• Latest

Обврската за уставни измени нема да исчезне, ќе мора да ја реализираме, вели Маричиќ

April 12, 2023
Фатмир Битиќи (фото: А. Мехмети / ЦИВИЛ)

Трибините – огледало на политиката

August 5, 2025

Трагична тепачка ноќеска во Психијатриската болница Бардовци – осуден убиец усмрти друго лице

August 5, 2025

Партијата на Додик ја отфрла пресудата на Судот на Босна и Херцеговина, повикува на „влада на национално единство“

August 5, 2025
Богојески „му држи грб“ на Мицкоски додека го осудува националистичко скандирање на дел од навивачите во Куманово

Богојески го оправдува националистичкото скандирање во Куманово: Mакедонските навивачи стануваат жртва на лов на вештерки, само затоа што имаат љубов кон Македонија!

August 5, 2025
Фото: Креирано со помош на ВИ

Мицкоски од дрвото не може да ја види шумата

August 5, 2025
Фото: ВИ

РЕАКЦИИ: Спортот заложник на национализмот

August 5, 2025
Фото: Фејсбук на Стојанче Ангелов

ДЗС: Почна обуката на 400 кандидати кои се јавија на владиниот јавен повик за превенција од пожари

August 5, 2025
Фото: МИА архива

Холандија ќе испорача оружје во вредност од 500 милиони евра на Кијив, вклучувајќи и ракети „Патриот“

August 5, 2025
Фото: Фејсбук

Сиљановска-Давкова за натпреварот во Куманово: Недоветни навивачи пукаа со куршуми на омраза на нашите сограѓани Албанци, ама нè погодија сите, па и себеси

August 5, 2025

Хрватска денеска ја одбележува 30-годишнината од операцијата „Бура“(Олуја) со централен настан во Книн

August 5, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Обврската за уставни измени нема да исчезне, ќе мора да ја реализираме, вели Маричиќ

April 12, 2023 22:09
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Работната група за уставните измени ќе се состане по празниците и ќе ги формулира предлозите, по што за нив ќе се отвори јавна дискусија, најави вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ, пренесува СП.

Jа користиме комплетната временска рамка што ја имаме и поаѓаме од една претпоставка дека сите ќе се постават одговорно и на ниво на задачата и државнички во овој процес. Министерството за правда ги покани и партиите и експертите да номинираат свои претставници. Најголем дел го сторија тоа. Веднаш по празниците ќе има состаноци и формулација на предлозите за уставни измени. По таа формулација очекуваме да има и јавна дискусија и потоа да се влезе во Собранието – рече Маричиќ во гостување на ТВ24.

Тој претпоставува дека впечатокот на јавноста оти процесот се „тера на мускули“ произлегува од тоа што јавноста се надевала оти оваа обврска ќе исчезне или ќе се реализира подоцна. Но, додава дека „ние не сакаме да губиме време, веќе сме ги почнале преговорите, скринингот тече.“

Досегашното искуство ни вели дека вакви обврски низ годините, низ времето, ако ги оставаме стануваат потешки, не полесни. Притоа мора да имаме предвид дека оваа година е клучна за решавање на одредено прашања во регионот. Има притисок и за решавање на проблемот со Косово и состојбата во Црна Гора. Следната година е изборна и во ЕУ и ќе им треба шест месеци за распоредување на новите европски институции – објасни тој.

Според него, односот на ЕУ кон Украина исто така создава чувство на итност дека треба да се решат овие прашања побргу.

Затоа во работната група треба да се разговара како рационално и најразумно да ги предложиме уставните измени за којшто можеме да добиеме пакет од 80 пратеници – вели Маричиќ.

На прашањето дали е тоа сега возможно, вицеппремиерот вели дека доколку се држиме фокусирани на обврските од преговарачката рамка и од францускиот предлог мисли дека е можно, иако политичките партии најавија дека ќе се отвораат и други прашања. Тој додада дека партиите имаат право да отворат прашања, кога се отвара крупа работа како Уставот.

Но сметам дека најдобро би било ако тие прашања ги оставиме да ги решаваме во некоја подоцнежна фаза, а сега се фокусираме како да добиеме 80 пратеници за додавање во Преамбулата на делови од цногорскиот, хрватскиот и бугарскиот народ – рече Маричиќ и додаде дека со додавање на други заедници во Уставот нема да се наруши унитарноста на Македонија како држава.

Вицепремиерот исто така, изрази жалење што ВМРО-ДПМНЕ ја пропушта можноста да учествува во ваков клучен процес, како што го пропуштија влезот во НАТО. Притоа потсети дека ако не поминат уставните измени во Собранието ќе имаме блокада на преговорите кои се де факто и де јуре започнати.

Print Friendly, PDF & Email
Tags: Маричиќуставни измени
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • „Гасни комори“ за Албанците: Ова е „гордата Македонија“ на Мицкоски

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • (ВИДЕО) Скандалозно националистичко скандирање и говор на омраза на натпреварот во Куманово во присуство на Мицкоски, Toшковски, Димитриески

    95 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Oбид за убиство и насилство во Струга, со „БМВ Х6“ му го пресекол патот и со нож го прободeл во вратот, стомакот и надлактицата

    95 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Збрка и будалаштина

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • УЈП привремено затвори пет субјекти во државата, за други пет даночни обврзници привремена забрана за вршење дејност

    89 shares
    Share 36 Tweet 22

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ