• Latest

Нови методи за подобрување на квалитетот на воздухот

April 24, 2018

Од бразилски ритми и електронски експерименти до француска џез-авангарда: Завршна вечер на 45. Скопски џез-фестивал

October 18, 2026

Во утринско обраќање во живо, Рама тврди дека е спречен напад со експлозивен дрон, најавува нови полициски интервенции и одбива оставка

October 18, 2026
Општина Брвеница

Брвеница избира градоначалник: Шест кандидати во трка за гласовите на 16.256 избирачи

October 18, 2026

Цвет од мигдал

October 18, 2026
Patxi Beltzaitz, Berria, CC BY-SA 4.0, via Wikimedia Commons

Генерацијата на гневот: Младите ја тресат Европа, полицијата возврати со бруталност и грубо кршење на човековите права

October 18, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Истрага како сирење

October 18, 2026
Полициска бруталност, Албанија, октомври 2026

Полициска бруталност во Албанија: Млади демонстранти тепани и приведувани, ЕУ бара истрага, ЦИВИЛ со директна порака до Еди Рама

October 17, 2026
Харкив, 17 октомври 2026 (ДСНС)

Домови, трговски центри и електрани во пламен – рускиот терор врз цивилите во Украина за време на „енергетското примирје“

October 17, 2026

Од македонската авангарда до африканската духовност: Три музички светови на третата вечер на Скопскиот џез-фестивал

October 17, 2026

Не е трула државата Данска, трули се каналите за информација: Кога веста ќе стане изговор за шамар

October 17, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Нови методи за подобрување на квалитетот на воздухот

April 24, 2018 17:08
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter
Загрижен граѓанин за квалитетот на воздухот во Македонија упати писмо, илустрирано со фотографии, за еден од причинителите за аерозагадувањето, односно палење на отворено и продукција на чад и прашина.

Во своето писмо до надлежните институции и преставниците на организациите што можат да преземат нешто за оваа прашање , вели дека никаде во светот не се врши палење на отворено и дека тоа е регулирано со закон.
„Ви го испраќам ова писмо со цел поттикнување и насочување на фокусот кон една појава за која многу малку се зборува во Македонија а тоа е “палењето на отворено и продукцијата на чад и прашина. Последните 10 години преку чести патувања низ македонските приградски населби и села ја забележувам и документирам со фотографии појавата на палење смет, земјоделски отпад и продукцијата на чад.
Брвеница, Тетово
Оваа појава е присутна речиси насекаде низ државата и скоро да нема град или подрачје каде не се случува оваа заостаната, примитивна пракса на луѓето поединци и земјодлеци, кои чистејќи ги нивите и своите дворови од гранки и смет, вршат палење при што директно и индиректно влијаат на квалитетот на воздухот во градовите. Вакви палења се најчести и најпристуни во западна Македонија како и во околината на Скопје каде секојдневно преку целата година “некој некаде пали”, а чадот може да се забележи и на поголема далечина.
Сметам дека крајно време е под итно да се почне со акција која ќе вклучува алармирање и опомена преку реклами, рекламни спотови, делење на флаери, излегување на терен со цел земјоделците и обичните граѓани да се запознаат со оваа појава и да им се укаже дека согласно законот во Македонија оваа активност е казнива и штетна за граѓаните и околината.
Водно, Скопје
Исто така, сметам дека е потребно да се направи итен состанок со останатите министерства како и МВР со цел да им се даде овластување и наредба да реагираат секаде каде што ќе забележат чад и палење. Дополнително да се определат места каде што овој органски земјоделски смет може привремено да се складира, истиот да се преработи во пилевина или едностано да се остави да се саморазгради како органски отпад.
Автопат Тетово-Скопје
 
Во однос на продукцијата на прашина, крајно време е на сите рудници кои се бават со површински ископ и сепарација на песок, да им се наложи веднаш да вложат средства за поставување на прскалки со вода со цел намалување на прашината која се разнесува до блиските села и градови.
 
Исто така задолжително мора да се смени начинот на зимското одржување на патиштата. Имено, фрлањето на песок е веќе застарена метода и истата предизвикува појава на прашина по топење на снегот. Во соседните држави веќе се пристапува кон аплицирање на варова вода или само сол, со цел намалување на појавата на прашина.
 
Никаде во нормални земји не се врши палење на отворено и секаде овие работи се уредени, поради тоа никаде не се шири смрдеа, прашина или чад“, стои во неговото обраќање.
Б.Ј.
Tags: апелвоздухзагадувањепалење
Share5TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ