Едно лице загина, а четворица се ранети во престрелка меѓу војската на границата на Ерменија и Азербејџан, пренесува Укринформ повикувајќи се на агенцијата Ксинхуа.
Азербејџанското Министерство за одбрана ја потврдило смртта на еден од своите војници, додека ерменското Министерство за одбрана пријавило четворица ранети.
„Двете страни меѓусебно се обвинуваа за предизвикување на новата рунда судири, кои избувнаа на средината на нивната граница“, соопшти Ксинхуа.
Територијалниот конфликт меѓу Ерменија и Азербејџан трае со децении. Последен пат големите вооружени судири беа обновени во септември 2020 година, но прекинот на огнот потпишан во ноември истата година стави крај на нив.
Подготви: Д. Мишев