Сакам јасно да ја пренесам пораката на мојата земја: непредизвиканата агресијата на Руската Федерација врз Украина претставува флагрантно кршење на Повелбата на Обединетите нации, како и на нормите и принципите на меѓународното право, рече во своето обраќање премиерот Димитар Ковачевски на 77-то Генерално Собрание на ООН.
„Таа не може да се оправда, ниту да се релативизира. Руската Федерација мора веднаш да ја прекине агресијата и да ги повлече своите трупи од Украина. Историјата ни потврдува дека ниту еден проблем не може да се реши по насилен пат. Прекинувањето на агресијата е неопходниот предуслов да се отвори единствениот можен пат до решението. Тоа е патот дипломатијата и дијалогот, којшто може и мора да биде единствениот механизам за разрешувањата на споровите и предизвиците меѓу државите.“ рече премиерот Ковачевски.