• Latest

Нуредини: Нема да дозволиме увоз на РДФ додека не се обезбедат услови за соодветна контрола

July 9, 2021
Британски Томахавк во лет. Повеќето Томахавки се поморско оружје, но постојат и опции за копно и за воздух. Фото: Кралска морнарица

Трамп „засега“ не размислува за трансфер на ракети Томахавк во Украина

November 3, 2025
Скриншот од видео на
ABC News (Australia)

Британец обвинет за масовниот напад со нож во воз во Англија

November 3, 2025
Илустрација ВИ

Одѕивот на локалните избори првпат не надминува 50 проценти, најнизок од независноста на земјата

November 3, 2025

Во вториот круг од локалните избори евидентирани се 19.287 неважечки гласачки ливчиња

November 3, 2025
Фото: Телеграм

Најмалку 15 цивили убиени, меѓу кои 11 и 14-годишно дете и уште 20 повредени во руските напади низ Украина во изминатиот ден

November 3, 2025
Скриншот од sec.mk

Избирачко место во Раовиќ без ниту еден глас – 214 запишани, нула излезност

November 3, 2025
Скриншот од видео на
LiveNOW from FOX

Израел потврди дека Хамас ги врати телата на тројца војници кои беа држени како заложници, осум тела на израелски и странски заложници сé уште се во Газа

November 3, 2025
Фото: Црвена полумесечина на Авганистан / Х

Најмалку 20 загинати во земјотресот со магнитуда од 6,3 степени што го погоди Авганистан

November 3, 2025

Локални избори 2025: Генерално мирен процес со сериозни системски и институционални слабости — прелиминарна оценка на ЦИВИЛ

November 3, 2025
Илустрација ВИ

По двата круга на локалните избори: ВМРО-ДПМНЕ има 54 градоначалници, ВРЕДИ 9, СДСМ 8, НАИ 5, а ЗНАМ, ДПТ и УР по 1, две општини ќе ги водат независни кандидати

November 3, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЗЕЛЕНИ

Нуредини: Нема да дозволиме увоз на РДФ додека не се обезбедат услови за соодветна контрола

July 9, 2021 11:55
in ВЕСТИ, ЗЕЛЕНИ
Share on FacebookShare on Twitter

Деновиве разговарав и имав средби со пратениците по што дојдовме до заклучок дека на комисиската расправа заедно со пратениците ќе направиме измена за забрана на увозот на РДФ, бидејќи постои сомнеж дека не сме подготвени за соодветна имплементација на предвидената регулација.

Ова во изјава го порача министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини пред почетокот на собраниската комисиска расправа на пакетот закони за управување со отпад.

Тој потсетува дека денеска на второ комисиско читање во Собранието конечно се најдоа шесте долго најавувани закони од областа на управувањето со отпадот.

-Овие закони со кои ги транспонираме европските стандарди во управувањето со отпадот воведуваат јасни и финансиски обврски за сите производители на отпадни производи, воведуваат циркуларна економија, селекција и рециклирање, предвидуваат современ и строг регионален систем за управување со отпадот со минимално количество на депониран отпад. Овој пакет закони беше изработуван со години со помош на национални и странски експерти, е јавно достапен од 2019 година и беше консултиран на многу средби, на три официјални јавни расправи со физичко присуство на претставници на локалната самоуправа, комуналните претпријатија, стопанската комора, невладиниот сектор и граѓаните, чии коментари и предлози беа разгледувани и прифаќани и се исто така јавно објавени. Овие закони се можеби едни од најдолго и широко консултираните со јавноста, а јас не пропуштав да ги презентирам во речиси сите мои јавни настапи и гостувања, вели Нуредини.

Сепак, додава, деновиве во јавноста стана актуелно едно конкретно прашање во однос на увозот на отпадот што ги загрижува граѓаните.

-Би сакал да напоменам, дека предложената одредба е комплетно хармонизирана со ЕУ законодавството и Базелската конвенција, по кои всушност и ние самите, на пример, ги извезовме количините на винил-хлорид во ОХИС, или ќе го извезуваме линданот кој ќе започне да се чисти од следната недела. РДФ-от кој е единствено дозволен за увоз за користење како алтернативно гориво, е неопасен нерециклирачки комунален отпад, за кој има пропишано стандарди и кој емитува значително помалку емисии на СО2 и има поеколошки животен циклус од користењето на девствени ресурси, односно најчестиот мазут или петролкокс за што е замена. Затоа, во согласност со регулативата на ЕУ и принципите на циркуларна економија беше предвидена можност и за негов увоз, пред ние самите да почнеме да го создаваме од нашиот отпад. Меѓутоа, јас ја разбирам загриженоста на граѓаните за недоволната контрола и немањето на капацитет за редовна и темелна инспекција, порачува Нуредини.

Се надевам, посочува, дека што поскоро ќе можеме да ги применуваме овие закони кои требаше да бидат усвоени уште минатата година и конечно ќе започнеме со решавање на горливиот проблем со отпадот во нашата земја на современ и европски начин.в

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

    148 shares
    Share 59 Tweet 37
  • Деца и училишни ресурси како алатка за кампања во Пробиштип!

    140 shares
    Share 56 Tweet 35
  • Лукоил ги продава своите филијали во странство по санкциите на САД, македонската подружница сé уште молчи за прашањата на ЦИВИЛ

    112 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изборите и коалицијата: ВЛЕН му го залула чунот на Мицкоски

    111 shares
    Share 44 Tweet 28
  • Нема втор круг! Изборите во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Центар Жупа пропаднаа – ќе се распишат нови!

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ