• Latest

Новите премиери со нов позитивен импулс во решавањето на проблемите помеѓу Скопје и Софија

January 19, 2022

Гаши најави нов Изборен законик кој би се донел на консезуален начин

November 4, 2025

Судот во Бања Лука бара појаснување од ЦИК за статусот на Додик во неговата партија СНСД

November 4, 2025
Скриншот од Фејсбук видео на  Централната команда на САД

(ВИДЕО) Централна команда на САД: Оперативци на Хамас ограбуваат камион со помош – дел од хуманитарен конвој за Газа

November 4, 2025

Европската комисија во својот извештај посочи дека Северна Македонија изминатава година не презела „решителни чекори“ за напредок во преговорите за членство и се уште не ги усвоила уставните измени

November 4, 2025
Фотографија на која се тврди дека е прикажан руски објект кој гори преку ноќ на 4 ноември 2025 година по украинскиот напад со дронови,Фото:Exile Nova/Telegram

Експлозии во руски магацин за муниција, рафинерии и петрохемиски погон по напади со дронови; изгоре руски воен брод во Севастопол

November 4, 2025
Скриншот од видео на ABC News (Australia)

Скандал го тресе Израел: Главната адвокатка на војската уапсена поради протекување на видео за малтретирање на палестински притвореник

November 4, 2025
Скриншот од видео на Воздушните напаѓачки сили на Украина/Фејсбук

Руските сили убиваат невооружени цивили кои одат со бело знаме во регионот Харкив

November 4, 2025
Фото: Скриншот од видео на
CRUX

Резолуцијата на ОН за меѓународни стабилизациски сили за Газа би можела да биде готова за две недели, во меѓувреме, насилството во Газа продолжува

November 4, 2025
Ф-16. Фото: Скриншот

Романски и германски авиони реагираа на руски напади близу границата со Украина

November 4, 2025

Европа зборува, Северна Македонија стои

November 4, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Новите премиери со нов позитивен импулс во решавањето на проблемите помеѓу Скопје и Софија

January 19, 2022 16:16
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Се чини дека новите премиери во Бугарија и Северна Македонија конечно внесоа нов, позитивен импулс во решавањето на недоразбирањата меѓу двете држави, што беа причина за бугарското вето за отворање на пристапните преговори за членство на земјава во ЕУ.

По вчерашната посета на новиот бугарскиот премиер Кирил Петков во земјава, веднаш по инаугурацијата на неговиот македонски колега Димитар Ковачевски, се чини дека двете влади се на ист колосек кој води кон решавање на спорот . Вчера беше договорено Бугарија да го прифати краткото име на земјава, Северна Македонија, откако земјава испрати нота од ОН со која потврдува дека терминот Северна Македонија го означува географскиот простор на Република Северна Македонија и дека нема никакви територијални претензии кон ниту една држава,  со што се направи првиот заеднички чекор и се затвори едно од отворените прашања меѓу двете земји, кое беше дел од одговорите на 5+1 барањето на Бугарија. Двете влади направија значаен исчекор кон враќање на довербата меѓу двете држави што би требало да придонесе до кревање на бугарското вето и одблокирање на ЕУ интеграциите на земјава.. Двајцата премиери најавија формирање на повеќе работни групи кои ќе се фокусират на најзначајните прашања во моментов, почнувајќи од инфраструктура, економија, трговија, европски интеграции, образование и култура. Еднаш неделно ќе има средби барем на една од работните групи со цел остварување на побрз напредок и поголема соработка меѓу граѓаните, со што постигнатите резултати ќе бидат видливи почесто.  Ковачевски  Петков истакнаа дека приоритет му се дава на  добрососедството, преку зголемување на размената, а за таа цел се најави скорешно воспоставувањето на авио-линијата Софија-Скопје. Воспоставувањето на поблиска соработка меѓу двете соседни држави ќе даде еден позитивен стимул и дополнителни аргументи за да се направи финалниот исчекор за постигнување на договор меѓу двете земји и отворање на патот за отпочнување на преговорите за членство во Европската Унија на Северна Македонија.

Големи полемики предизвика подготвеноста на македонската страна за внесување на Бугарите во македонскиот Устав. Противниците на оваа идеја аргументираат со непостоење на македонското малцинство во бугарскиот устав, и дека во најмала рака би требало да се инсистира на реципроцитет.

Но, не е само македонското, Република Бугарија во својот Устав не признава ниту едно малцинство, бидејќи сите граѓани ги става како еднакви пред законот и не признава колективни права. Токму затоа дури и партиите кои ги претставуваат Турците кои живеат во Бугарија во своето име никаде не ги содржат поимите Турција, Турски или Турци. Поради тоа што во бугарскиот Устав не се признаваат малцинските и се гарантираат колективни права, ниту Македонците ни Турците не може да регистрираат  организации поврзани со нивниот етнички идентитет. Според официјалните податоци, во Бугарија, живеат околу 8,8 отсто Турци, а партијата на Турците во Бугарија, „Движење за права и слободи“ е регистрирана како независна јавна и политичка организација, основана со цел да придонесе за единство на сите бугарски државјани.

Уставот на Република Бугарија од 1991 година, ја дефинира државата како унитарна парламентарна република која гарантира еднаквост на сите нејзини граѓани. Според Уставот, секој граѓнин има право да се чувствува како што сака, но тој не гарантира и заштита на колективните и малцинските права.. Бугарија во Уставот воопшто не признава малцинства, исто како и Франција, што воопшто не зачудува бидејќи бугарскиот Устав се базира на Уставот на Франција од 1958 година, кој во својот прв Член истакнува дека гарантира еднаквост на сите граѓани пред законот, без разлика на нивното потекло, раса или религија. На овој начин, Република Бугарија ги третира граѓаните како индивидуи, не гледајќи ги нивните етничките, религиски или јазични различности. Ваквата практика, иако несвојствена за регионот, се обидува сите граѓани да ги третира еднакво, обидувајќи се да ја намали дискриминацијата. На тој начин, бугарската држава не може да води дискриминирачки политики кон одредени етнички заедници, бидејќи кон сите граѓани се однесува еднакво.

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    176 shares
    Share 70 Tweet 44
  • Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

    149 shares
    Share 60 Tweet 37
  • Нема втор круг! Изборите во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Центар Жупа пропаднаа – ќе се распишат нови!

    104 shares
    Share 42 Tweet 26
  • Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Деца и училишни ресурси како алатка за кампања во Пробиштип!

    140 shares
    Share 56 Tweet 35
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ