Жител на светиниколското село Каратманово пред два дена сакал да го нападне градоначалникот на општина Лозово, Ацо Велковски, соопшти МВР.
„На 02.10.2021 околу 17.20 часот во ОВР Свети Николе А.В., градоначалник на општина Лозово, пријавил кривично дело „загрозување на сигурноста” во с.Каратманово, светниколско, од страна на С.С.(47) од ова село, кој во с.Каратманово тргнал кон него со метален предмет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, се вели во полицискиот билтен.