• Latest

Нова кампања „ЕУ со ТЕБЕ“ фокусирана на Европскиот зелен договор

November 29, 2021
Скриншот од sec.mk

ДИК: Излезеноста до 13 часот е 19,96 проценти, во Скопје 15,28 отсто

November 2, 2025

Прв извештај на ЦИВИЛ: Изборниот молк масовно се крши, изборниот ден почна мирно

November 2, 2025
Скриншот од ТикТок

Aзискиот моден гигант Шеин обвинет за продажба на „с*кс кукли со детски изглед“ во Франција

November 2, 2025
Фото: sec.mk

ДИК: Излезеноста до 11 часот е 9,21 проценти, најголем е одзивот во Пробиштип со 22 отсто, најмала во Сарај – 1,86 отсто

November 2, 2025
Скриншот од видео објавено од министерот за одбрана Пит Хегсет на Х, на која се прикажани два брода кратко пред да бидат погодени од ракета, во Источниот Пацифик на 27 октомври 2025 година.

САД нападнаа уште еден наводен брод за трговија со дрога во Карибите, при што загинаа 3 лица

November 2, 2025
Скриншот од видео на
The White House

Трамп му нареди на Пентагон да „се подготви за можна акција“ во Нигерија

November 2, 2025

МВР: 10 пријави и 19 објави на социјалните мрежи за прекршување на изборниот молк

November 2, 2025
Скриншот од видео на
RTBF Info

Дронови забележани над воена база во Белгија по втор пат за 24 часа

November 2, 2025

ДИК: Излезеноста на вториот круг од изборите до 9 часот е 2,88 проценти

November 2, 2025
Снимките се чини дека покажуваат украински хеликоптер како слетува на спорна територија во близина на Покровск на 31 октомври 2025 година. Фото: Оливер Керол / X

Зеленски тврди дека Русија распоредува 170.000 војници за напад во украинскиот регион Донецк, Сирски негира дека Покровск е опколен

November 2, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Нова кампања „ЕУ со ТЕБЕ“ фокусирана на Европскиот зелен договор

November 29, 2021 09:46
in ВЕСТИ, ЗЕЛЕНИ
Share on FacebookShare on Twitter

„Не постои резервна планета“ е слоганот на новата кампања „„ЕУ со ТЕБЕ“ фокусирана на Европскиот зелен договор, што ќе ја промовираат денеска шефот на Делегацијата на Европската Унија во државава Дејвид Гир и  вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров.

Целта на кампањата  е да ја подигне свеста за Европскиот зелен договор и неговата клучна цел – да достигне нето нула емисии на стакленички гасови до 2050 година, со што Европа ќе стане првиот климатски неутрален континент.

Северна Македонија се обврза да работи кон оваа цел за 2050 година заедно со Европската Унија преку Зелената агенда за Западен Балкан, одобрена од лидерите на земјите од Западен Балкан на Самитот на Берлинскиот процес во Софија во 2020 година. Кампањата повикува на силна политичка посветеност и итна акција на сите нивоа бидејќи времето истекува.

Климатските промени и деградацијата на животната средина, како што посочуават од канцеларијата на ЕУ во земјава, се егзистенцијална закана за регионот, Европа и светот. Овие закани бараат итен и амбициозен одговор и секој од нас може да направи разлика со вклучување. Затоа што иднината на сите нас зависи од здрава планета. Европската унија ја презеде водечката улога во глобалната борба против климатските промени и го постави Европскиот зелен договор како план за трансформација на Европа, вклучувајќи го регионот на Западен Балкан на климатски неутрален континент до 2050 година.

-Кампањата „ЕУ со ТЕБЕ“ за Европскиот зелен договор поставува „Музеј на иднината“ како потсетник за тоа што може да се изгуби во текот на нашиот живот поради климатските промени и деградацијата на животната средина. Тоа е повик за будење за потенцијалното губење на најсуштинските работи на планетата, како што се свежата вода, чистиот воздух, но и на локално скапоцените продукти како што е познатиот домат – Јабучар за Северна Македонија,  Затоа, кампањата повикува на силна политичка посветеност за ублажување на климатските промени, спречување на загадувањето, заштита на биолошката разновидност, промовирање на одржливо земјоделство и производство на храна, декарбонизација на енергијата и транспортот. Разликата може да се направи само преку иницијатива и акција – и на национално и на локално ниво. Европската унија може да помогне со нудење експертиза, совети и со значително финансирање во рамките на инструментите со кои располага. Во оваа „трка до нула“, потребно е секој да стигне до целта и потребно е секој од нас да придонесе за Европскиот зелен договор да стане реалност, велат од Канцеларијата на ЕУ во земјава.

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

    148 shares
    Share 59 Tweet 37
  • Деца и училишни ресурси како алатка за кампања во Пробиштип!

    139 shares
    Share 56 Tweet 35
  • Лукоил ги продава своите филијали во странство по санкциите на САД, македонската подружница сé уште молчи за прашањата на ЦИВИЛ

    112 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изборите и коалицијата: ВЛЕН му го залула чунот на Мицкоски

    111 shares
    Share 44 Tweet 28
  • Нема втор круг! Изборите во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Центар Жупа пропаднаа – ќе се распишат нови!

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ