Регулаторната комисија за енергетика на денешната седница донесе одлука за поевтинување на бензините. Од полноќ бензините се намалуваат за еден денар, додека дизелот и Екстра лесното масло за домаќинство за 1,5 денари за литар .
Еуросупер БС-95 ќе се продава по цена од 95,5 денари за литар, Еуросупер БС-98 по цена од 98 денари за литар, додека новата цена на дизелот ќе биде 96 денари за литар. Екстра лесното масло за домаќинство од полноќ ќе се продава по цена од 94,5 денари за литар.
Според новата одлука на РКЕ се зголемува малопродажната цена на Мазутот за 0,374 ден/кг и ќе изнесува 52,840 ден/кг.