Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека ја отфрлил намерата да потроши една милијарда долари за новата американска амбасада во Ерусалим. Очекува да чини помалку од половина милион долари.
Наместо да градат нова зграда за мисијата, САД ќе користат постоечка конзуларна локација. Тие преуредија мал дел од неа, така што амбасадата би можела да ги отвори своите врати што е можно побрзо.
Тој најави дека „може“ да оди на отворањето на дипломатската мисија на 14 мај.
Амбасадата на Вашингтон во Тел Авив ќе биде преместена во Ерусалим.
Извор: МИА