• Latest
Ерол Ризаов

Новото нормално стана ненормално

March 12, 2025
Скриншот од видео на ВВС

Нова политичка реалност во САД: изборите во Њујорк покажуваат инклузивност и промена во политичката култура

November 5, 2025

ОД БЕЛЕЖНИКОТ НА НАБЉУДУВАЧОТ НА ЦИВИЛ (1): Виц што не е виц – дедо и внук во спротивни „изборни“ улоги

November 5, 2025
Скриншот од видео на Х

Хоџиќ: Мамдани победи во битката за Њујорк, но му даде надеж на светот!

November 5, 2025

Шефот на ОН предупредува дека силите за стабилизација во Газа мора да имаат меѓународен легитимитет

November 5, 2025
Скриншот од видео на
Baku TV | RU

Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

November 5, 2025

Ројтерс: Кина забранува странски чипови за вештачка интелигенција во центри за податоци финансирани од државата

November 5, 2025

До ДИК се поднесени 16 приговори за гласањето во вториот круг од локалните избори, рокот завршува во 16 и 30 часот

November 5, 2025

Координативното тело на Кодексот за однесува во онлајн просторот: 8 преставки за прекршувања на новинарски и политички етички стандарди во изборниот процес

November 5, 2025

Македонија меѓу амбицијата и застојот, Уставните измени – тест на зрелоста за европската иднина

November 5, 2025

Вонредна седница на белгискиот Совет за национална безбедност поради инцидентите со дроновите

November 5, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СТАВОВИ

Новото нормално стана ненормално

March 12, 2025 09:36
in ПОЛИТИКА, СТАВОВИ
Ерол Ризаов

Ерол Ризаов

Share on FacebookShare on Twitter

ЕРОЛ РИЗАОВ

Секој ден ги гледаме лошите и трагични последици од лажните ветувања на лажните патриоти. Илузијата на власта од „новото нормално“ стана неподносливо ненормално иако сѐ уште прилично немо и исплашено јавноста молчи за институционалниот хаос во државата.

Ветија повисоки демократски дострели, остварија неограничена моќ и уривање на уставниот поредок. Се заколнаа на Уставот, а го деградираа политичкиот и  економскиот систем гарантиран со Уставот. Суспендирана е парламентарната демократија и целосно е поништена поделбата на власта на извршна, законодавна, судска и на институцијата претседател на државата.
Со земјата владеат моќници и страховлада со воздигнување на култ на водач. Поранешните „понављачи“ и осуденици од институциите на системот направија партиски штабови. Ветија решителна борба против организираниот криминал и високата корупција, а остваруваат контрола на комплетниот правосуден систем за заштита на сопствениот криминал. Во тек е обнова на правната нееднаквост која ќе уследи со голема криза во правниот систем.

Тажен ден во Македонија

Упадот во правосудниот систем, невиден досега, на што сме сведоци деновиве со јавна демонстрација на неограничена моќ, од законодавниот дом направија партиски преки суд за арогантно противуставно инсталирање на селективна правда. Тажен беше вчерашниот ден во Македонија, 11.03.2025 година, да се гледа и слуша расправата во Собранието за измислена противуставна колективна интерпелација на членови на Судскиот совет.

Ветија траспарентност и достапност на јавноста до информациите и до вистината, а изградија најголема мрежа на организирани лаги, нечуени и невидени досега со популизам и со дезинформации, бетер од валканите предизборни кампањи.

Ветија економска стабилност и повисок стандард на граѓаните, а за само девет месеци остварија поголема сиромаштија, неконтролирано дивеење на цените и обезвреднување на платите, отпуштање од работа на работници, чистки во сите дејности и институции на системот со уште поголема партизација на партизираната држава.

Ветија спроведување на реформите, не спроведоа ниту една, а го избришаа и тоа што беше почнато, дури и тоа што беше доведено до точка од која нема враќање. Ветија дека членството во ЕУ останува главна стратегиска цел, остварија прекин на почнатите преговорите со ЕУ со самоблокада. Плачат дома и по светот за неправдите што ни се направени, а ја направија најголемата неправда на своите граѓани неостварувајќи ништо од ветените подобри договори со соседите. Од сите соседи кандидати за членство во ЕУ денес само Македонија не преговара.

Она што е најлошо, вината на Европа и на соседите ја оправдаа со своите погрешни антиевропски политики и со волонтерски геостратегиски одлуки давајќи им аргументи дека ветата и неправдите биле оправдани. За тоа ја обвинуваат опозицијата која со ништо не може да ги попречи одлуките што треба да ги донесат, бидејќи имаат апсолутно мнозинство во Собранието. На секоја и најдобронамерна критика завиваат медиумските тревоги на власта за општа опасност од домашни непријатели и предавници со што само докажуваат дека ако нема измислени непријатели ќе се види целата неспособност и недораснатост на власта да оствари барем едно ветување.

Најбедниот чин во новинарството  

Вратија многу амбасадори за да инсталираат партиска дипломатија, оправдувајќи ја со тоа изолацијата на Македонија и на сопствените грешки во односите со влијателни држави и државници. Човекот што нема ниту еден ден стаж во дипломатијата ги сослушува професионалните дипломати и ги казнува по наредба на партискиот водач.

Ветија намалување на задолженоста на државата, остварија најголемна задолженост како никогаш досега. Земаа стотици милиони унгарски кредит за коруптивни комунални избори одложувајќи ги преговорите со ЕУ.  Се накитија со туѓи пердуви довршувајќи инфраструктура градена со години.

Во речиси сите полиња  на општествениот живот фрапантни се разликите меѓу ветеното и реалното. Тоа вешто го постигнуваат со страотна пропаганда на прикривање на вистината со свртување на вниманието на јавноста кон теми кои удираат по емоциите на граѓаните, релативизирајќи ги суштинските државни интереси и приоритети. Се прогласува за вистина и тоа што не се случило, како што е лажниот амбиент дека пријателството и стратегиското партнерство со Америка ќе ги реши нашите проблеми, бидејќи претседателот на САД  Доналд Трамп ни станал голем пријател и дека поради тоа пријателство Македонија ќе стана најбогата држава на Балканот.

Таа лажна сметка без крчмар ја насочија кон критичарите на ваквите детски илузии дека станале антиамериканци, а до вчера беа американски шпиони и предавници.  Вистината е сосема обратна, се плукаше по Америка и по Европа, по која уште се плука, дека ништо не направиле за Македонија, дека со нивниот протекционизам никогаш нема да влеземе во ЕУ која само што не се распаднала, дека ги поддржуваат само Албанците и уште многу други критики кон американската политика на сите претходни претседатели вклучувајќи го и Доналд Трамп во неговиот прв мандат.

Многумина овде кои сега го величаат Трамп како божество во 2018 ги затвораа ушите и очите да не ги слушнат и да не ги видат неговите зборови напишани во пораката до тогашниот премиер Зоран Заев. Трамп тогаш му напиша на Заев дека „Преспанскиот договор е најисториско достигнување на Балканот од Дејтонскиот договор и сведочи за неговото храбро лидерство“. Трамп тогаш рече дека Заев и грчкиот премиер Алексис Ципрас обезбедиле постабилна и попросперитетна иднина, не само за двете земји, туку и за целиот регион и дека земјата сега ќе го заземе местото кое ѝ припаѓа во Северноатлантската алијанса како Република Северна Македонија.

„Се надевам дека Договорот од Преспа ќе послужи како инспирација за другите држави во регионот. Тој ја потенцира суштинската вистина дека со политичка храброст и способност за фокусирање на долгорочна корист наспроти краткорочни ризици, лидерите може да направат тешки компромиси кои се неопходни за да ги насочат своите земји на пат кон посветла иднина. Уште еднаш ви честитам за лидерството и посветеноста да го доведете овој процес до неговиот крај, од преговорите преку ратификацијата па сè до неговата целосна имплементација“, напиша Трамп.

Кога ќе се прочита оваа порака на Трамп до Заев за неговото лидерство и кога сега се слушаат изјавите за премиерот дека успеале да влезат во периметарот на американскиот претседател и први застанале во редот – да се крсти човек со две раце. Што би рекол знаменитиот професор Марјановиќ. Кој од сегашнава власт има „способност за фокусирање на долгорочна корист наспроти краткорочни ризици“ за да ја насочи земјата кон посветла иднина. Ни со борина да ги бараш нема такви луѓе.

Медиумите и социјалните мрежи, колумнисти партиски активисти, самонабедени аналитичари и експерти вината за вкупните состојби во земјата срамно ја насочуваат кон опозицијата која не може да ги блокира одлуките во Собранието и самоволието на власта, како што тоа го правеше сегашната власт кога беше во опозиција.

Да се удира по слаба опозиција затоа што мнозинската власт не ги спроведува своите предизборни ветувања, иако за тоа нема пречки во Собранието, е најбедниот чин во новинарството. По непишано правило кога опозицијата е арогантно и од позиција на сила надгласувана и напаѓана, кога партизираните  институции на системот не функционираат еднакво за сите граѓани,  медиумите, науката и јавните личности со храбри јавни настапи имаат клучна улога за ослободување од стравот на јавноста. Во Македонија таа работа оди бавно, но моќниците и злоупотребите на власта, неостварените ветувања ќе ги забрзаат тие процеси.


Текстот е личен став на Авторот. Преземено од Независен.
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    189 shares
    Share 76 Tweet 47
  • Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

    149 shares
    Share 60 Tweet 37
  • Нема втор круг! Изборите во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Центар Жупа пропаднаа – ќе се распишат нови!

    104 shares
    Share 42 Tweet 26
  • Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • „Метеж во Москва“ – Украина погоди критичен воен систем за гориво во близина на руската престолнина

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ