• Latest
Круг на фабрика Треска (фото: Општина Центар)

Објавен е Конкурсот за изработка на идејно архитектонско-урбанистичко решение за локалитетот фабрика Треска

June 24, 2021

АВМУ: Уште две прекршочни постапки за непочитување на изборниот молк

October 20, 2025
Илустрација ВИ

Локалните избори огледало на централната власт: Трендови од 2017 до 2025 година

October 20, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Зеленски подготвен за разговор со Трамп и Путин по „отворениот“ состанок во Белата куќа, каде Трамп го повика да ги прифати условите, или Москва може да ја „уништи“ Украина

October 20, 2025
Илустрација: ВИ

Висок тренд на неважечки гласачки ливчиња – пораст во однос на претходните изборни циклуси!

October 20, 2025

Повеќе од 53 илјади гласачки ливчиња – неважечки!

October 20, 2025
Скриншот од видео на WION

Венс за Томахавките за Украина: Трамп го слушна ова барање и сè уште одлучува

October 20, 2025

Првични неофицијални податоци на ДИК: ВМРО-ДПМНЕ за советнички листи освои околу 302.000 гласа, СДСМ 126.000, НАИ 114.000, ВРЕДИ 91.000, ЛЕВИЦА 57.000 и ЗНАМ 38.000

October 20, 2025
Креирано со помош на ВИ

Само една жена избрана за градоначалничка во првиот круг, уште три ќе се борат во вториот

October 20, 2025
Скриншот од видео на Times News

Центристот Родриго Паз победи на претседателските избори во Боливија, со што заврши речиси 20 годишното левичарско владеење

October 20, 2025
Фото: МИА Архива

Политико: Новите членки на ЕУ би можеле да се приклучат без право на вето

October 20, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Објавен е Конкурсот за изработка на идејно архитектонско-урбанистичко решение за локалитетот фабрика Треска

June 24, 2021 12:59
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Круг на фабрика Треска (фото: Општина Центар)

Круг на фабрика Треска (фото: Општина Центар)

Share on FacebookShare on Twitter

Конкурсот за изработка на идејно архитектонско-урбанистичко решение за локалитетот фабрика Треска од денес е објавен на Електронскиот систем за јавни набавки и на официјалната веб-страница на Општина Центар.

Од општина Центар велат дека програмската задача што е креирана од стручната Комисија ангажирана за изготвување на задачата, има цел да обезбеди комбинирани содржини, односно станбен и деловен фонд во рамнотежа со јавниот простор, како и нови содржини за изградба на нова детска градинка, придружни комерцијални и јавни содржини во функција на домувањето, содржини од областа на културата, зачувување на просторните маркери од локалитетот, зеленило со еколошка функција и одржливост во планирањето на сообраќајот.

„Идејата за конкурсот произлезе од граѓанската иницијатива доставена во месец јануари 2020 година, а беше позитивно прифатена од Советот на Општина Центар и од мене како градоначалник. Во Европа вообичаена пракса е просторното уредување на поранешните индустриски зони да се проектирааат врз основа на јавен конкурс и затоа ние како локална самоуправа сметавме дека конкурсот е правилен начин за урбанистичко планирање што ќе биде во корист на јавниот интерес“, изјави градоначалникот Саша Богдановиќ.

Во споредба со актуелниот план, посочуваат во известувањето од Општина Центар, придобивките што се очекуваат од Конкурсот за изработка на идејно архитектонско-урбанистичко решение за локалитетот фабрика Треска се зголемување на површината за јавни функции до 47% (проценти), локација за нова детска градинка со капацитет за 250 деца, детски и спортски игралишта и зачувување на зелениот фонд, согласно новиот Правилник за урбанистичко планирање. Споредбено со важечкиот план, станбените и деловните згради ќе имаат поквалитетно просторно решение што на самите инвеститорите ќе им се овозможат нови поволности за добивање поквалитетни решенија за станбени заедници и паркинг-простор.

За потребите на конкурсот Општина Центар обезбеди ажурирана подлога, геодетска снимка на постоечките дрвја, односно 95 дрва се геореференцирани, нумерирани и фото-документирани. Дополнително е направена анализа на сопственоста на земјиштето и објектите, спроведени се нумерички анализи и анализи на планските документации, како и други достапни податоци што ќе им овозможат на учесниците да се фокусираат на аналитичкиот и креативниот аспект на решението.

Право на учество на конкурсот ќе имаат домашни и странски физички и правни лица, со услов едно лице да има валидно овластвување од областа на урбанистичкото планирање. Согласно големината на конкурсната задача, заинтересираните кандидати ќе може да аплицираат во периодот од 24 јуни до 1 септември 2021 година. По завршување на конкурсот и фазата на оценување на испратените трудови, најдобрите тројца кандидати ќе бидат наградени со паричен фонд, а трудовите ќе бидат изложени на архитектонска изложба за јавноста.

Целосната документација ќе биде достапна на Електронскиот систем за јавни набавки и на официјалната веб-страница на Општината, www.centar.gov.mk

 

 

 

 

 

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • EУ испрати порака, Мицкоски молчи – Андонов со жестока критика

    177 shares
    Share 71 Tweet 44
  • Случајот со Тричковски повторно ја исфрли на површина селективноста на властите

    163 shares
    Share 65 Tweet 41
  • Моќната ракета Томахавк ги собори Садам и Гадафи, може да го собори и Путин

    122 shares
    Share 49 Tweet 31
  • Ел Чека фрли „предизборна бомба“: Објавени снимки со компромитирачка содржина за кичевскиот градоначалник Фатмир Дехари

    118 shares
    Share 47 Tweet 30
  • Фотографии од Бранко Црвенковски со членови на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ ја вжештија политичката клима пред избори

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ