Набљудувачите на ЦИВИЛ цел ден пријавуаат случаи на кршење на изборниот молк.
Според информациите од набљудувачите во ресенскикот регион, активисти на политичка партија вршеле поткуп на гласачи за 4.500 денари.
Случајот бил пријавен во полиција од две лица за кои постоел обид за поткуп. Полицијата ги привела осомничените и им била одредена прекршочна пријава, по што биле пуштени.
Набљудувачите на ЦИВИЛ остануваат на теренот и будно ги следат состојбите.
Б.Ј.