• Latest
Фото: Скриншот

Нова трагедија во Тексас, седум загинати и најмалку 10 повредени откако возач ги прегази пред засолниште за мигранти

May 8, 2023

Сè помалку ученици, сè повеќе празни училишта: Демографскиот пад го менува образовниот систем

August 31, 2026
Кијив, 31 август 2026 (извор: ДСНС)

Рускиот терор продолжува, расте црниот биланс на загинати, Кијив ги засилува „долгометните санкции“

August 31, 2026

Од Матрикс до агентската ВИ: Кога софтверот престанува само да одговара и почнува да дејствува

August 30, 2026

Ако нема штета, нема загадување и нема докази – што всушност остана од случајот „Мазут“?

August 30, 2026
Избирачко место во Исланд (фото извор: скриншот од видео на социјалните мрежи)

Исланд го отфрли враќањето на преговорите со ЕУ, „не“ води со 52,5 отсто наспроти 47,5 отсто „за“

August 30, 2026

ЦИВИЛ: Глорификацијата на Ратко Младиќ е напад врз жртвите, вистината и демократскиот поредок

August 30, 2026
Кијивска област, 29 август 2026 (извор: ДСНС)

Руски терор врз Украина: Најмалку 37 загинати и голем број ранети во Кијивска област, 30 часа непрекинат напад врз цивилите

August 29, 2026
Седиште на ВМРО-ДПМНЕ (фото Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

До каде се реакциите на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ за четничкото дивеење на ДПСМ – или – колку е голема бруката?

August 29, 2026
Рејкјавик (фото извор: hiticeland.com)

Исланд на референдум за обнова на преговорите за членство во ЕУ – што е исто, а што различно од Западен Балкан?

August 29, 2026

Почна втората сезона на Eyes on Democracy: Украина и иднината на Европа (ВИДЕО)

August 28, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Нова трагедија во Тексас, седум загинати и најмалку 10 повредени откако возач ги прегази пред засолниште за мигранти

Инцидентот се случи еден ден откако вооружен маж отвори оган врз купувачите во трговскиот центар во Ален, Тексас, при што загинаа осум лица.

May 8, 2023 11:24
in ВЕСТИ, СВЕТ, ТОП 5
Фото: Скриншот

Фото: Скриншот

Share on FacebookShare on Twitter

Седум лица загинаа, а уште најмалку 10 се ранети кога возач ги прегази пред засолниште за мигранти во Тексас, соопшти полицијата. Властите истражуваат дали инцидентот бил намерен чин.

Како што пренесува Индипендент, шокантниот инцидент се случи во неделата наутро во близина на центарот Озанам во Браунсвил, кој е засолниште за мигранти и бездомници во градот Тексас.

Портпаролот на полицијата, потполковник Мартин Сандовал, изјави за КВЕО-ТВ дека седум жртви починале на местото на настанот. Несреќата се случила на автобуска постојка во близина на прифатилиштето во пограничниот град околу 8.30 часот по средноевропско време.

Осомничениот маж, кој сè уште не е именуван, но полицијата го опиша како Хиспанец, беше уапсен и обвинет за несовесно возење, но поручник Сандовал изјави за новинската станица дека најверојатно ќе бидат поднесени повеќе обвиненија.

Возачот, за кој властите велат дека е жител на Браунсвил, се наоѓа во болница каде се лекува и е под 24-часовна стража, соопшти полицијата, а ќе бидат извршени и тестови за дрога и алкохол, пренесе ABC News.

Некои мигранти беа убиени во инцидентот, изјави поручник Сандовал за Фокс њуз.

„Ние спроведуваме истрага во форма на интоксикација за да видиме дали тој бил во алкохолизирана состојба во моментот на несреќата“, рече поручникот Сандовал.

„Тоа може да бидат три фактори“, рече поручникот Сандовал. „Тоа може да биде интоксикација; може да биде несреќа; или може да биде намерно. За да откриеме што точно се случило, треба да ги елиминираме другите две“.

Инцидентот се случи еден ден откако вооружен маж отвори оган врз купувачите во трговскиот центар во Ален, Тексас, при што загинаа осум лица. Вооружениот напаѓач бил застрелан и убиен од полицаец кој реагирал на насилството.

Еден од повредените изјави за Valley Central дека групата мажи седела на тротоарот во близина на автобуската станица кога сив Range Rover удрил во нив.

Луис Херера изјави за новинскиот канал дека тој и неговите пријатели, од кои голем број беа убиени, чекале да одат на аеродромот кога возилото ги удрило.

„Одевме на аеродромот и тоа се случи неочекувано бидејќи една жена во автомобил помина и не советуваше да се разделиме, а неколку моменти подоцна убиецот дојде во автомобилот гестикулирајќи нè и навредувајќи нè“, изјави Херера.

Директорот на засолништето Виктор Малдонадо рече дека го прегледал видеото од надзорните камери на засолништето.

„Она што го гледаме на видеото е дека овој теренец, Range Rover, само помина на семафорот што беше оддалечен околу сто метри и само помина низ луѓето што седеа таму на автобуската станица“, изјави Малдонадо за Асошиејтед прес.

Тој за новинскиот канал изјави дека повеќето од жртвите се мажи од Венецуела.

Засолништето е единственото ноќевалиште во градот Браунсвил и управува со ослободување на илјадници мигранти од федералниот притвор, рече тој.

Објектот не добивал никакви закани пред несреќата, но Малдонадо рече дека тие се појавиле по несреќата.

„Имав неколку луѓе кои дојдоа покрај портата и му кажаа на обезбедувањето дека причината што се случи ова беше поради нас“, рече  Малдонадо.

Подготви: Д. Мишев

Tags: засолништеинцидентмигрантиТексас
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ