• Latest

Нуредини: Почист воздух со затворање на термоелектраните и промена на начинот на греење во домовите, потрошувачката на пластични кеси намалена до 10 пати

January 27, 2022

Данска планира да воведе минимална возраст за користење социјални мрежи

November 7, 2025
Кривичен суд - Скопје

Притвор за четири лица осомничени за поткуп во врска со ИПАРД програмата

November 7, 2025
Фридрих Мерц (фото извор: Wikimedia)

Мерц најави милијарди за фондот за тропските шуми на КОП30

November 7, 2025

Извештај за проширување: Што е следно за земјите кандидати за членство во ЕУ

November 7, 2025
Фото: Скриншот

Собранието констатира нови мандати за тројца пратеници

November 7, 2025
Zohran Mamdani
Source> Wikimedia commons

Мамдани со поддршка од двајца милијардери – наспроти десетици зад Куомо

November 7, 2025
Фото: wikimedia commons

Ништо од бизнисот: Ганвор Груп ја повлекува понудата за подружниците на Лукоил откако САД ја нарече компанијата „руска марионета“

November 7, 2025
Скриншот од видео на Canal 26

Кремљ ги вклучува окупираните делови од Украина во рускиот Јужен воен округ, во услови на обновен мобилизациски притисок

November 7, 2025
Скриншот од видео на ABC7

Стотици летови откажани во САД поради затворањето на владата

November 7, 2025
Скриншот од видео на ВВС

Акционерите на Тесла одобрија рекорден пакет плати од 1 трилион долари за Елон Маск

November 7, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЗЕЛЕНИ

Нуредини: Почист воздух со затворање на термоелектраните и промена на начинот на греење во домовите, потрошувачката на пластични кеси намалена до 10 пати

Конечно имаме проекти истовремено сме во процедура со ЕБОР. Минатата недела се сретнавме со директорот на ЕБОР, а следната недела ќе дојдат во земјава нивните експерти за животна средина и за отпад. Очекувам наскоро да биде одобрен заемот од ЕБОР за изградба на локални депонии

January 27, 2022 14:52
in ВЕСТИ, ЗЕЛЕНИ
Share on FacebookShare on Twitter

Затворање на термоелектраните на јаглен најдоцна до 2030 година и поголеми вложувања во обновливи извори на енергија со цел подобрување на амбиенталниот воздух најави денеска министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини.

Тоа, според него, заедно со промена на начинот на греење во домовите ќе придонесе за намалување на загадувањето на воздухот и подобрување на здравјето на граѓаните.

-Уште откако станав министер за животна средина зборуваме за менување на начинот на греење и производство на енергија во нашата држава. Сите сме свесни дека 65 отсто од енергијата се произведува од јаглен во РЕК  Битола и ТЕЦ Осломеј. Затоа целата наша Стратегија за енергетика е да го менуваме тоа и да инвестираме во обновливи извори на енергија. Тоа значи дека ги поддржуваме не само нашите инвестиции како ЕСМ во соларни панели во Осломеј и во Битола, туку и да ги затвориме РЕК Битола и ТЕЦ Осломеј најкасно до 2030 година, рече Нуредини на денешната средба со новинарите, пренесува информативната агенција МИА.

Идеја ни е, посочи, да имаме повеќе обновливи извори на енергија и да вложуваме во соларни панелÐ ¸ и ветерни електрани, а многу битно за државата и за независност во енергетиката е да се изгради и хидроелектраната Чебрен за да имаме стабилна мрежа.

Министерот Нуредини оцени дека има големо намалување на потрошувачката на кеси по воведувањето на забраната за користење на пластични кеси за носење стоки и дозволена употреба само на биоразградливи кеси за носење стоки со надоместок од 15 денари.

-Поминаа речиси два месеци од воведувањето на забраната. Во првиот месец – декември 2021 година од продажбата на биоразградливи кеси се собрани 14.413.019 денари. Според анализите кои ги започнавме да ги правиме  во соработка со маркетите може да се заклучи дека имаме големо намалување на потрошувачката на кеси, рече Нуредини на денешната средба со новинарите.

Нагласи дека во некои маркети кои порано бесплатно давале кеси има намалување и до 10 пати, а кај оние кај кои се плаќале по денари или два, продажбата на кеси е намалена четири пати.

-Потребно е време за навикнување и прилагодување, но сепак веќе има доста позитивни промени, а маркетите продале и голем број на торби за повеќекратна употреба. Следи  донесување на програма за инвестирање на средствата кои се добиени од продажбата на биоразградливите кеси, а целта е овозможување на системот за селекција на отпад да го осети секој граѓанин. Ќе дадеме почетен импулс на локалната самоуправа и колективните постапувачи кои имаат обврска со новите закони да воспостават инфраструктура за селекција на отпад за граѓаните, посебно во заштитените подрачја, рече Нуредини.

Најави дека ќе следат почести контроли во маркетите и додаде дека не е дозволена употреба на пластични кеси подебели од 15 микрони за носење стоки без разлика дали се со рачки или без рачки и додаде дека таквите кеси мора да се плаќаат по 15 денари. Кесите потенки од 15 микрони, посочи, се за хигиенска употреба и може да се користат за пакување месо за што маркетите плаќаат.

-Во контакт сме со Пазарниот инспекторат за да има построги контроли за имплементирање на законите. Контролите ќе ги започнеме во поголемите маркети, бидејќи тие се и најголеми потрошувачи на кеси. Еден голем маркет лани во ноември пред воведувањето на забраната бесплатно делел по 800 илјади кеси, а по воведувањето во декември продал 103 илјади. Друг голем маркет во кој се плаќале кесите месечно продавал по 709 илјади, а сега продава само 147 илјади кеси по 15 денари, рече министерот за животна средина и додаде дека во декември се собрани 240 илјади евра од продажбата на биоразградливи кеси.

Во контакт сме, посочи, со директорите на големите маркети и гледаме дека не се почитуваат мерките во целост, а и тие се свесни за тоа.

-Заедно со Инспекторатот ќе направиме поголеми контроли, но првите бројки укажуваат дека имаме намалување до 10 пати на употребата на кеси во маркетите. Нормално е да не очекуваме веднаш да се имплементираат мерките, бидејќи е потребна транзиција кај граѓаните и потрошувачите, но првите анализи велат дека се намалува употребата на пластика во нашата држава и тоа за тони пластика, потенцира Нуредини.

Како што истакна, тој и Министерството за животна средина имаат идеја собраните 240 илјади евра од продажба на биоразградливи кеси да се искористат за набавка на контејнери за селектирање на отпад, пред се на пластика и конзерви, за што бара поддршка од локалната самоуправа и колективните постапувачи за селекција на отпад

Министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини кажа дека очекува наскоро да биде одобрен заемот од ЕБОР за изградба на локални депонии во земјава.

-Изградбата на регионалните депонии е многу битна за нашата држава, бидејќи од прогласувањето на независноста до сега за жал не семе имале ни една инвестиција во регионален систем за отпад. Конечно имаме проекти истовремено сме во процедура со ЕБОР. Минатата недела се сретнавме со директорот на ЕБОР, а следната недела ќе дојдат во земјава нивните експерти за животна средина и за отпад. Мислам дека сме на крај тие да го одобрат заемот, рече Нуредини на денешната средба со новинарите.

Имаме одлука на Влада, прецизира, за заем од 55,3 милиони евра со кои ќе изградиме централни депонии за Пелагонискиот и Југозападниот регион во Новаци, за Југоисточниот и Вардарскиот регион во Василево и за Полошкиот регион во Русино.

-За нивна реализација неопходна е соработка од локалната самоуправа. Како Влада ќе поддржиме да имаме регионални претпријатија кои ќе ги менаџираат тие локации и ќе обезбедиме средства за инвестиции, но мора да соработува и локалната самоуправа со нас и да немаме опструкции, рече Нуредини.

Решение е, нагласи, ако сите заедно соработуваме и не е потребно постојано да имаме барања од општините да направиме нови депонии на нови локации. На тој начин само се губат по две три години на изработка на документи.

-Веќе имаме којзнае колку документи и анализи во државава, но ни една инфраструктура за собирање на отпад не е направена. Сега имаме средства од ЕБОР, а за Полошкиот регион и од швајцарската држава, како и ИПА проект за Североисточниот регион кој е речиси готов за да започнеме со рехабилитација на дивите депонии и да изградиме регионална депонија во Свети Николе, но треба претходно да реализираме уште некои барања и решенија од локалната самоуправа кои очекуваме да завршат, посочи Нуредини.

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    190 shares
    Share 76 Tweet 48
  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • „Метеж во Москва“ – Украина погоди критичен воен систем за гориво во близина на руската престолнина

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ