• Latest

Новата Студена војна на САД и Кина станува постудена

June 1, 2023
Германски и советски војници фотографирани заедно неколку дена откако советските единици влегоа во Полска. Фото: Јавен домен / Wikicommons

Пропаганда и негирање: Како Русија ја правда својата инвазија на Полска во 1939 година, во договор со Хитлер

September 17, 2025
Фото: ЦУК

ЦУК: Под контрола пожарите во селото Трубарево и во Дрисла, активни пожарите во селата Виниче, Петрово, Вражале и Крушево

September 17, 2025
Дел од „пакетот“ американска воена помош за Украина, 20 јануари 2022 година. (photo source: Wikimedia Commons / photo by Mauricio Campino)

Администрацијата на Трамп одобри прва помош во оружје за Украина финансирана од НАТО сојузниците

September 17, 2025
Фото: Скриншот од видео на
Al Jazeera English

ЕУ крои план за ограничувања на трговијата со Израел поради војната во Газа

September 17, 2025
Фото: Скриншот од видео на ONT TV Channel

Руските војници почнаа да ја напуштаат Белорусија по вежбите „Запад-2025“

September 17, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Поранешна шефица за здравство на САД: РФК помладиот ме отпушти кога не сакав да отпуштам персонал за вакцинирање без причина

September 17, 2025

24 ЧАСА: Уставен не поведе постапка за Правилникот на ДИК; Србија прва во ЕУ по кршења на медиумската слобода; Навални бил отруен; Фемицидот во Северна Македонија – невидливо злосторство и глуви институции

September 17, 2025
Фото: Скриншот

MFRR: Србија е на прво место во Европа по бројот на кршења на слободата на медиумите

September 17, 2025

„Стела“ повикува на протест пред МВР против колективниот системски крах кој дозволува континуирано насилство врз жени што доведува до фемициди

September 17, 2025
Тануја Пандеј, 24-годишна активистка за заштита на животната средина, една од организаторите на протестот. Фото: Скриншот од видео на Al Jazeera English

Политичарите се богатат додека ние страдаме – Генерацијата Z во Непал ја собори владата за помалку од 48 часа

September 17, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home АНАЛИЗИ

Новата Студена војна на САД и Кина станува постудена

June 1, 2023 11:50
in АНАЛИЗИ, БЕЗБЕДНОСТ И ОДБРАНА, ПОЛИТИКА, СВЕТ, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

НУРИЕЛ РУБИНИ / PROJECT SYNDICATE

Следејќи го мајскиот Г7 самит во Хирошима, претседателот на САД, Џо Бајден, тврдеше дека очекува ,,одмрзнување” на односите со Кина. Но, и покрај некои неодамнешни официјални билатерални состаноци – со изјавувањето надежи на американската министерка за финансии Џанет Јелен за посета на Кина наскоро – односите остануваат заладени.

Всушност, далеку од одмрзнување, новата Студена војна станува постудена, а Г7 самитот само ги зголеми кинеските грижи дека САД следи стратегија на ,,сеопфатно ограничување, опкружување и супресија”. За разлика од претходните собири, кога Г7 лидерите нудеа главно зборови и малку акција, овој самит испадна да биде еден од најважните во историјата на групата. САД, Јапонија, Европа и нивните пријатели и сојузници јасно ставија до знаење повеќе од кога било дека имаат намера да обединат сили за да се спротистават на Кина.

Покрај тоа, Јапонија (која моментално претседава со групата) се погрижи да ги покани клучните лидери од глобалниот југ, не само индискиот премиер Нарендра Моди. Посегнувајќи до растечките и средните сили, Г7 сака да ги убеди другите да се приклучат на нејзиниот појак одговор на подемот на Кина. Многумина веројатно ќе се согласат со прикажувањето на Кина како авторитарна, државно-капиталистичка сила која е се понаметлива во проектирањето на моќта во Азија и на глобално ниво

.Додека Индија (која оваа година претседава со Г20) има заземено неутрален став кон војната на Русија во Украина, долго време е заклучена во стратешко ривалство со Кина, кое се должи делумно на фактот што двете земји делат долга граница, голем дел од која е спорен. Така, дури и ако Индија не стане формален сојузник на западните земји, ќе продолжи да се позиционира како независна, растечка глобална сила чиј интереси се повеќе е во линија со Западот отколку со Кина и де факто со сојузниците на Кина (Русија, Иран, Северна Кореја и Пакистан).

Понатаму, Индија е формална членка на Квадрилатералниот безбедносен дијалог, безбедносна групација со САД, Јапонија и Австралија, чија експлицитна цел е да ја одврати Кина; а Јапонија и Индија имаат долгогодишни пријателски односи и заедничка историја на противнички односи со Кина.

Јапонија, исто така, ги покани Индонезија, Јужна Кореја (со која се стреми кон дипломатско одмрзнување, водена од заедничка загриженост за Кина), Бразил (уште една клучна Глобална јужна сила), Претседавачот на Африканската унија, Азали Асумани и украинскиот претседател Володомир Зеленски. Пораката беше јасна: кинеско-руското пријателство „без граници“ има сериозни последици за тоа како другите ја перципираат Кина.

Но, ако се оди уште подалеку, Г7 посвети значителен дел од своето финално комунике на објаснување како ќе ја конфронтира и одврати Кина во годините што следат. Меѓу другото, документот ги омаловажува кинеските политики на „економска принуда“ и ја истакнува важноста на „индо-пацифичкото“ партнерство за да ги спречи напорите на Кина да доминира во Азија. Го критикува кинескиот експанзионизам во Источното и Јужното Кинеско Море и вклучува јасно предупредување до Кина да не го напаѓа Тајван.

Во преземањето на чекори за „деризикување“ на нивниот однос со Кина, западните лидери се договорија на јазик што е само малку понеагресивен од „деспојувањето“. Според комуникеата, напорите за здружување на Западот ќе бидат пропратени со политика за ангажирање на Глобалниот југ со големи инвестиции во транзицијата со чиста енергија, со намера клучните земји таму да не се вовлечат во сферата на влијание на Кина.

Не е чудо што Кина не можеше да го задржи својот бес против Г7. Покрај тоа што се поклопува со состанокот на „Quad“, самитот во Хирошима доаѓа во време кога НАТО го започна својот сопствен пивот кон Азија и кога алијансата AUKUS (сочинета од Австралија, Обединетото Кралство и САД) се подготвува да ја конфронтира Кина во Пацификот.

Во меѓувреме, технолошката и економската војна помеѓу Западаот и Кина продолжува да ескалира. Јапонија наметнува ограничувања за извозот на полупроводници во Кина што не се помалку драконски од оние на САД, а администрацијата на Бајден врши притисок врз Тајван и Јужна Кореја да го следат примерот. Како одговор, Кина ги забрани чиповите произведени од САД.

Со тоа што американскиот производител на чипови Nvidia станува корпоративна суперсила – како резултат на зголемената побарувачка на нивните напредни чипови за работа на апликациите за вештачка интелигенција  – тие, исто така, веројатно ќе се соочат си нови ограничувања за продажба во Кина. Американските креатори на политики ставија до знаење дека имаат намера да ја држат Кина барем една генерација поназад во трката за надмоќ во вештачката интелигенција. Минатогодишниот акт за чипови и наука воведе големи стимулации за обновување на производството на чипови

Ризикот сега е дека Кина, во маки да го затвори технолошкиот јаз со Западот, ќе ја искористи нејзината доминантна улога во производство и рафинирање на ретки земјени метали – кои се круцијални за зелената транзиција – за да возврати на санкциите на САД и трговските ограничувања. Кина веќе го има зголемено нејзиниот извоз на електрични возила за скоро 700% од 2019 година и сега почнува да произведува комерцијални авиони за да им конкурира на Боинг и Ербас.

Така, додека Г7 можеби тргна да ја одврати Кина без ескалирање на Студена војна, перцепцијата во Пекинг посочува дека западните лидери не успеале да ја навигираат сложената ситуација. Сега е повеќе од јасно дека САД и поширокиот Запад се посветени на ограничување на подемот на Кина.

Секако, Кинезите би сакале да заборават дека денешните ескалации се должат подеднакво, ако не и повеќе на нивните сопствени агресивни политики колку што и на стратегијата на САД. Во неодамнешни интервјуа одбележувајќи го неговиот 100ти роденден, Хенри Кисинџер – архитектот на американското ,,отворање кон Кина” во 1972 – предупредува дека освен ако двете земји не најдат ново стратешко разбирање, ќе останат на пат кон судир.

Нуриел Рубини e почесен професор по економија на Стерн школата за бизнис на Универзитетот во Њујорк, главен економист во Atlas Capital Team, извршен директор на Roubini Macro Associates, ко-основач на TheBoomBust.com и автор. Тој е поранешен висок економист за меѓународни прашања во Советот на економски советници на Белата куќа за време на администрацијата на Клинтон и има работено за Меѓународниот монетарен фонд, Федералните резерви на САД и Светската банка. 

Превод: Наташа Цветковска

извор: Фронтлајн 


Текстот е преземен од Project Syndicate и објавен на FRONTLINE. Линк до оригиналот: America and China Are on a Collision Course. Понатамошно преземање не е дозволено без писмена дозвола од Редакцијата.
Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Милош Биковиќ и Христијан Мицкоски (фото извор: Инстаграм профил на Мицкоски)

    Мицкоски се пофали со Биковиќ – но тој не е само актер, туку дел од прирачникот за хибридно влијание на Кремљ

    240 shares
    Share 96 Tweet 60
  • Крвави лица на Мицкоски, Тошковски и Јанев на страницата „Убијците на Кочани“ – ВМРО-ДПМНЕ бара истрага

    184 shares
    Share 74 Tweet 46
  • По кратка постапка да се решат Ромите – од Вардариште во логорите на смртта!

    146 shares
    Share 58 Tweet 37
  • Руската разузнавачка служба ја обвини ЕУ дека финансира и подготвува „српски Мајдан“ на 1 ноември, на годишнината од падот на настрешницата во Нови Сад

    138 shares
    Share 55 Tweet 35
  • Проф. Андонов: Политикантските коментари на Мицкоски за наводни хибридни напади против неговата влада не се ништо освен пропаганда за негов спас на изборите

    130 shares
    Share 52 Tweet 33
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ