Уште еден напад фрз лекарски персонал, овој пат во Одделот за интензивна нега на болницата “8 Септември”. Вработените тврдат дека синоќа биле нападнати од роднини на починат пациент, а интервенирала и полицијата. Вработените утрово протестираа пред канцеларијата на директорот Христијан Костов, бараат посериозни безбедносни мерки.
“Не знаевме од која страна ќе не удрат, можеа пиштол да ни извадат. Џабе ми е изјава, џабе ми е се”, коментира дел од персоналот и бараат сериозна безбедносна заштита, пренесува 360 степени. Во моментов тече состанокот на претставници на Синдикатот со директорот.
Овој е само еден од низа напади врз вработени во јавните болници и клиники. Последните месеци нападите врз лекарите се се почести. Лекар во Тетово бил претепан и во присуство на полицијата, а други инциденти и закани се регистрирани и скопската клиника и локалните болници во другите градови.
А. З.