Државната изборна комисија во новиот состав денеска ја одржа првата јавна седница на која се дискутираше по неколку точки, јавни набавки, буџетска програма, едукација на администрацијата.
Во пресрет на локалните избори 2021, ДИК во рамки на јавните набавки, а во делот на техничка опрема побарала дополнителни средства од Министерството за финансии од дополнителни 3 милиони денари. Овие средства би се намениле за набавка на опрема за евиденција и индетификација на гласачи и електронски списоци.
Се работи за измени во Изборниот законик на 16.02.2020, за потребите на предвремените парламентарни избори, но уредени со членови предвидени за следните избори, во овој случај локалните избори
„Во однос на законската обврска од членот 108-а од Изборниот законик, констатирам дека сретствата од 3 милиони денари не се доделени затоа што од Министерството за финансии добивме образложение и на крај од ова излгање би сакал да поднесеме повторно барање да ни се доделат тие сретства, бидејќи како што се вели во образложението – купувањето на опрема и машини се опфатени во трошоци за купување на техничка опрема за евиденција и индентификација на гласачите во износ од 300 милиони денари, всушност тоа се за Законот за изменување и дополнување на Изборниот закони од 16.02.2020, се предвидува воведување техничка опрема за евиденција и идентификација на гласачите како што е опишано во новиот член 108-а , како и воведување на електронски избирачки списоци како што е предвидено во новиот член 45, став 3. Притоа согласно членот 58 од Законот з изменување и дополнување на Изборниот законик обврската за имлементирање на законските измени за предвремени парламентарни избори кои се одржаа 2020 година ќе се применуваат доколку постојат технички услови и можност за спроведување од страна на ДИК , а нејзината целосна примена почнува за привте наредни избори, а тоа се локланите избори. Задолжително треба да се обезбедат овие средства, ако одбие Министерството за финансии ќе се обратиме до другите надлежни институции. Тоа народно кажано се однесува зџа фингерпринтењрот кој ќе ги олесни сите потешкотии во идентификација на гласачите. Со тоа ќе се скрати постапката и ќе бидеме сигурни дека се работи за тој гласач. Со тоа ќе се врати и довербата на гласачите во изборниот процес. Ова е една од неколкуте мерки што ДИК ќе ги преземе за враќање на довербата кај граѓаните“, изјави новиот претседател на ДИК, Александар Даштевски.
На седницата се дискутираше и за буџетската програма за 2021, како и за јавните набавки и едукација на изборната администрација. Членот на ДИк, Борис Кондарко потсети дека за локалните избори, за 36 000 лица што се во составот на изборните органи, надоместоци за трошоци сносат општините, односно Град Скопје, кои истот така овие средства би требало да ги имаат испланирано во своите буџетски програми.
На новинарско пршање за платеноот политичко рекламирање од ДИК рекоа дека се обезбедни 170 милиони денари за локалните избори, а по потреба ќе се бараат дополнителни средства. И покрај тоа што, како што изјави Даштевски, ДИК има обучен кадар, сепак предвидени се средства задополнителни обуки во сите сектори на ДИК, која ќе се спроведе во соработка со Министерството за информатичко општество и администрација.
Платеното политичко рекламирање е едно од спорните измени во Изборниот законик, но и обврски што и се наметнаа на ДИК. Една од главните забелешки беше плаќањето на медиумите за политичко рекламирање од буџетот на државата, односно од џебот на граѓаните. Втората забелешка дека ДИК не би требало да биде надлежна институција за распределбата и исплатата на средствата за медиумското рекламирање на учесниците во изборите. Уште една неправда, барем за учесниците во изборите, е распределбата на медиумскиот простор кој секогаш во најголем дел им припаќа на двете најголеми партии од власта и двете најголеми партии од опозицијата, што ги фрла во сенка помалите партии и нивните кандидати.
Претходниот претседател на ДИК, Оливер Деркоски, во последните денови на неговиот мандат, на панел дискусијата на ЦИВИЛ „Изборни реформи: Желбите наспроти реалноста“ потенцираше дека обезбедувањето на еднаков медиумски простор повторно ќе биде предизвик и ќе подлежи на предлог за нови измени во Изборниот законик. Дерковски предупреди дека новиот состав ќе се соочи и со едукација на изборната администрација, избирачките одбори…
Новиот состав на ДИК наиде на неодобрување на поголемиот дел од јавноста, пред се поради изборот на Александар Даштевски за претседател на Комисијата.
ЦИВИЛ излезе со соопштение и барање за поинаков избор на составот на КОмисијата.
„Без оглед на „аргументот“ дека е поранешен член на ДИК (2006 година), Даштевски е сѐ, само не релевантен и добар предлог за член, а уште помалку за претседател на ДИК. Имајќи предвид дека се започнати сериозни реформи во изборниот систем, а ДИК е една од клучните институции во тој процес, гласањето за Даштевски како претседател на ДИК не претставува ништо друго, туку сигнал дека реформските процеси се осудени на пропаст.
ЦИВИЛ јавно го изнесува ставот дека со избор на луѓе со профил како Даштевски ќе се зададе силен удар врз демократијата, а со тоа и врз процесот на изборните реформи и негативно ќе влијае врз легитимноста на изборните процеси“, се вели во соопштението.
Сепак, Собранието со двотретинско мнозинство го изгласа сегашниот состав на ДИК. Останува да се види што ќе направи Работната група за Измени на Изборниот законик, предводена од Министерството за правда и колку новитетите ќе вродат со плод.
Б. Ј.