Бангладешанецот Акајед Улах, кој се обиде да изврши бомбашки напад во Њујорк вчера (11 декември), за време на сослушувањeто изјавил дека мотив за неговиот чин бил гневот поради акциите на Израел во Поjасот Газа.
Според извори од истрагата, 27-годишниот Улах изјавил дека е гневен поради израелското „навлегување во Појасот Газа“, без да прецизiра на што конкретно мисли.
Претходно, некои американски медиуми јавија дека Улах наводно рекол оти мотив за неговиот обид за напад бил „одмазда на САД за нападите во неговата татковина, Бангладеш“.
Исламистички сајтови, пак, објавија дека обидот за напад бил одговор на одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп за признавање на Ерусалим за главен град на Израел.
Улах денеска се обиде да активира бомба во една од најпрометните сообраќајници на њујоршкото метро. Тој носел две експлозивни направи, при што едната од бомбите делумно експлодирала уште пред да ја постави, нанесувајќи му повреди.
Полициски тимови успеале да ја отстранат другата експлозивна направа, по што му била укажана лекарска помош.
Улах е единствениот повреден во експлозијата на бомбата, а уште три до четири лица побарале лекарска помош од повреди што ги здобиле при општата паника која настанала во подземниот тунел меѓу метро станиците Тајмс Сквер и Порт Ауторити.
Како што претходно јави МиА, инцидентот се случи во 7:30 часот по локално време (13:30 часот по средноевропско време) во екот на утринскиот сообраќаен метеж.
извор: МИА
Содржините кои ЦИВИЛ ги презема од други извори не подлежат на лиценцата Creative Commons 1.0, инаку вообичаена за содржините кои ги објавува оваа медиумска платформа. Ве молиме, консултирајте се со изворот за преземање на таквите содржини.