони власта, може мене да ме гони.“

Героски: „Ќе ни направиш беља сега, немој сега, ќе те чека „Марица“. Претера, да, претера.“ (1.01.40-1.02.14).

Која е разликата помеѓу професионален и непрофесионален новинар?

Како прво – професионалниот новинар нема да говори со јазикот на омразата и нема да поттикнува на насилство и дискриминација врз која било основа – незамисливо е за еден професионален новинар да дава изјави „ќе се леат реки крв за оваа работа“, и да ги квалификува таквите изјави како предупредувања или закани. Новинарот има обврска да штити од насилство и дискриминација и да не прави поделби на „ние“ и „тие“ кои поттикнуваат на омраза или непријателство.

Како второ – кога одредено лице ќе изјави „ќе се лее крв, ако некој се обиде да ни наметне дека ние сме „Бугаромакедонци“, тука немам никаква дилема“ – навистина нема никаква дилема дека тоа лице не настапува како професионален новинар, туку како лице кое говори со јазикот на омразата.

Како трето – кога одредени лица намерно шират дезинформации (дека во нон-пејперот станувало збор за „Бугаромакедонци“) и теории на заговор (дека некој се обидува да им наметне на Македонците дека се „Бугаромакедонци“), тие лица не постапуваат како новинари, затоа што ширењето на дезинформации и теории на заговор е неспоиво со професионалното новинарство, исто како и говорењето со јазикот на омразата и насилството.

Токму затоа, ваквиот потпалувачки и заканувачки говор, проследен со ширење на дезинформации и теории на заговор, треба да биде осуден не само од професионалните здруженија на новинари, туку и од сите граѓани што се свесни за огромните штети кои говорот на омраза ги нанесува во јавните комуникации и општествените односи.

 


Сите права се задржани. Текстот е личен став на Авторот. 
Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубчо Георгиевски за ЦИВИЛ Медиа: Иван Стоиљковиќ е докажан борец против македонската државност, од раните 90 години беше активен противник на независна самостојна македонска држава

    146 shares
    Share 58 Tweet 37
  • (ВИДЕО) AA: Србија денес ја прогласи Северна Македонија за српска територија, Владата го одобри тоа со присуство на вицепремиерот Стоилковиќ

    116 shares
    Share 46 Tweet 29
  • 24 ЧАСА: Молк од владата за големо-српската пропаганда на Денот на независноста; Падна владата на Франција; ЕУ да го осуди Вучиќ по навредите кон европратениците; Во тек е повикот на ЦИВИЛ за изборни набљудувачи

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Зависна независност

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • (ВИДЕО) Српскиот министер за одбрана, Гашиќ, екс-директор на БИА, тврди дека Кајмакчалан е српска земја

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ