• Latest

Нов нацрт закон за основно образование – продолжување на училишната година, нема одработување во саботи

June 5, 2019
Тенеси, експлозија. Фото: Скриншот од видео на Би-Би-Си

Неколку луѓе загинаа а најмалку 12 се водат за исчезнати при експлозија во воена фабрика во САД

October 10, 2025

Мачадо: Нобеловата награда за мир е огромно признание за борбата за сите Венецуелци

October 10, 2025

ОЈО Битола поднесе жалба: Марковски треба да оди во затворски притвор, има имот во странство, може да побегне

October 10, 2025
Фото: генерирано со ChatGPT

„Slop“ – новиот збор на младите за ВИ содржини

October 10, 2025

Од недела почнува постепено воведување на новиот систем за контрола на надворешните граници на ЕУ

October 10, 2025

Граничниот премин Рафа меѓу Газа и Египет ќе се отвори на 14 октомври, соопшти Италија

October 10, 2025
Меѓународна конференција „Одбрана на демократијата: Боиште на вистината“, 8-10 октомври 2025, панел на вториот ден од конференцијата (фото: ЦИВИЛ)

Одбрана на демократијата: Боиште на вистината – Од увид до акција

October 10, 2025
Фото: Скриншот од видео на N1

Вучиќ, со „нож во грбот“од Ердоган, го врти другиот образ: Од обнова на Отоманската империја до „пријатели и партнери“

October 10, 2025
Државен јавен обвинител, Љупчо Коцевски / фото: ЈО

Коцевски до Адвокатската комора: Дезинформации и недостоен публицитет околу случајот „Пулс“ во Кочани

October 10, 2025
Фото: амбасадорката Лариса Дир/Х

Рускиот напад на цивилната и енергетската инфраструктура не е само воено злосторство, туку и елемент на геноцид

October 10, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Нов нацрт закон за основно образование – продолжување на училишната година, нема одработување во саботи

June 5, 2019 15:00
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Учениците повеќе нема да учат во саботи, намалување на часови нема да има, најмалку половина од зимскиот распуст за наставниците ќе бидат платени неработни денови, а уште од прво одделение покрај одделенскиот, децата ќе имаат и наставник по Физичко и здравствено образование.

Новиот Нацрт-закон за основно образование кој денеска го презентираше министерот за образование и наука, Арбер Адеми, се предвидува  дека учениците повеќе нема  да учат во саботи, да нема намалување на часови, најмалку половина од зимскиот распуст за наставниците ќе бидат платени неработни денови, а уште од прво одделение покрај одделенскиот, децата ќе имаат и наставник по Физичко и здравствено образование.

„Предвидено е министерот на предлог на Бирото за образование да утврди национални стандарди базирани на компетенции кои учениците треба да ги стекнат и усвојуваат на крајот на секој период од основното образование во подрачјата: јазична писменост, изучување други јазици, математика, природни науки и технологија, дигитална писменост, личен и социјален развој, демократска култура и граѓанство, претприемништво и уметничко изразување, култура и мултикултура. Согласно препораката од извештајот на ОЕЦД, законот не предвидува намалување на бројот на наставни денови, сегашната состојба покажува дека нашите ученици добиваат над 900 часови помалку од нивните врсници во ОЕЦД што е рамно на година ипол образование“ ,рече Адеми.

Според Адеми,нема веќе да се одработувааат часови во саботите. Тоа се укинува бидејќи се покажало како непродуктивно. Ова во пракса ќе значи дека 10 јуни нема да биде последен школски ден за децата, туку тоа може да биде и 11, 12 или 13 јуни зависно кое училиште колку работни денови изгубило. Ќе има и корекција во бројот на ученици во една паралелка, па така сегашниот праг од минимум 24, а максимум 34 ученици, ќе се помнести на најмалку 20, а најмногу 30 деца во една паралелка.

Со новиот закон, МОН го зголемува бројот на ученици на кои ќе им го покрива учеството на меѓународни натпревари од 7 на 10. Покрај за ученикот, ќе се покрива и трошокот за менторот, а наместо досегашната пракса тоа да се прави само за оние кои освоиле награди, сега трошоците ќе се покриваат и на оние деца кои само учествувале.

Ќе се воведат и стандарди за исхраната во училиштето.

„Се предвидува дека нутритивниот квалитет на исхраната ќе го утврдуваат Институтот и Центрите за јавно здравје. Директорот на училиштето ќе има обврска да го следи процесот и за забележаните активности да ги извести Агенцијата за храна и ветеринарство, Државниот санитарен инспекторат и други институции зависно од утврдената неправилност. И Советот на родители ќе може да побара вонреден инспекциски надзор дали исхраната е согласно стандардите“, изјави Адеми.

Во секое училиште ќе се формира и тим за интеграција кој ќе биде насочен кон мултикултурализмот и меѓуетничката интеграција на децата, а Законот предвидува и инклузија на учениците со попреченост во редовната настава. Така, се најавува од учебната 2022/2023 да не се запишуваат ученици во посебни паралелки и во посебни училишта. Тие кои веќе учат таму ќе можат да ја продолжат наставата во нив, но ако решат родителите ќе може и да ги префрлат во редовните паралелки.

Министерот најави и лични асистенти и асистивна технологија, но за овие промени дополнително ќе се организираат тркалезни маси.

Покрај за децата, новини ќе има и за наставниците за кои Адеми посочи оти ќе има можности за кариерен развој, унапредување на приправничкиот стаж, но и платен зимски распуст. Законот предвидува дека најмалку половина од периодот додека учениците се на распуст во зима, ќе бидат платени неработни денови.

„Во однос на изборот на директорите има неколку промени. Училишниот одбор на градоначалникот или на министерот му предлага кандидат кој добил мнозинство од гласовите на одборот. Со тоа се отстранува влијанието на градоначалникот и министерот. Предност ќе имаат наставникот ментор и наставникот советник, откако ќе се воведе системот на кариерен развој“ изјави министерот Адеми.

Новата верзија на Нацрт-Законот за основно образование ќе се стави на јавна расправа, а министерот очекува оваа втора верзија да има помалку забелешки бидејќи оние кои беа дадени за првата верзија се веќе вметнати во него. Со забелешките кои ќе се добијат, законот ќе се корегира и МОН ќе го предложи до Владата од каде откако ќе биде усвоен ќе се испрати до Собрание за да се донесе. Планот е тоа да се направи што побргу за да може законот да стапи на сила од новата учебна година во септември.

Print Friendly, PDF & Email
Share69Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Крвава кампања во Виница: Кандидат за советник брутално претепан за да се откаже од листата на ВМРО-ДПМНЕ

    154 shares
    Share 62 Tweet 39
  • Андонов: Имаме многу необразовани членови во политичките партии, дел од тие стануваат и функционери

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Украински дронови нападнаа повеќе воени и индустриски објекти низ Русија далеку од фронтот, експлозии во една од најголемите фабрики за експлозиви

    91 shares
    Share 36 Tweet 23
  • Украински дронови го погодија најголемиот нафтен терминал во окупираниот Крим, предизвикувајќи огромен пожар

    90 shares
    Share 36 Tweet 23
  • Говор на омраза и сексизам кон кандидатка за советничка на ВМРО-ДПМНЕ, ЦИВИЛ со осуда

    148 shares
    Share 59 Tweet 37
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ