Новогодишната честитка од ЦИВИЛ за 2025 година ја носи пораката: За демократија, солидарност и човекови права.
Избор на фотографија за честитката е протест во Тбилиси на 28 октомври годинава, по украдените избори со кои прорускиот грузиски режим се обидува да ја задржи власта по пат на брутална пресметка меѓу полицијата и демонстрантите. Фотографијата е од Јелгер Гроневелд CC BY 2.0.
На честитката е и кодот кој води кон специјалната веб страница на ЦИВИЛ посветена на меѓународната конференција за одбрана на демократијата и човековите права што се одржа на 11 и 12 декември во Скопје.
ЦИВИЛ и редакцијата при медиумската платформа при организацијата им посакуваат СРЕЌНИ ПРАЗНИЦИ на сите граѓанки и граѓани на земјата, регионот и светот: