• Latest

Образ ова ни е!

June 28, 2018

Изборна хроника: Експерименти, вилаети, Халкидики, Дубаи и Холандски парк меѓу ветувањата за инклузивност, градинки и противпожарни станици

October 7, 2025
Снимка од украински војници како држат знаме во Сичњеве, Днипропетровската област, Украина. Снимки објавени на 7 октомври 2025 година. Фото: 141-ва механизирана бригада/Телеграм

„Ја ослободуваме нашата земја, чекор по чекор“ – Украина известува за успешен контранапад во Днипропетровскaта област

October 7, 2025
Фото: Министерство за финансии

Две лица лишени од слобода под сомненија за нехуман третман по претресите во домови за стари лица во Скопје

October 7, 2025
Фото: Скриншот од видео на TalkTV

Заменик-лидерот на британската Зелена партија ги брани своите коментари за рабинот од Лидс кого го нарече „животно“

October 7, 2025
Фото: Скриншот од видео на ТВ21/Фејсбук

ЈО: Првичните индиции не упатуваат на политички мотиви зад оружениот инцидент во Куманово

October 7, 2025
Фото: Фејсбук

Над 200 руски војници осудени за воени злосторства во Украина

October 7, 2025
Фото: Скриншот од видео на
WION

Генерал именуван за премиер на Мадагаскар за да ги смири протестите, Генерацијата Z не го прифаќа

October 7, 2025

Во Куманово пукано во Зекирија Шахини, носител на листата на НАИ во Липково

October 7, 2025
Фото:Wikimedia Commons

Поранешниот премиер Едуар Филип: Макрон треба да свика предвремени претседателски избори

October 7, 2025
Фото: Скриншот од видео на
Al Jazeera English

Водачoт на суданската милиција, Али Кушајб осуден за воени злосторства за време на војната во Дарфур

October 7, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Образ ова ни е!

June 28, 2018 08:49
in СЛОБОДНА ЗОНА
Share on FacebookShare on Twitter

Доколку се разложи зборот ОБРАЗОВАНИЕ
како што е насловот на ова четиво,
се добива епитет на човек кому образот
би требало да му е чист.

 Таа 1991 година војната во Југославија се ширеше како канцер, всушност таа и беше канцер. Сите бевме исплашени. Мајка ми работеше во полиција. По цели денови ги држеа на работа. Само на кратко доаѓаше дома, да јаде, да ѕирне како сме, и веднаш назад на работа – да ја следат ситуацијата. Пред заминување загрижено ќе речеше: „Работата е алармантна, ве моли мајка да не правите глупости, ова особено на тебе се однесува!“, посочувајќи кон мене.

пишува: Војо Цветановски

На крајот на петто одделение на летниот распуст татко ми, ми дозволи да ставам обетка на увото. Никогаш не сум имал навика да ја следам глобалната мода, но во таа ’91ва обетки на ушите кај момчињата стануваше голема мода. Гоксо, Денис, Марко и јас од нашето маало бевме момчињата со обетки на ушите. Марко дури фати и девојка заради обетката, на крукчето на кое се собиравме сите. Беше тоа едно од оние незаборавни лета, кога крвта почнува да врие, кога само заради еден случаен поглед не спиеш со ноќи.

Септември ни го уби сонот. Моравме назад на училиште. Овој пат во шесто. На првиот час по математика наставничката ја забележа обетката на моето уво.

„Цветановски, излегувај на табла!“, се развика. Излегов. Таа стана и дојде до мене. Се загледа во обетката. Ме фати за уво, ме потегна нагоре и гласно праша: „Што е ова? Одговарај што е ова?“ и пред било што да одговорам уште погласно поентираше. „Да одиш кај класната, одма!“.

Сите молчеа, цело одделение, како да сме колективно виновни за обетката на моето уво. Искрен да бидам не ги разбирав заканите кон мене.

Појдов кај класната. Се пријавив. Кога таа разбра зошто сум испратен кај неа среде час пред очите на други триесетина деца од VI – А одделение од мене, буквално без ништо да изусти, го искрши дрвениот линијар со кој се црта на табла, во знак на казна за тоа што сум имал обетка на увото. Буквално ме помодре. Од ударите кои ми ги задаваше без да престане паднав под таблата, речиси во бессознание. Стоеше над мене, како во магла ја гледав, зборовите кои ги врескаше одѕвонуваа во моите уши, како некакво ехо, ми создаваа голема бука.

„Ти ќе ми носиш мене менѓуши у школо“, рече.  „Татко ти одма да дојде, уште денес!“, ме дигна за увото од земја и ме исфрли пред училницата. Лежев на подот. До мене пријде хигиеничарката која се наоѓаше на катот во тој момент. Ме крена, ме однесе во тоалетот, ме изми и ми рече веднаш да си одам дома. Ја послушав. Не се вратив на часот по математика. Веднаш појдов дома. Татко ми беше дома. Кога ме виде целиот модар, прво помисли дека сме се испотепале во училиште на големиот одмор. Веднаш му ја раскажав целата случка. Татко ми збесна. Се облече, ме фати за рака и со многу брз чекор се вративме на училиште. Стигнавме. Бев преплашен…

Се качивме на вториот кат каде што беше канцеларијата за наставници. Без да тропне влезе внатре, го повика мојот класен раководител да излезе надвор. Класната излезе. Застанавме крај прозорецот во ходникот кој гледаше кон училишниот двор.

„Баш сакав да ве видам…“, почна класната со пријатен тон. Тоа беше истата онаа која крвнички маваше по мене пред само половина саат.
„Слушни ме сега убаво“, веднаш пресече татко ми не дозволувајќи било што понатаму да изусти ниската наставничка по историја. „Детево дома од училиште ми се врати модро и искрвавено, ми рече дека ти си го истепала. Вистина ли е тоа?“
„Видете господине…“, почна да и’ станува непријатно на класната.
„Нешто те прашав“, татко ми овој пат го повиши тонот.
„Вистина е“, одговори класната.
„Вака сега, детево го испраќам тука за да учи, а не да ми се враќа помодрено дома и тоа токму од оној кому му го доверувам безрезервно…“

Додека татко ми урлаше на класната јас се исклучив, не можев да слушам, бев преплашен, се завртев на другата страна и видов како скришум од наставничката канцеларија излегува наставничката по математика, онаа што го пријави случајот, беше со наведната глава и брзо се спушти по скалите, буквално бегаше. Сакав да му кажам на татко ми и за неа, и пред да изустам тој завршуваше со говорот.

„Никогаш, ама никогаш веќе да не ти се случи да дигнеш рака на моето дете. Јасно ли е?!“
„Јасно е“, одговори класната, ја наведна главата и замина, назад во канцеларијата за наставници.

Си заминавме. По пат до дома не изустивме ништо.

По тоа веќе ништо не беше исто за мене на училиште.

Во меѓувреме, до крајот на училишната година наставничката по математика речиси секој трет час ми редеше единици во графата за оценки, буквално за се’. Еднаш тоа беше затоа што побарав да одам до тоалет, друг пат зошто сум пишувал со ненаострен молив, трет пат затоа што сум му скинал лист од средина на Жаре и му помогнав да работи на часот, кој ја имаше заборавено тетратката дома, четврти пат затоа што сум пишувал со дебеломинец, а не со тенкоминец, петти пат затоа што не сум ја избришал таблата иако не бев дежурен и итн. Буквално за се’ бев виновен.

Сето тоа ми стануваше многу симптоматично, дури и почна да ме фрустира. Престанав да сакам да одам на училиште. Чашата се прелеа во моментот кога ме стана да одговарам на табла. Се што ќе прашаше знаев. Тоа ја вадеше од кожа и како за инает почна да ми поставува прашања од квантна физика само за да ме исмејува пред целото одделение.
И, навистина не знаев, а и не разбирав што ме прашува. Беше презадоволна.
„Да дојде мајка ти утре“, рече.
„Нема да може да дојде мајка ми наставничке“, одговорив. „На работа е“.
„Аууу што работи мајка ти бе, па што не може да дојде, да не се малтерисува со колегите?“

Ја плукнав директно во лице. Потоа тргнав кон неа. Искрен да бидам не знам што ќе се случеше ако стигнев до неа. Отсуството на мајка ми од нашиот дом и стравот дека веќе никогаш нема да се врати од работа живееше со мене секој ден, а оваа жена, овој изговор од просветен работник, уште и ја навреди. Одеднаш се најдов легнат на подот. Жаре беше врз мене. Ми ги држеше рацете залепени за подот.

„Што направи бе будало една. Што направи?“, ми врескаше со треперлив глас во увото, а и солзи му течеа од очите. Наставничката по математика побегна од училницата. Понатаму не се сеќавам ништо.

По овој настан прашање на време беше кога ќе ме повикаат да си ја земам исписницата од училиште. Но до крајот на годината тоа не се случи, сите се однесувавме како ништо да не се случило. Таа продолжи да реди единици во мојата графа, за глупости. Не знам, веројатно сакаше да испровоцира уште еден инцидент. Останав сталожен до крајот на годината, ја премолчував неправдата која ми се нанесуваше, како да ја одобрувам.

Никогаш не дознав дали е по иницијатива на мојата класна да бидам избркан од училиште, заради она срамотењето кое татко ми и го приреди среде ходник она пладне кога ме помодре од мавање, па наставничката по математика ја превзема улогата да биде онаа која тоа ќе го стори наместо неа, таа да измисли причина, само за да не биде класната директно инволвирана во мојот случај.

На крајот како образложение да си заминам од таму беа сите оние единици во графата по математика. Кога дојде мајка ми во училиште класната рече: „Или ќе си оди одовде и ќе добие прелазна по математика или ќе треба да го повторува одделението. Одлучете сами. Ние сме спремни на се’“.

На 1 септември 1993 седнав на претпослeднaта клупа во редот од кај вратата во VII – 4, во ОУ Едвард Кардељ.

Се’ беше ново за мене. Малку бев и исплашен…

Print Friendly, PDF & Email
Tags: воспитувањеобразобразование
Share118Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Крвава кампања во Виница: Кандидат за советник брутално претепан за да се откаже од листата на ВМРО-ДПМНЕ

    153 shares
    Share 61 Tweet 38
  • Говор на омраза и сексизам кон кандидатка за советничка на ВМРО-ДПМНЕ, ЦИВИЛ со осуда

    146 shares
    Share 58 Tweet 37
  • (ВИДЕО) Еди Рама пред Макрон и Алиев му се потсмева на Трамп: Треба да ни честитате, тој го заврши конфликтот меѓу нас

    109 shares
    Share 44 Tweet 27
  • Украински дронови нападнаа повеќе воени и индустриски објекти низ Русија далеку од фронтот, експлозии во една од најголемите фабрики за експлозиви

    90 shares
    Share 36 Tweet 23
  • Украински дронови го погодија најголемиот нафтен терминал во окупираниот Крим, предизвикувајќи огромен пожар

    90 shares
    Share 36 Tweet 23
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ