Судењето за незаконското следење на комуникациите „Таргет-Тврдина“ на СЈО продолжува денеска во Кривичниот суд.
Во предметот „Таргет-Тврдина” на претходното рочиште беа сослушувани сведоци. Во слуајот обвинети се поранешниот началник на Петтата управа во МВР Горан Грујевски, Никола Бошкоски, поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, поранешниот директорот на УБК Сашо Мијалков, Тони Јакимовски, Владимир Варелов од УБК и уште пет други лица.
Според обвинението биле следени на 20.000 граѓани во перидо од 2008 до 2015 година и над 4.000 телфонск иброеви без судски налог.












