Извештајот на ЕК за напредокот на Северна Макеоднија дава реалистична слика за состојбата со македонската економија, нотирајќи умерен напредок. Исто така, се фокусира и врз импактот од КОВИД-19 кризата врз економијата, наведува Фајнанс тинк во коментар на економскиот дел од Извештајот.
Ние сме подготвени да се донесе законот за климатска акција, но нашата идеја е сите институции во земјава да бидат влучени во неговото финализирање, со цел потоа истите да бидат подготвени за негова имплементација, истакна денеска министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини, коментирајќи го делот од Извештајот на Европската комисија за напредокот на земјава во однос на климатските промени.
Тој посочи дека не е суштината само да да се донесе одреден закон, туку е клучно тој да биде спроведен.
– Не станува збор за тоа дека не сме подготвени, но мене ми е важно како министер сите институции да го имплементираат тој закон, не само да носиме закони бидејќи ЕУ тоа го бара. Ние работиме за нашата држава и тоа е најважно, затоа треба да бидеме подготвени, потенцираше Нуредини.
Министерот додаде дека очекува до крајот на годината законот за климатска акција да биде доставен во Влада, а за најкраток можен рок и во Собрание