• Latest

Нов силен бран на Ковид-19, расте бројот на заболени, можни се нови мерки ако не дадат резултат постојните

March 18, 2021

Заврши „училишна кошничка“: По ученик е заштедено од 750 до 2.000 денари, тврди Ристески

September 17, 2025
Кралот Чарлс и Доналд Трамп ја проверуваат кралската гарда во Виндзор. Фото: Скриншот од видео на ВВС

Доналд Трамп пречекан во замокот Виндзор од кралот Чарлс и видни членови на кралското семејство

September 17, 2025

Уставен суд не поведе постапка за Правилникот на ДИК

September 17, 2025
Фото: Скриншот од видео на CNN

Илјадници Палестинци бегаат додека израелските трупи навлегуваат во градот Газа, што предизвика широка меѓународна осуда

September 17, 2025

(ИЗБОР) Албански медиуми: Џејмс Рубин го заврши тридневното сведочење за судењето на поранешните лидери на УЧК; Воведувањето задолжителна воена служба во Србија го враќа стравот кај Албанците во Прешевската долина

September 17, 2025
Претседателот Володимир Зеленски и премиерот на Велика Британија Кир Стармер го потпишаа Стогодишниот договор за партнерство на 16 јануари. Фото: Скриншот од видео на
DD India

Украинскиот парламент го ратификуваше договорот за 100-годишно партнерство со Обединетото Кралство

September 17, 2025

Молдавската полиција заплени милион евра за купување изборни гласови – Русија под сомнеж

September 17, 2025
Photo by Maxim Hopman on Unsplash

Обид за убиство во Струга: Ги тепале со шипки, а потоа пукале со пиштол

September 17, 2025

Фемицидот во Северна Македонија – невидливо злосторство и глуви институции

September 17, 2025
Фото: Фејсбук на Азир Алиу

Алиу: Комисијата ги анализира случаите на операција на срце, извештајот ќе биде јавно објавен

September 17, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЗДРАВСТВО КОВИД-19

Нов силен бран на Ковид-19, расте бројот на заболени, можни се нови мерки ако не дадат резултат постојните

March 18, 2021 10:03
in ВЕСТИ, КОВИД-19
Share on FacebookShare on Twitter

Во пораст е бројот на заболени и хоспитализирани со Ковид-19 во државава. Состојбата се следи, засега нема нови мерки, но останува сегашната мерка полициски час од 22 часот до 5 часот. Доколку таа не ги даде очекуваните резултати не се исклучени нови рестрикции за кои Комисијата за заразни болести ќе одлучува на почетокот на идната недела.

– Се наоѓаме во екот на третиот бран на пандемијата и имаме постојан раст и зголемување на бројот на активни случаи, но засега останува сегашната мерка полицискиот час да почнува од 22 часот. Сега не е време за никакво попуштање на рестрикциите. Напротив, би имало дури и затегање на мерките некаде на почеток на следна недела, доколку ова не ги даде очекуваните резултати, рече вчера министерот за здравство Венко Филипче на прес-конференција со претседателот на Комисијата за заразни болести, Жарко Караџовски.

Филипче најави дека доколку се потребни нови рестрикции, тоа ќе се одлучува на следниот состанок на Комисијата за заразни болести во почетокот на следната недела.

Во однос на тоа дали има анализа што покажува дали полицискиот час од 22 до 5 ќе даде резултати за толку брзо време, со оглед дека сме во фаза на нов силен бран на коронавирусот што многу брзо се шири, Филипче посочи дека анализите покажале оти младите луѓе што се групираат по 22 часот се главни пренесувачи на вирусот.

– Во делот на тоа како очекуваме да влијае полицискиот час, епидемиолошките анкети и анализи покажаа дека е многу веројатно оти младите луѓе кои остануваат и се групираат без почитување и по затворање на угостителските објекти се пренесувачи на вирусот и тоа се гледа и преку возрасните групи. Тоа што го детектиравме за време на претходниот бран беше дека по воведувањето одредени мерки во период од две недели беа видливи резултатите, тоа го очекуваме и сега. Ние сега сме во петтата недела и ако претходниот бран траеше шест до осум недели, тоа значи дека сме ја поминале половината и во таа смисла ги очекуваме резултатите на крајот на оваа и почетокот на следната недела, оцени министерот.

Тој повтори оти воопшто не ни размислуваат да има некакво попуштање на мерките, напротив, би имало дури и нивно затегање некаде на почеток на следна недела, доколку ова не ги даде очекуваните резултати.

– Секаде во државата, некаде повеќе, некаде помалку, има зголемување на инциденцата и трансмисијата на вирусот – две работи сметаме дека се причина за ова. Прво, непочитување на мерките и второ соевите на вирус што се полесно преносливи, потенцира Филипче.

Информираше дека во моментот има 11.889 активни случаи и раст од над 5000 активни во последниот месец, од 15 февруари до 15 март.

Филипче кажа и дека во оние градови каде во изминатите две недели имаше зголемување на инциденцата таа сега е намалена, а онаму каде што беше мирно, сега се забележува зголемување на инциденцата. Истакна и оти во Скопје има околу 1100 пополнети болнички места и дека сите ковид – центри во државава се во функција.

Сто и шестнаесет случаи на реинфекција се регистрирани во земјава заклучно со вчерашните податоци, од кои двајца се починати, информира Караџовски, кој истакна дека ова се должи пред се на непочитување на мерките, особено на оние лица кои веќе го прележале вирусот и кои сметаат дека повторно не можат да заболат.

-Будно следиме кој е процентот на јавување на оваа реинфекција, на некои 112 илјади позитивни, ако земете 116 реинфекции, тоа е 0,01 процент, што е релативно мал број на вкупниот број на позитивни, истакна Караџовски.

Појасни дека за британскиот сој карактеристично е дека 50 до 70 отсто побрзо се пренесува, веќе е верифициран во земјава, особено во поголемите градови како Скопје, Охрид, Прилеп.

-Не може на населението да му кажеме дека ако ја прележале инфекцијата дека не може да имаат ре инфекција, рече Караџовски и додаде дека вирусот има повеќе од 4000 мутации.

 

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Милош Биковиќ и Христијан Мицкоски (фото извор: Инстаграм профил на Мицкоски)

    Мицкоски се пофали со Биковиќ – но тој не е само актер, туку дел од прирачникот за хибридно влијание на Кремљ

    219 shares
    Share 88 Tweet 55
  • По кратка постапка да се решат Ромите – од Вардариште во логорите на смртта!

    141 shares
    Share 56 Tweet 35
  • Руската разузнавачка служба ја обвини ЕУ дека финансира и подготвува „српски Мајдан“ на 1 ноември, на годишнината од падот на настрешницата во Нови Сад

    138 shares
    Share 55 Tweet 35
  • Хаотично заебавање

    129 shares
    Share 52 Tweet 32
  • Проф. Андонов: Политикантските коментари на Мицкоски за наводни хибридни напади против неговата влада не се ништо освен пропаганда за негов спас на изборите

    126 shares
    Share 50 Tweet 32
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ